Па незнам дали и е сезона лето поскапо... Мене исто ми треба за 2ч. Не и кажав саати, она сама ко пакет ми пиша основно 4000ден, 3ч макс. Имам убав Канон апарат, па го ангажирав татко ми да слика, нешто јас во старт... нешто сестра ми, па се надевам не згрешив што така одлучив
Имало негде околу сити мол 120 ден од балон, ама не ги направив јас. 120 за малите, 800 за голема бројка
Дајте предлог каде да нарачам храна за роденден, поховано, клуб сендвичиња и сл. со некоја нормална цена. Peaky box се на колективен, нешто во тој фазон ми треба.
https://www.facebook.com/share/1C3nb8pBbX/ Ние за девојачко имавме земено во мај, убаво беше се.. цени нормални Еве од овие ќе си бираш... мн храна имаше. Ние бевме и тоа цел ден, 16 девојчиња. Многу храна ни остана а без месо земавме... тој пакет основен за 20 души. https://www.facebook.com/share/p/1GKgK3fHMg/
Како нарачувате торта од Кувертира? Пример сакам конкретен изглед, праќате на вибер слика? Се придржуваат ли до желбите и барањата?
На вибер да. Ама мислам дека не се нешто со спремен персонал за декорации по специфични. Јас тешив клот бела да ми направат и сама ќе си ја декорирам.
Обична е мојата, ама бојата да биде иста ко на сликата ми е битно, името да биде напишано ко што треба и да не биде висока ко на сликата. На едно друго место ептен висока ми ја направија, едвај ја сечевме.
19 ч.дали е доцна за старт на прв роденден? Во кој временски период сте славеле? Ќе биде четврток, луѓе да може да дојдат...
Zavisi koga ti zaspiva. Nie slavevme od 5 i do pred 8 ostanaa gostite taman bese, dodeka otidovme doma i se uspavme nekade 9 fati
Ние вчера правевме од 18-22ч беше. Ама гости доаѓаа скоро до 19ч. Негде до 22ч си заминавме ние како последни.
Мојата во 22 со сила заспива ама има редовна дремка во 18 ч. без неа ќе биде мрчало. 17 ми е рано, уште не се од работа вратени луѓето... можеби 18.30 најпаметно...