1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.147
    Допаѓања:
    4.184
    Пол:
    Женски
    Сега си помислувам за дома кога спомна, многу ми е тешко тоа средувањето после гости чаши флаши итн. И пластични/картонски варијснти да се пак е многу ѓубре и работа.
    Јас не би дома такви прослави штознам.
    За теми на пинтрест милион гледам
    /шумски животни/сирени/бонбончиња/овошја/алиса во земјата на чудата/принцези класика итн. Пребарај ќе најдеш све и сваштаа :inlove:

    мене најслатки ми беа летово овие овошниве теми со лубеници/црешнички/јаготки итн ама пошто твоето е зимско роденденче ваљда нешто друго треба дс се смисли.
    Јас за моето бебе би одела од помислата што најмногу се радувала тас година да е поврзано /цртани/јунаци/бои/приказни/книги итн.
    Мојата е летна женска и одвај чекам да почнам со спремање и планирање на пролет 8)
     
  2. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    1.442
    Пол:
    Женски
    Јас пак со чистење немам проблем, и така машината пере се :D плус со другарите сме многу разбрани зошто сите сакаме такви собиранки а јас и мм бевме првите кои почнаа да живеат сами секогаш на крај све собираме заеднички а јас редам машина и за 20 мин е средено.

    И јас тоа се мислам за темата да е според неа, ама па мала е на нешто посебно да се радува. А моментот што е зимско дете баш ме нервира малце, да беше пролетно одма во парк ќе правев не се мислев 2 пати :D
     
    На Ladyme, Baby warrior и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    Ние сме летни и имавме тема магична шумичка плус искомбинирано со one wild wildflower и се друго што сакаше беба ^^ летниковец во парк покрај езерце завземавме, го накитивме со балони и цветови, направив мафини, торта ни донесоа па само ја накитив со печурчиња и цветови и пчелички од фондан што направив, банер, matching сукњички за неа и мене, кифлички.. неколку дена спремав све сама :) за дечиња сокчиња и грицки во хартиени тањирчиња и чашки, за возрасните даски од Маргер си порачавме, во една голема кофа мраз истуривме, ладни пијачките... И кафе можеш од авенија или номад да си порачаш.. зависи на кој летниковец...
    Планирав активности за дечињата но не успеав, оно и секако грото беа <4 години. Ако сакаш ќе ти пуштам слики, пиши ми.
     
    На lala15, MariaBouli и Baby warrior им се допаѓа ова.
  4. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    И јас одлучив баш така тема со шумичка ама малку повеќе есенски детали, зошто во ноември е роденденот. Јас сум родена на сред јули и обожавам лето, цел живот во двор славев роденден, штета што не можам за ќерка ми така да си славам. Ќе порачам од тему декорации нешто и сама ќе си направам, и за крштевката така правевме со мајка ми и баш бев задоволна иако со мафините доживеав нервен слом. :sweat: Само уште не знаеме дали ресторан/игротека оти сме ептен кнап со финансии, јас сакав и дома ама немам место стварно.
     
  5. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    Најубавата тема, башка есен ✨
    Јас сум пролетна па, и за мојот роденден 99% врне :tmi:А овој ми е прв роденден летен и ептен ми беше инспиративно зошто и беба ми е средина на јули :inlove:
    Леле јас сум тему хејтер ич не сакам да нарачувам од таму, пре би да не е нешто најнај направено него да е од тему. (За готови декорации зборам, балони, четки, реквизити, алатки - може) Тоа е сепак мое мислење. Мафини ако требаат тука сум :lol:

    Коа ќе пораснат ќе имаме повеќе избор за родендени, вака ептен прв роденден па сите треба да се викнат да се соберат... Кај нас на пример утка беше што имавме луѓе у години што не дојдоа, сакале да седнат они... Роднини од други градови не ги ни викнавме... Здравје дворот коа ќе го средиме... :) А у помали групи дома да ги викав не ми се замараше. :worried:

    Не се нешто мн квалитетни сликите, и ко по нормала неам асални слики од ништо...
    IMG_20251001_215916.jpg IMG_20251001_215844.jpg IMG_20251001_220006.jpg IMG_20251001_220024.jpg IMG_20251001_220447.jpg
     
    Последна измена: 1 октомври 2025
    На Baby warrior и lala15 им се допаѓа ова.
  6. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Сликата со пивото:rofl::rofl::rofl:и мојава е фан на пиво, веднаш штом ќе види пиво, трча да се напие:rofl:. Преубаво и ептен магично. Јас решив да порачам торта на два спрата и да немам мафини оваа год, а од тему ќе нарачам само балони, есенски салфетки и некоја декорација за масата како пластични тикви и листови, и јас сум против тему оти реално се е со сомнително потекло и токсични материјали, а и не е нешто кој знае колку поефтино...Инаку, ми даде идеја со сукњичките, ти изработуваше, така?
     
