Здраво на сите Со овој пост сакам да искажам незадоволство и предупредување до сите кои за некоја веселба би сакале да ги повикаат музикантите од бендот B&B band. Правевме веселба во ресторан каде што имаше и друга веселба и по договор со гореспоменатиот бенд, музиката требаше да ја платиме по пола и да свири и ротира на двете места. Музиката кратко свиреше кај нас, околу половина час, за да остатокот од веселбата, околу три часа, ја помине кај луѓето од другата веселба. Во неколку наврати го повикавме музикантот кој триесетина секунди беше до нас и повторно се повлекуваше кај нив. Кога крајно, половина час пред крај на веселбите, го повикавме и прашавме што се случува се вмешаа и домаќините од другата веселба во дебатата, притоа кажувајќи дека тие го платиле и изнајмиле целосно бендот за нив, и не знаеа за договорот дека тој бара половина пари и од нас, па очигледно ако успее да се извлече малку од нивната веселба, ќе посвири и кај нас и ако сме тивки, наивни и мирни луѓе ќе земе пари од двете места. B&B band, крајно непрофесионални, никогаш и никому не би ги препорачале.
Каде барате идеи за тема декорации и торта за прв роденден за машко дете? Мене ми излегуваат 90% за женски деца и само мечиња космос и сафари за машки , не знам ни сама кај да гледам. Сакам голема и висока торта. До роденденот има уште 4 месеци но јас сум превозбудена уште сега.
Незнам сега што подразбираш под машки женски,јас секогаш сум сакала да ми е поврзана со тоа што се случувало таа година.На пр првите родендени на првото ми беше со мајмунчиња дека се пентареше висеше како мајмунче.Второто дете кога ми го донесоа утрото,паднаа огромни снегулки побеле се и ми беше и уште е бело како снегулка,па темата тортата беше со снегулки зимски мотиви.Можеш некоја омилена играчка што му е..што највеќе сака да прави.
Прво мораш да имаш смислено тема бар отприлика и како што бараш ќе ти доаѓаат идеи..колички, багери, зимска тема, сафари, Мики маус има доста...јас нај многу гледав од Пинтерест и од студијава за декорации..
Мајки ве читам и ме обзема паника и неубаво чувство. Не знам од каде да почнам да се подготвувам, ко најнемајка на свет се осеќам. Што ми треба за првиот роденден? Секоја насока би ми значела, линкови за храна и сл. Сте сретнале да прави некој и посни менија? Во пост паѓа роденденот
Здраво мајки, веќе сме година дена, каков чај може да се дава на бебе? Имам дадено камилица ама не го сака баш.
Каде ќе славите и колку време имаш до тогаш? Активирај тему ако имаш 3 4+ месеци и ако е за дома ако си од Скопје топла препорака за аромати чоколатерија превкусни а најевтини. За храна гледај да се боцкања малецки, имаш во d'kitchen овали за 1500ден преполни со похованици (колку и да е во пост ако не сте нели баш верници знај дека 90% од гостите ќе сакаат мрсничко) кај нас од 70гости 2 посни порции имавме а ден пред Бадник беше. Балони можеш од пики струмица базаро или џамбо, препорака и за бит пазар продавниците што се на крајот на улицата имаат сè значи не ти треба ни тему али. За храна идеи кажи што замислуваш ќе ти дадам безброј имам зачувани и во глава ќе ти смислам. Не си прави притисок има време
Сите работи скоро ги има на бит пазар и пики струмица што се на тему ваљда ќе ти стигне од тему е малце хаос сега и се чека многу. Најди ги на инста aromati chocolaterija
Дали некоја од вас познава девојка која декорира родендени? На ТЕМУ најдов многу ситници што сакам да ги нарачам дека имам време: салфети и такви работи. За една година бебе се работи. Што други би ми требало, а што можам да нарачам онлајн? не ми се смејте, не сум била на многу бебешки и детски роденден секоја насока е добредојдена
Молам и идеи за локации во Скопје, убаво би било Реон Карпош/ Тафталиџе. Ресторан, не игротека- немаме мн деца