Ќе пишам и во темата за крштевка,ама да прашам и овде. Во ист ден правиме крштевка и роденден од 12ч е крштевката,потоа одиме на ручек во кафана со најблиските и кумовите,а потоа од 17ч во игротека ни е роденденот со останатите гости. Се размислувам дали треба да порачам торта за крштевка? Кумата ќе донесе торта,од таа може да пресечеме. Не знам како е правилото,дали треба да има торта. Секако свеќа не дува, или било каков ролат колку да се заблажиме? За роденденот секако дека ќе си има торта,сега на мисла сум дали и за крштевката да порачувам.
Обично за крштевка само една торта има, таа од кумовите. Ние бевме кумови пред 6 месеци, мајката си нарача каква торта сака и за колку особи, ние после дадовме посебно пари колку кошташе тортата. Прашај ја кумата колкава торта нарачала, да знаеш дали има доволно да пресечеш за сите гости.
Правел ли некој крштевка после првиот роденден? Планиравме заедно ама сега на топлото многу напорно ми се гледа
Како поминавте, како помина поголемко бебе на крштевка? Сите ми викаат големо е пострашно и потрауматично го доживувале, а и за нас ќе било понапорно два пати.. се надевам дека убаво поминавте вие
Ние супер поминавме, нашето е многу дружељубиво, му ја фаќаше книгата на попот, го фаќаше за брада, повторуваше гласови по него се расплака само кога го брцна во вода и толку.
Мајки каде има пристојни цени за правење на гарланд од балони? Имате ли да препорачате некои што ете задоволни? Скопје по можност
Да. Веро тафталиџе или Џамбо. Барај на Maxi фирмата ако нема на рафт кажи им на вработените имаат во магацин 200% .
https://www.instagram.com/bellaflowers_giftshop?igsh=MTZjMDBxMGJyN3hhZw== https://www.instagram.com/favoladecor?igsh=MWV0OXE2YWdzdXVrNA== https://www.instagram.com/jk_dekoracii?igsh=MTJpOHRsOXRodmtyag== Јас пишував на неколку, само овие ми вратија. Едни дури и дрски беа многу и ги блокирав, не ги ни пишувам пошто не заслужуваат никаков публицитет
Еве да споделам, ние супер поминавме во Bedroom, персонал, услуга, храна, ладење, се беше одлично. Беше понеделнички па само неколку маси имаше други гости. Храна остана доста, но нас ни ја спакуваа и си ја земавме. Декорацијата беше преубава од Bella flowers and gift shop и имаше плус 3 стиропорни фигури. Не ми дава да ставам слики ама ќе се потрудам подоцна.
прекрасно нека и е среќен роденденот на лепотицата. мајка ако можеш да споделиш од каде декорации и ако не е проблем и цената да ја споделиш