15 000 беше се вкупно, вклучено и фигурите, без тортата и колачите секако. Тие не пишав ама беа од Моцарт.
Мајки Кажете ми дали некоја од вас украсувала сама или делумно сама? Од каде набавивте реквизити? Не дека сум нешто многу креативна, но ако не вмешам прсти во нешто тоа не сум јас иста бев и за свадбата...
Јас нарачав од алиекспрес балони, банери, украсчиња за мафини, свеќи тематско сè, мафините ќе ги правам сама, сакам голема 1ца да направам со балони исто сама едино тортата ќе ми ја прават Грими слаткарница ќе видиме како ќе излезе во јануари вака имам желба и креативна сум во глава за декорирање па ќе видиме in real life голема декорација како ќе излезе мали до сега сум правела
Има мислам печатници овде што може да ти изготват банери од цврста хартија на конче што висат, балони можеш сама да купиш или да нарачаш зависи каква тема сакаш и што да има
Јас во Бела земам цвеќе стално и пакувам, супер е жената.не знаев ддка прават и вакви декорации. Фала за споделување.
Ми се допаднаа неколку торти од Моцарт слаткарницата...дали имате нарачувано од кај нив? Од кој вкус сте задоволни? Како стојат со цени отприлика?
Не сум нарачувала, ама од блиски вака не се лоши, ама се прескапи искрено. На другарка 7000 и побараа за обична торта ништо спец на нејзе. За прв роденден на детето. Скапи се многу, зависи сеа колку можеш да си дозволиш.
Имам слушнато дека претеруваат со цени, ама викам да прашам некој од искуство да ми пише за цени и за вкусови. Рано ни е за роденденот ама на време собирам информации. Не е проблем и нешто плус да дадеме, јасно ми е дека сè е скапо ама па 7000 за торта..а ние и крштевка ќе правиме, па сакав торта и за тој повод..
Мила а да прашаш во Грими? Еве некоја мајка ако има искуство со нив да сподели и за мене јас се заљубив во изработките а за вкус не знам.. тие се од Куманово ама има достава прашав и тоа а цени не си викам до Јануари имам време
Каде да барам убав роденденски фустан за девојче, не многу џиџан или во која тема да прашам упатете ме плс
Ги следам и нив, ќе прашам да. Малку ме кочи дека се од друг град, за доставата ми е страв..си викам прв роденден, се радуваш чекаш и да ти донесе торта што паднала или нешто се извадило, откачило..сакам да е на спрат и ова мн ми крши филм некако..јас затоа многу време пред одреден настан се спремам до нај мал детал за да не паничам тогаш а па првиот роденден посебен настан ми е, сакам сè да е на место се надевам некој ќе пише искуство со слаткарнициве.
Нас ни ја донесоа за свадба на спратови во др. град. Супер се за соработка и тортите се многу вкусни. Цените им беа солени, тоа беше пред некоја година. Јас им покажав само слика и ми ја направија скроз истата, ние бевме презадоволни.
За Грими така? Охоо тогаш солени, а сеа можам да замислам колку се..ќе се опуштиме ко за прв роденден, што е тоа е, веќе реално скоро секаде и претеруваат со цени по слаткарнициве.
Јас во ГТЦ најдов, имаше секакви, знам дека бутикот гледаше накај жена парк ама да ме утепаш не ми текнува како се вика.. Едит: https://m.facebook.com/bambisimobutikzadeca/ еве го, сега кога ќе се размислам може и да не гледа накај Жена парк, малце со ориентација сум скарана.. исто и на Мапет кидс имаше многу убави ама мене ми беше касно за да ги нарачам..