за првото дете вкупно за се 50.000 ден пред 3 год, за второво сега ќе правиме очекувам околу 65.000 со оглед на тоа дека се е поскапено
Леле исто , дури мене пресметките повеќе ми искочија 30 гости * 1500 ден ресторан = 45000 Сликар =5000 Торта =6000 Декорација =10000 Да се облечеме ние околу 10000 ден Кај е музиката, еве и да биде од кафаната бакшиш ќе треба да дадеме. Исто како свадба што ова е со нај нај блиските да славиме , само пријатели
Па не морате сликар и декорација, можеш тоа сама. Нас не фати околу 500-600 евра ама тоа сама си правев, сега барем има достапно свашта за декорација.
Декорацијата највеќе ми одзема реално . Не дека не го ценам трудот на тие што работат да не се разбереме погрешно ама за 4 часа па 10000 ден . Ниту се разбира малава ниту ништо за балони (барем сеуште не). мене ми е дека ќе бидеме и со крштевка и кој ќе ми мести во ресторан , ќе треба еден ден претходно се да направам. Ај еве ти си поискусна кажи ми каko да го изведам се тоа
Јас нарачав балони претходно, цел сет околу 50 балони. Ден претходно доволно ми беше да ги надувам и да ги склопам едно со друго, имав и лента на која се закачуваат сите заедно (има на Тему и во Џамбо исто). Е сеа транспортот беше малку специфичен ама успеавме, во кола кај блиски и така ги однесов таму, закачив на дрво и тоа е тоа. И ние правевме крштевка, ги наместив балоните ептен брзо, директ во ресторан ги извадивме. Децата што ни беа гости за 20 мин ги упропастија, па да фукнев 10000 болна ќе легнев мислам. Дури и име со натпис на банер можеш да си направиш, во принт центрите има, е не знам колку чини ама сигурно е мноооогу помалку.
Е фала ти многу . Највеќе ми беше за банерот ама ќе прашам . Јас се тешам со тоа дека кај нас се се бебиња и немам деца така да што и да направам ќе издржи. Мислам од тему да нарачам за два родендени балони и сега да се учам па до октомври ваљда ќе се научам нешто да направам
Да прашаш на 2-3 места каде што украсуваат чисто да споредиш цени па и да си кажеш што може да направат до одредена сума што тебе ти одговора, ако не имаш сетови балони разни на тему, џамбо, пи-ки на фб