Ако успееш некаде да најдиш да ти ги ископираат формите на голем лист и потоа на стиропор да сечиш според нив. Јас така направив и супер си беше. Распрашај се околу стиропорот,има еден ич не е убав за сечење, треба да биде пресован за да може да го обликуваш,а потребна е и жица затоплена доколку имаш заобиколено делово. Не е едноставен за работа,види и на јутубе видеа
Еве што успеав да направам. Најдов и блиска личност што има машинка за сечење да ги завршам другите форми ќе ги дадам да ми ги исече. До сега едноставно е. Печатам се на лист, и така прецртувам и бојам на стиропорот. Ќе печатам сега на голем формат името и мече со табла, така ќе ги правам како што пиша ти. До сега задоволна сум како излезе ова
Супер испаднало, ама јас те сфатив дека сакаш од стиропорот букви,фигури да правиш т.е да го сечиш. Супер чим имаш најдено машина,олеснителна околност е, јас се рачно правев па мачно ми се виде, а да напоменам дека првиот пат и стиропорот не го погодив.
Па да, ќе го сечам. Ова се буквите за на позадината, ќе правам и големи за на земја. Иначе да кажам може на некој ќе му се најде информацијата, со акрил многу лесно се бои
Здраво мајки, Може ли да ми препорачате некој за украсување на прв роденден и крштевка? Освен nolinaevents и Divine кој ги чекам еве една недела да ми одговорат...
https://mystoremkshop.com/product/пастелни-латекс-балони-сет-од-100/ Кај веро тафталиџе се наоѓале. Мислам дека ќе ти завршат работа. https://www.bubamaraigracki.mk/pastelni-lateks-baloni-set-od-100
Искрено делиција мене не ми се свиѓаат за вкус. Прелесни се, како крем торти, бар тие што сум ги пробала. ,а декорација неможам да кажам зошто имам нарачувано од нив само со принт торти. Јас сега последно многу се изненадив од Ла креме. Поефтина понуда ми дадоа од Делиција, имаат бесплатна достава, а вкусот што го нарачав (фереро мислам се викаше), сите беа воодушевени. Нив ги избегнува зошто пред многу години ми утнаа вкус на торта кога бев старосватица (не ме ни прашаа, и тортата не беше убава, а декоарција врв). Сега не се покаав што им дадов втора шанса. Биди ги и нив може ќе ти фатат око.
Јас сум задоволна,лани убаво ја направија тортата. Вкус сахара нарачав. Годинава викаат многу поскапеле,јас сеуште чекам мали да одбере торта па да прашувам по слаткариве за цена. Размислувам и за Аромати и Перфето како опција. Ќе прашам и во ла креме @Ano
Декорациите им се топ, ама и со цените отишле нагоре исто така. За вкусот можеш и да пробаш, истите вкусови на торти ги продаваат и како колачи, па ќе си одлучиш дали ти се свиѓа.
Фала ви, јас заглавив низ гужви и дури сега стигам да прочитам. Да не враќам посебно, јас сум фан на лесни торти се надевам не утнав. За декорации гледам се врв. Нарачав сахара фала богу @Sofi.ja ме израдува. Ми побараа околу 7200ден за 75 парчиња чисто како инфо. @Ano Ла крем се супер ама ги мењам зашто последните 4 години од кај нив нарачуваме за секоја прослава. Онаа орео толку ми е прејадена што не можам ни да ја погледнам нема да згрешиш. Инаку и Делиција имаат достава. Ла крем секогаш ми носеле на време, само последниот пат ми беше малку искривена ама ништо страшно.
Перфето не ги прескокнувам, ама за големиот секогаш се на колективен одмор Орео прескокнувам зошто не сум љубител на орео, ама ако викаш дека вреди ќе ја пробаме. Оваа фереро ме воодушеви овој пат.
И јас не сум љубител, општо не сакам многу торти ама сите на роденденот искоментираа и дури близок што не јаде торти ми рече најубавата торта што ја пробал. Мене ми е просечна ама па мене секоја торта ми е просечна Јас сум по овошните на пример, сакам да ми е освежителна, а не тешка.
Моето прво е јануарско дете, првиот роденден и беше као Winter Onederland баш слатко испадна со тортата и декорациите само што тогаш не можевме деца да каниме, иначе сигурно би праеле во игротека ( за второво така ќе е) пошо реално деца каниш, на стол да ти седат е глупо, сега зависи колку се во прашање де ама кај нас 10, при тоа на возраст од 3-7 години. Е сега Ск ресторан со игротека ептен слаб избор има. Дечки, мојава од 10 месеци по игротеки ја носев баш им е интересно, коцки редеше, во кујните се плеткаше, топки, ај ти, иначе од толку гужва спремни да сте и да ви плечи цела прослава ако не му е интересно ( од искуство) . @Lavica2602
Мајки зборевме за торти. Тортата која што ја сакаме ја испратив на: Перфето,Шарлота,Аромати,Ве микс, Ла крем, Канела плава, Делиција и Магнолија. Барам 50 парчиња и 3 фигури изработени од фондан. Ја добив следната понуда: Перфето- немам одговор Шарлота-4000ден само основата, 5500 со се трите 3д фигури од фондан и 4500 со 2д фигури. Аромати-3800(со напомена дека тортата ќе биде пониска од таа на сликата) Ве микс-немам одговор Ла крем- 4400 Канела плава-4000-4420 Делиција- 55 парчиња 7280ден, без 3д фигурите 5280ден. (2000ден наплаќаат 3 фигури во 3д) Магнолија, не работеле фондан,торта со шлаг е 3100. Ви ја испраќам и тортата да ја видите. Инаку ќе имаме околу 40 возрасни и 20-25 деца. Се надевам ќе стигне за сите торта. Или да си купам еден ролат за допуна
Ке ти стигнат парчињата сигурно. По ресторани, игротеки секогаш сечат помали парчиња, па дури и останува торта. Јас за 70 души планирам 40-50 парчиња максимум.
Нашата беше 50 парчиња, 25 возрасни, 10 деца, малце многу ни остана.. без крадење, за крштевката пример пола не украдоја хаха Јас не ги менувам Романса, не знам, највкусни ми се и топ ми ги направиле до сега. Од прилика за цена: Мини беше 5000, Маша 6500