Здраво, бидејќи роденденот помина мислам рековте со симба ќе ви биде дали успеавте да најдете нешто и дали имавте декорација со балони?
Гледам има милион студија за декорации, од кое сте задоволни? Пишете и за торти, од каде, вкус и како сте задоволни? Не добив нешто многу одговори
И мене ме интересира истото!! Рано ни е ама да имам во предвид. Највеќе ми е за декорациите, немам за ништо прашувано до сега па стварно не знам кои цени да ги очекувам..
И нас ни е рано, тек Ноември, ама и јас сакам на време да си се организирам. Никој не пишува во темава..ќе треба сами да си прашуваме по студијата очигледно
За декорации најдобро е најди неколку на фб и пушти им слики од што ти се допаѓа што правеле они отприлика да добиеш осет за цената, ама генерално е поскапено се и обична декорација под 2 3000 тешко се наоѓа. Другарка сега што ќе прават 200 евра ќе платат ама декорацијата огромна од оние големите, ама тоа јас нема шанси не би дала никогаш толку пари. За торта исто пушти им слики на фб ќе ти одговорат да не губиш време со одење кај нив, јас така правам секогаш. Ние оваа година од Магнолија ја нарачавме прв пат и јас сум задоволна, за 50 парчиња Делиција ми побараа 5900, Бајка 3700 а тука 3200.
Јас пред 2 години платив кај нив 7.500 за торта, на вкус беше превкусна. Сите гости ја пофалија. За доставата не сакам да коментирам. Ни ја донесоа искривена цела. Односот им е добар пред да ти ги земат парите, после газдарицата дрска и игнорира. Ни извини не кажа, а оставив 300€ кај нив.
А отприлика еве за тие 2000 3000 што би спаѓало во цената? Зар само балоните? Најдов јас неколку, деновиве ќе почнам со прашување. Да, 200 евра е многу само за декорација, да е нешто плус па може и би дала. За тортите и јас до сега така имам нарачувано, праќам слика па договарам. Ама ме интересираа искуства од слаткарнициве. Нај веќе искуство имам со Ве микс и викам да прочитам и за др слаткарници. Баш ќе ја пребарам Магнолија, не сум слушнала до сега..
Ние го прославивме во игротека,сега се ближи третиот и пак во игротека ќе биде.Децата среќни ,радосни,си играат .. И не давав пари за декорации ,украсување.Се си направивме сами со сопругот,ние си украсивме.
Баш тоа ми е и дилемата, дали во ресторан или игротека. Игротеки некој предлог, во Скопје, околина на Аеродром? Како е концептот на славење роденден во игротека, во смисла на јадење/ пиење, што има таму? Никогаш не сум била во игротека на роденден па немам некоја претстава.
Се откажав. Бев да го видам пак, ептен лошо ми се виде на втора. И син ми рече дека не му е убав делот за играње. Фала ти во секој случај
Услугата беше супер, местото ко место не ме воодушеви. Може и јас повеќе сум очекувала не знам. Најубаво на лице место да ѕирнеш. Истото ќе го викав. Детево у 5 минути го извиде делот за играње и нејќеше да се врати. Големи гломазни ваљда му беа. Можда е и за поголеми деца планиран тој дел. Освен широчината на дворот баш ништо друго не ме воодушеви.
За игротеката Lovely во аеродром, 3 4 родендени како имаме одиме таму. Одлична децава мои помали се ама се изнаигруваат таму, буквално не не бараат сами си играат. АМА огромен минус од вработените, на роденден од 19:30 до 21:30, они уште во 10 до 21 почнаа се да собираат и само одат по децата и враќаат играчките на место. Многу лоша слика искрејно. Девојчето собира играчки малава оди и ги зима од раце. Јас разбирам дека е касно и после тоа треба да затворат да средат и да си одат, ама треба да си искалкулираат време, ако плаќам 6000 ден закуп неможе ти уште пред истек на времето да почнеш така да средуваш и враќаш се на место, не ми се допадна воопшто.