Од романса нескафето ми е најубава за Ла Крем нека каже друг немам пробано, а се мислам да нарачам за прв роденден здравје
Од Ла Крем имав нарачано за ќерката за роденден чоколадна, зашто имаше деца викам ај да не е некое алергично на бадеми лешници и сл. Поперфектна чоколадна торта немам јадено. Сите го рекоа истото. Чоколадото беше превкусно, самото тесто се топеше во уста. Препорака за чоколадната. Лани имавме исто од Ла Крем фереро, јас не ја бендисав за разлика од фереото на Канела.
Луда сум по чоколадни торти, значи мора да пробам Сум јадела торта од Ла Крем, ама не знам што вкус беше, памтам дела светол беше филот, значи чоколадна не била.
Место за славење прв роденден во јануари. Од деца како гости се околу 4-5 деца. Живееме во стан па баш и нема да не собере за дома да славиме
Нашата беше чоколадна,само таква држеше декорација за свадбена на 3 ката. Верувам сите се превкусни зошто не штеди на квалитетни состојки
Многу сум задоволна од роденденот во Киндер Парк, и гостите исто. Превкусна е храната, децата анимирани, слатка маса од нив со пристојна цена за декорација, плус си додадовме работи. Единствено грешка направивме што не закупивме 2 термина, зошто 2 часа ни беа малку.
Исто и јас презадоволна!!! После на бебе роденденот немаше термин, не оставија уште еден час без проблем. Превкусна храна, што остана ми спакуваа имав за ручек наредни два денови. Културни, услужливи. Убедена сум дека и следен роденден ќе слави таму
Стварно, како се со цени киндер парк? Колку е закуп на простор за 2 часа? И дали има некој слики од менијата да сподели ако може, благодарам
Има мени на интернет. Закуп е 5000 мкд. Цени по лице е од 600 мкд нагоре со тоа што ако изберете избор за шведска маса вие бирате колку порции ќе нарачате. Пример да имате 50 луѓе, може да нарачате 40 порции од поскапото мени со месо од 800 мкд. Има доволно храна, и ќе ви остане. Никој не ви брои луѓе. Пијачките се според цена во мени.