Ако алудираш на мојот коментар,не реков дека се дадилки и дека треба они да ги заигруваат. Игротеката е многу непрегледна со соби,кривини и скали. Од каде да знам на 5 метра од мене што прави моето дете, кое патем е без надзор од вработен? Дали прави беља,дали се закача со друго дете или го малтретира некој? Во тој поглед треба да си обрнат внимание,наместо 100% да се насочени кон тајмерот. Исто така не ми се допадна што трамполините се на 50см височина,и те како може да се повреди дете ако е заиграно и не обрне внимание па да падне од таа височина. Кога веќе сум во темава, предложете ми тема за летен прв роденден за машко дете.
Теми за роденденот - Wild One - Baby Shark - Морнарска, сино, црвено, котви, бротчиња - Зелено и црвено со лубеници или сладоледи и слично - Циркус/Карневал Ние со зимски, ќе тераме One DeerFul за прв роденден За втор баш барав теми и ми излегоа интересни декорации на теми Two Wild Two Sweet За женско овие. Здравје првиот да помине, па за втор ќе мислиме.
Не е за играњето туку треба надзор да се има да не се повредат. А они си дремат за делот за наплата и мува не ги лази, ако веќе јас немам пристап внатре они се тие што треба да се внатре. Мајки на зимски деца каде славевте прв роденден ? Дали е попамено дома да викнам гости најблиски или во игроотека?
Тука сме негде јас и ти , јас планирам во игротека здравје зошто сите пријатели ни се со деца и некако најисплатливо ми е . Крштевка ке правиме летово само домашните и кумовите
Точно за девојките. Мува не ги лази како заспани се. Јас моето од страна си го гледав и баш размислував дека сам не би го оставила, никој не пази. И да падне никој нема да примети. Има таму дел како полиција и има униформи да си облечат децата како маскирани. Едно детенце беше облечено и го викнаа да си оди, тоа нешто се сплетка и не можеше никако да си ја соблече униформата, девојката само го погледна и се сврте као не е моја работа тоа. Епа ако родител не смее да влезе треба да помогнат они. Дете од 3 год не може се само. Инаку стварно е многу убава игротеката.
Охоо можеш буквално каква сакаш, со мечиња, со планети, сафари, зоо тема, забавен парк (торта во форма на вовче на пример, вртелешка и слично) тема бебе коала, циркус исто е интересна, тема од некој цртан може, кокомелон, карс, дизни ликови. Јас за првиот правев со тема пиличи, тие цртани ги гледаше и плус Велигден се погоди таа година за роденденот па се вклопи темата топ. Кога му е роденден? Ако е ракче во хороскоп, интересно ќе биде со морски животни, тортата да е во форма на ракче, околу неа др морски животни. Ако е лав во хороскоп, Симба
Ракче е, ама изгледа ќе биде Симба Од болница го извадив со комплет симба и баш некако ме потсетува на него 4 јули е роден
Предлог место во Скопје што е ок и за возрасни и за не повеќе од 20 деца? Било каква идеја е добредојдена, искрено поим немам од локации за ваква намена. Може и неконвенционални предлози, не мора стриктно игротеки и сл. Ми ја спомнаа киндер парк? Ја бива или исфорсирана е?
Бевме викендов на роденден таму мене ми се допадна. Делот со маси за возрасните е паралелен со игротеката така што можеш во добар дел да си го гледаш детето од маса. Игротеката ми е 3/5. Голема, широка е, заштитена како за помали деца ама како играчки да фалат. Услугата и храната супер.
Предложете некое место слично на Киндер Парк, да има и игротека но и убав дел за возрасните. За 1 роденден на бебе, во лето.
Кидо бар не е игроотека туку е дел како за деца да играат и другото е маси за возрасни и има тераса затворена за пушачи. И во близина е Фан тајм нова игроотека голема и ми се свиѓа што масите се до самата ограда па можеш да го набљудуваш детето. Таман е за 20 деца. Во фан тајм има вработени да ги пазат но во кидо бар нема.
https://www.facebook.com/profile.php?id=100082998387671&mibextid=ZbWKwL Од тука имам нарачувано, најок цена ми дадоа.
Здраво, дали некој славел прв роденден во Дион Аеродром, да каже како е услугата и која цена е за мени по човек?
Прв роденден и крштенка ни се ближи па ке имаме слаткарска маса маскота пињата сакам уште нешто што ке биде забавно за деца а успомен на синко и да се радува што би можело тоа да е
Прво да знаеш дека детето ти е мало и може да се плаши од маскотата. Друго не знам што сакаш,можеш да викнеш некој аниматор за децата да им покажува игри. Или цртање на лице.
Ѕирни ги овие прават многу настани за роденден https://www.instagram.com/funimation_entertainment?igsh=a3dlemdodmo3Zzll