Ние бевме на роденден таму пред некој ден и воопшто не ми се допадна. Не доволно загреана,веднаш до детскиот дел има врата која нон стоп ја отвара персоналот за носење чаши во другиот дел ,од таму доаѓа ладно, а децата испотени. Не е безбедна, има шипки од лизгалките закосени кои што можат да предизвикаат сериозна повреда кај дете, собираат брзо и храна и торта (иако последен термин беше). Девојката што беше задолжена за децата си прави муабет и си игра со поголемите, место да ги пази помалите (2-3 помали дечиња имаше)
Препорака за прв роденден почеток на Јули? Да има децата кај да си играат ама и да има убав дел за возрасните. Да биде исто пријатно, да не се свариме ако е претопло . Сеуште се мислам дали да биде и мини свадба за мене и маж ми дека само регистрација направивме во матично.
Јас ја имам пробано Симфонија, преблага ми беше, како баба ми што викаше тажно благо. Зависи колку сакате шеќер, јас минимално осеќав фстак, повеќе бело чоколадо се осеќа.
Здравооо. За месец дена ќе правиме прв роденден. Ќе биде во ресторан и секако бенд ќе викнеме т.е. пејач и синтисајзер. Е сегаааа, јас не сакам со ора да биде, не знам некако ми нема смисла не е свадба ни мекици... ако може нешто предлог за музика ? Забавно сакам ,македонско, српско.. Како сте правеле вие за прв роденден,ако може идеи. Благодарам. ♥️
Ората ги оставив за мојата свадба, завршивме со тоа не викнавме бенд ниту нешто слично, имаше бенд од самиот ресторан, па таман беше таа музика. Инаку, имав декорација нарачано за роденденот, картички за пред секој гостин, фотограф и секако торта. Мене ќе ми остане во нај убаво сеќавање, ми се исполни секоја замисла
Дали некој правел роденден во Киндер парк? Ме интересира дали сте задоволни, храна дали имало доволно, се исплаќа ли и декорациите што ги нудат, дали вреди да се дава повеќе пари или и со поефтините се проаѓа (не сме фанови на огромни декорации што ќе се фрлат во ѓубре)? Ми се свиѓаше како концепт дека не мора да барам поединечни услуги како сликар, шеќерна маса итн, се нудат таму...
Дали можете да ми препорачате вкус на торта од аромати чоколатерија? Досега не сум порачувала од таму, а и немам блиски со искуство со слаткарницава.