  7. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    Пивопијки малецки ❤️ Одеше мојава и со сите живели правеше :lol: :inlove:

    Инаку да јас ги правев и за мене и за неа ^^, не ми е само апдејтната страната имам уште неколку нарачки правено, а сакав и рибрендинг да направам, ама побарај слободно handmadestardust_ или магичниот свет на туту ^^
     
    На Baby warrior и lala15 им се допаѓа ова.
  8. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.801
    Допаѓања:
    2.544
    Пол:
    Женски
    Предлог игротека да е доволно голема и за 40тина возрасни?
     
  9. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Little Land на Прашка во Тафталиџе
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.801
    Допаѓања:
    2.544
    Пол:
    Женски
    Една од опциите ми е, ама термин имаат само од 17:00 - 19:00 слободно.. а работен ден е, не знам што да правам
     
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    9.915
    Предложете локации низ Скопје за прослава на 1ви роденден?
    Не барам стриктно игротека, што разбира од игротека на 1 година. :D
    Ќе имаме и бенд, така да да биде со простор за денсање. :D За околу 80 луѓе, плус деца.
    Би сакала да е нешто каде може да се комбинира седење за постари и високи маси за млади, со шведска маса. Не сакам како класична свадба, кршевката ни бепе така. Сега сакам повеќе како забава да биде. :D
     
    На merriel0 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  12. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    ATK кај Борис Трајковски, сум била на баш ваков роденден таму па затоа ти го предлагам.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.147
    Допаѓања:
    4.184
    Пол:
    Женски
    Бис, карши жан митрев
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    49.083
    Пол:
    Женски
    Ние го славевме дома првиот роденден дека 2021 и уште беше колона и мерки имаше.
    Се намаливме и веќе на памет не ни падна таква егзибиција.
    Имавме кетеринг земено демек да си олесниме, гости во 3 тури доаѓаа. Од 12 мое друштво и фамилија, негде средина на маж мајјка,сестра.. и вечерта друштво ни дојде.
    Значи од 12 сабајле до 1 ноќта со луѓе папсани. Маж цел ден го помина у трчање и служење гости со пијачки, ја на секоја тура мењање трчај со тањирите за миење да има за следна тура. Згора на се друштвото што ни дојде вечерата јадеше ладна храна и тоа што останало од кетерингот, па дополнително со маж делкавме сувомеснати и сл.
    Никад нема да ми падне на памет пак да правам дома пошто е пренапорно а парите истите се ако не и повеќе од игротека.

    Тема ни беше Baby Yoda , имав од али балони и сл колку да се радува малата а и за нас имаше емотивно значење ликот.
     
  15. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    4.816
    Пол:
    Женски
    Се пуши внатре, бев на еден прв роденден. Не сум воодушевена од ништо, ни храна ни атмосфера.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    1.442
    Пол:
    Женски
    Не би имале толку гости, како што пишав имаме едно друштво што ќе го собере наеднаш, и плус некои домашни. И искрено не би ги викала и во ист ден баш заради тоа да не сме цел ден со луѓе :D

    За со друштвото секогаш собиранките ни биле со готвење каде што секој помага во готвењето и во чистењето на крај. И иако е роденден на ќерка (демек поспецијално), искрено, не би го сменила тој начин на функционирање. За домашните би направила како нашите родендени во 90тите, кифлички, салама, кашкавал, сок и торта :D
     
    На Kjara2025 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    13.260
    Пол:
    Женски
    Се пуши на терасата, во делот кај игротеката не се пуши.
     
    На Carpe Diem New му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    621
    Пол:
    Женски
    Не се пуши внатре. Услугата и храната ок беа.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    4.816
    Пол:
    Женски
    Ние бевме внатре до игротеката масите, зимно време февруари, одма тука е и шанкот лево ако добро се сеќавам. Пушеа тука и на маса со нас што беа. Баш му се реков на мм. Сега ако смениле нешто можно.
     
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    13.260
    Пол:
    Женски
    Не знам кој запалил цигара во затворена просторија, тоа е за пријава. Ние сме биле неколку пати и само на терасата се пушеше, во затвореното никако. Не знам кој може да биде таков кретен, па уште и кај децата што се да пали цигара. Ние таму закажавме за прв роденден, па ќе видиме.
     
    Последна измена: 6 октомври 2025
    На Carpe Diem New и Ladyme им се допаѓа ова.