Да, да, ќе имаме и ние сега зима, снегулки, животни шумски, комбинации. Само без Дедо Мраз оти веќе тој период е доцна, за тоа. Е сега понатаму во животот ако на ќерка и текни дека сака Дедо Мраз или дека сака плажа/лето тема на сред зима, тоа е што е. Како ќе бира така ќе правиме.
Здраво, ни се ближи првиот роденден па би сакала да ве прашам ако може да ми кажете добри ресторани за прослава со 50 гости? Фала
Можете и во Аликас т.е. Лов ресторанот што им е лепенка до Аликас иако е се нивно. Е сега проблемот е што е во Визбегово ако ти одговара локацијата. Градина во Пинтија е убав и Дениција.
Дали некој бил во Dream zone во Дајмонд мол? Ме интересира колку се плаќа дали е за деца од 3 години?
Супер беше се , и ние и гостите задоволни , ние правевме во надворешниот дел , дека беше август и мислевме дека ќе е претопло , но пријатно беше , имаше и плус прскалки- вентилатори монтирани , како се договоривме така испадна се , храната вкусна
Прескапо ми се виде. Беше некој викенд со гужва па не ми се експериментираше, мојава може да искочи за 10мин и да рече нејкам да си играм. По возраст се поделени зоните?
Да,по возраст. Другата зона беше од 5год ,прашавме на каса рекоа само првата за малиот (4год има) иако не ми изгледаа воопшто опасни реквизитите во таа зона ,според мене поинтересна за него. Јас не сум задоволна од персоналот,воопшто не внимаваат на децата,ги интересира само на кое му истекло времето па трчаат како луди ги бараат за да ги извадат. Делот со трамполините е висок и ако на некое дете му текне може да премине од другата страна на шанкот да си излезе а никој да е го забележи тоа..
Врв е игротеката. Нема таква во цела Македонија, па и пошироко. Има дел од 3 год нагоре, 200ден пола час, 350 цел. Над 5 год, 250ден пола, 400 црл час. Ние бевме над 3. Многу безбедно, се е обложено, меко, нема остри дрвени или пластични ивици. Ние за проба земавме пола час ама реално малку е, продолживме уште на 2 Ако дете не пишти по вас, безбедно е мака немате нема потреба да го чекате иако има дел за стоење каде што може да си го гледате. Девојчињата нормално дека ќе следат на кој истекува време тоа им е работа. Деца над 3 сами се заигруваат не може со 20деца да си играат. Повеќе се за одржување ред и дисциплина, а не се дадилки.