Имам другарка што свадбена торта земаа од кај нив и беше презадоволна, ама не знам кој вкус искрено беше
Супер беше тортата, а и по ова што гледам на инстаграм и детските ги прават убави. Лани кога прашував и јас за мојата свадбена беа бајаги и поевтини од другите слаткарници, 9000 за 90 парчиња ми побараа.
Majki ajde i ova da prasam. Predlog nekoj restoran za1 rodenden na bebo vo skopje. Okolu 50 dusi bi vikala pa kade bi bilo najpogodno so ubavo meni
Нас во декември ни е првиот роденден па размислувавме со мм крштевка да и направиме во истиот период, ден два после, ама ми текна дека баш тогаш се постите и сега сме во двоумица. Да ја правиме или да почекаме барем месец, месец и пол?
Братучед ми правеше крштевка за време на Велигденските пости, само не венчаваат тогаш, крштевки може.
Жени, предложете подарок за прв роденден. Од големиот син имаме многу: баланс точаче, кола на акумулатор, Инфенто што се модифицира, лизгалка за во двор... некако сите идеи ми се исцрпени. Ми се допаѓаат дрвени масички со активности ама дома веќе немам место за ништо. Маж се запнал за уште едно Инфенто за да си имаат двајцата ама јас мислам дека стварно нема потреба. Засега опција ми е scoot & ride. Друга идеја? Се брзам да нарачам нешто денес, пукајте одма!
Kupete mu nesto zlatno sekako igracki i alista vo sekoj slucaj mu kupuvate. Maleecko e uste a zlatnoto ke mu ostane.
Фала многу на предлогот Емилија. Не сме љубители на злато и ич не ни размислував на тоа, ама почнав да разгледувам монети и ми се допадна идејата, зашто е стварно нешто што ќе му остане. Тенкју ама ептен
Мене воопшто не ми се допадна, игротеката и играчките се дотрајани, да не речам опасни. Јас се запрепастив искрено а ќе закажевме за малку. Дион е ок и има мини игротека внатре плус надвор, Bien исто не е лошо. Игротеки лавли и хепи кидс ако сте за таква варијанта.