Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.440
    Допаѓања:
    18.686
    А за храна како нарачувате? На пример една похована даска е за 6 лица. Јас ќе имам 40 возрасни. Точно колку што е бројот на гости да нарачам? Ќе имам и ладни даски и руска и кифли.
     
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    26.227
    Пол:
    Женски
    Не, ако имаш 40 гости нарачај за 30. Така нешо беше мислам.. ние кај што нарачувавме ептен беше фер и баш ни објасна колку ни треба, да не се залетуваме така као колку луѓе толку да се нарача. Еве и од тоа слика хаха може ќе затееб и на некој друг
     

    Прикачени фајлови:

    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    ова претпоставувам е на отворено? имаат ли и внатре нешто за деца?
     
  4. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    дали имал уште некој искуство со Њујорк слаткарница? таа ни е најблиску па сакам од таму да порачаме, ама да ми препорача некој некој вкус да не е толку блага :)
     
  5. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    835
    Ние цело време од таму купуваме за секој повод буквално. Омилена ми е нутела малина, поради малината не е толку блага, а многу е вкусна.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    да те прашам дали ви стигна торта

    јас сега треба да порачувам, за околу 40 возрасни и 20 деца и се мислам колку парчиња: дали е 50 многу? 40? @Sofi.ja вас дали ви стигна?
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.440
    Допаѓања:
    18.686
    Нашата беше за 54 парчиња. Имавме 40 возрасни и 20 деца, со оглед на тоа што не ги сечат убаво парчињата остана уште 5-6 парчиња од тортата
    50 парчиња нарачај си.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Уште не сме славеле роденден, така ми е испланирано и нарачано. Сигурно ке стигнат по многу мали парчиња сечат во ресторани.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    супер фала ти ќе прашувам за 50 тогаш.

    а дали има некој да ми препорача вкус од Делиција? не сме во СК не можам да пробам. ми рекоа биле повкусни од Њујорк :/
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.440
    Допаѓања:
    18.686
    Од Делиција сахара вкус.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    и јас се прашувам, не најдов во ниедна тема. или општо дали некој можеби јадел, како е?
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Земи пробај на Мариели ги имаш по маркетивеи вршат и достава чоколадната ми е најубава од нив ја имаш и како ролати. Е сега најново што прават луѓево една мала торта колку да се одбележи моментот и се докупуват ролат за останатите гости.
     
    На Tess36 и KidA им се допаѓа ова.
  13. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Веќе ми е страв да планирам пред време, ама таква сум.. Летово правевме крштевка и венчавка со жива музика. Ама 3 дена пред тоа имавме немил настан, почина дедо ми. И правевме, ама не беше тоа, тоа, берем за моите..
    Сега за првиот роденден би сакала пак да имаме жива музика, да се развеселат малку и моите, и тие чекале внуче од мене, две години. Имаме уште околу 2ипол месеци, ама едвај чекам. :inlove:
    Што мислење имате? Дали планирате музика за роденден?
     
  14. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    817
    Давајте идеи за тема и торта за прв роденден за женско во јануари ќе е роденденот а јас ништо немам испланирано па секакви идеи се добредојдени.
     
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    7.596
    Пол:
    Женски
    @Lina-Detelina , ние правевме голема крштевка, така да сега роденденот ќе е поинтимен. Не планирам музика.

    Ама воопшто не е грешка доколку вие сакате да си се развеселите. Посебно ете што викаш имаш и причина плус, за поголема или поинаков тип на веселба.

    @ija ако е околу Божиќ, нешто новогодишно, дедомразовци и сл.

    За други теми
    - winter onederland
    - со звездички од twinkle twinkle little star
    - снегулки
    - пингвини
    - општо животни или фарма или шума
    - балерини

    За принцези и слично ми е мала барем според мојата ќерка.
     
    На Lina-Detelina и ija им се допаѓа ова.
  16. ardnaskela199

    ardnaskela199 Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво. Предлог некои кафани за прв роденден низ Скопје?! Споделете ваши искуства :)
     
  17. YasMazza

    YasMazza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Шварцвалд и грчка, многууу добри
     
  18. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Идеи за изнајмување на затворен простор за 2/3 часа во Скопје? За Јануарски роденден
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.112
    Допаѓања:
    111.024
    Пол:
    Женски
    Јас правев сега Нова година тема, ако може да се нарече тема де, балони црвено и зелено, Дедо мраз гумен, златна бројка единица и тортата бела како снег со меченце, елка, подароци и декорација новогодишна на тортата.
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    7.596
    Пол:
    Женски
    Нашиот роденден е јануарски ама втора половина откако веќе ќе изминат празниците. За Дедо Мраз ми е доцна, тогаш да вклучувам. Општо земено, не за овој роденден конкретно. Додуша сигурно од некои нејзини 4-5 години ќе си бира сама. Сега првиве 2-3 родендени по наша идеја.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.