Не, јас не се секирам. Него муабетот ми беше што ако си во ваква ситуација нели. Секако ќе го поместиме.
Mene mi imaat kazuvano deka porano ne se slavelo od pricina ete uste ne ti doslo pa ke slaves podoro Ako se premestuva za pokasno.Sepak koj kako si saka jas ne veruvam vo takvi raboti .
И јас не верувам во такви работи. И мене така ми кажуваа прости луѓе. извини што вака пишувам на твојот пост ама ако се верува во нешто што нема никаква логичка или научна оправданост тогаш тоа е простотилок, нели. Ние го поместивме роденденот понапред од најобична причина. Едните баба и дедо и едната тетка на одмор ќе одеа. (Мораше тогаш да одат бабата и дедото зошто кога ќе се вратеа требаше син ми да го чуваат зошто јас бев на работа) па затоа ние славевме претходниот викенд, а не викендот после роденденот. Па еве го синко дома влакно од глава не му фали затоа што славел роденден пред да му дојде.
Па не е секогаш простотилук, некогаш е традиција, адет, религија или народно верување, нешто што го има во секое едно општествто! Еве, и јас така знам дека прв роденден не се поместува, баш од такви народни верувања...нејсе не сум нит проста нит неучена но сум прифатила некоја традиција од моите предци и ја почитувам! А на кој му е битно да присуствува на роденденот, ќе најде начин да дојде...ако сака!
За крштевката имавме торта од Перфето - лешник торта, преубава на вкус и убаво декорирана! Не се ефтини но многу им се вкусни тортите! И мислам дека немаат достава ама треба да си прашаш!
Не се сеќавам каде сум го прославила првиот роденден...Изглеа моите ми славеле негде по дома Mала шала... Корисна тема за оние од главниот град...
Fala pomina rodendenot veke nekolku meseci ama ke ja imam na um za dr pat. Inaku i jas sekogas koga se paga rodenden vo raboten den go premestuvam za vikend iskreno mene mi odgovara taka poveke ne poradi gostite. Inaku nie prviot na sinko *kaj marsalot* na bebka vo *firma* letno bebe e a imaat preubava terasa. Prviot na sinko baagi luge imavme moze preku 50 A malovo resivme vo potesen krug nakaj 20tina luge i super bese
е ова ми се вика касно палам... ич не приметив од кога е постот...ама нема везе, прва прилика пробај ја тортата, ептен е екстра!
Абе религија, традиција ок прифаќам, а некои вакви верувања некако ми се то мач. И многу сакам кога ќе ги побијам. Исто како она кога ме тераа метла на син ми да му ставам во креветчето да не спиел сам (не ставив, ништо не му е на детето) или она не кради дур си трудна детето белек ќе има (намерно украдов и се фатив за задник, па детето белек нема) нема везе да не одам офф секој нека си тера како си милува, ова си е мое мислење. А за присуството можеби и јас би настапила како тебе знаеш она кој сака ќе најде начин. Но во случајов се работеше за баба и дедо кој го чуваат син ми. И сега колку и да јас со нив не се милувам, сепак беа крајно корекни. Рекоа ќе одат на одмор т.е на бања само ако ние се снајдеме за чување на детето и ќе одат ние кога ќе кажеме. И тие денови беа единствени кога ние можевме да користиме стар одмор, прво мм, па јас. И затоа и роденденот со крштевката беа викендот претходно. А искрено и нас викенд повеќе ми одговараше.
Женски ние сега на 15 ти јануари ќе славиме прв роденден,е сега ќе има блага маса со џиџи миџи...ама ме интересира што можам да спремам за јадење..35 возрасни и 20 деца..јас се ќе спремам....ај дајте ми некоја идеа..ќе си пукнам
Еве ке ти кажам што најмногу се јадело кај внука ми бидејки јас и снаа ми ги поготвувавме за кај децата правевме пицички мали што одеа најмногу, кифлички во вид на рипче од благо корнетчиња што се лажеа дека лижат сладолед крошнички со желе со крем исто правевме бомбици лубеници исечени сега во зависност и на која возраст ке ти бидат децата за грицки нема потреба да правиме муабет чипс на прво место. Е сега за кај возрасните салата редена со мајонез и уште некоја друга исто со павлака мајонез ордевер кифли месо благо исто и пастрмајлии стававме и за чудо се јадеа мислам ти дадов нешто идеа
Значи јас што планирав е вака.. За јадење Едно печено прасе,сарма посна и мрсна (затоашто имаме пријатели муслимани) и печени пилешки батаци, од салати сакам да направам компир салата и салата со морски плодови, за мезе и такво ствари ке има кашкавал сирење салама и една шпанска салама која може оди во комбинација со диња (ако најдам) у маслинки Место кифли ќе ставам обичен леб Од благо 3 вида на колачи и торта на 3 спрата За децата мини пици, грицки, и гумени благи Доволно е или не? Што дадодадам или да сменам
Незнам јас би кифлу место леб кога сум одела некаде кај што имало леб и не сум јадела си викам секој ден леб и тука ли хххх знам богда чува сум. И мислам дека е доволно а и прашање е дали ке се изеде ова салатава со морски плодови ми делува премногу вкусно
Уф во право си ама за тоа не се замарам толку,пошто сите што ги знам не се лебари...а и овде кифлите ги јадат за доручек...мене за останатото ме боли глава ☺ И ти благодарам за советот ☺
Женски одбрав тема за роденденот да биде љубов од ангел..значи се ќе биде црвено бело,направив од картон 12 мали срциња и на нив ќе има по една слика од секој месец се до година и во средина ќе има едно големо срце со заедничка слика од болница..масите бела прекривка со црвена мака декорација, салфетите се црвено бели во форма на срце,тањири,прибор за јадење црвено бела боја..балони декорација цветови за на ѕид и столбови на врвот со срциња пак црвено бели..малецки чоколатца со слика од бебушот бели со црвени срца...бебушот фустан како од бајките црвено бела...што можам да додадам или да сменам? Што мислите како би изгледало тоа?
Искрено,ова со срцињава и црвенава боја ми е "ту мач"Поарно Мини,пчеличката Маја или некој друг цртан лик.Или едноставно се нека биде весело,разиграно со точки/риги во сите бои/виножито. П.С.Обичен леб не би ставила ни под разно.Ако не сакаш кифли,може погачици/лиснати,форнаринки,проја,солени мафини...
Zavisi kolku parcinja. Jas sega prasuvav za 30 parcinja skoro sekade e do 1500 denari, so dekoracija.