и јас баш сабајлево пишав на Аромати, и за крштевката ептен поефтина понуда ми дадоа скоро за упола цена ама си порачав од Бт, ми ја донесоа моите, а ги имам еднаш пробано ок ми беа на вкус, ништо посебно. Феникс, кај закажавте роденден? ние уште се двоумиме дали игротека/ресторан (заради трошоците), ако имате идеи за ресторан со посолидни цени предложете ве молам, исто и за слаткарницата, стварно не знам што да правам. Дали сама да декорирам ама некако немам нерви, за крштевката мафини правев сама душа ми излезе покрај сите спремања други што беа... ние планираме макс буџет 500 евра за околу 20 луѓе, во тоа да покриеме и кафана/игротека и торта и облека, декорации од Тему најверојатно ќе нарачам
Лира или Франц, тоа не губи вредност со години расте чисто злато е 22 каратно , златото расте секој ден. И останува кога ќе има потреба ќе продаде. Додека ланче, алка тоа слабо и вредноста се губи доста после за откуп. Други работи ќе си купувате по потреба.
Јас правев 2022 свадба во Парк,и имам влезено баш во кафичот киндер парк внатре ама беше малечко,баш кафич.Незнам сега откако е реновирано како е,ама како и да е ќе мора прв роденден во ресторан пошто блиска фамилија и пријатели и немаме многу мали деца
И ние зправевме во Парк 2023, сега мислам сменето е. Иначе и ние во ресторан ама што има игротека закажавме.
Ве читам за родендени, и ме стрефи дека за 4 месеци и мојава ќе полни годинка Е сега гледам скоро сите барате ресторани, игротеки. Некој да славел по дома, како си поминал? Немам деца за игротека освен два внука, а фамилијата што би била поканета на род е малечка, а другари не ми се носи во ресторан, секако и претходно повеќето дружби ни биле домашни собиранки. Исто ме интересира и теми за женско што планирате? Сепак би украсила, декорирала и сл, ама ич немам идеја што.
За прв роденден за девојче, мене ми е дефинитивно пеперутка. Кај нас така беше, декорации, балони се од Тему.