E znaci tie se matematikite, 30 parcinja 1500, 60 parcinja 3000. @irena.1 docnis so sovetot im pomina rodendenot.
Јас не планирам фешта да правиме. Најблиските ќе ги носиме у кафана, ќе има торта и нема да се облечеме исто со бебуфче. Ќе ја облечам во нешто комотно (не во пердуви, свила, тул) и ако е ладен денот ќе ја облечам и во панталони. Секако нема да и биде важно како ќе биде облечена, а мене ми е најубава секако, а и на сите што ќе дојдат. Кога ќе биде свесна за родендени и кога ќе има желби, ќе и ги остварувам. Вака ми личи ко реализирање на мои желби за роденден, а не е мој, нејзин е. Уште и фризура да правам и фустан да купам... Една недела после тоа, секако ќе одам до црква, за мојот втор роденден кога за малку ќе умрев по пораѓај. Мене лично ми е ту мач ова со фустани, со ѕидови и столбови украсени, со слики и чоколатца, со срциња... на сунет ме потсеќа Не сфаќајте како напад, ама мене секој ден ми е роденден со неа. Може грешам. Моите правеле за мене фешта, 3 дена роденден, 2 спрата од куќата полни гости, торти правење... за на крај да им згазам на тортата, да ми свикаат, да се испомочам врз фустанчето и мајка ми да се сеќава како била уморна, потресена, а јас не се сеќавам ич. Ама затоа се сеќавам на првиот роденден у прво одделение, тогаш немаше одење по игротеки, дома се правеа, цело одделение, 28 деца кај мене дома, јадење и мсоки фрлање, играње и пеење, па имавме еден касетофон со микрофон, па моите ни уклучија па колку сме врескале... нормално немаше родители ко сега, викаш 20 деца и 40 родители на роденден, нит ги знаеш нит ги познаваш... тогаш се собираа заедно само децата и идеа, подарок беше секогаш тетратки блок, смоки... Затоа мислам дека повеќе ќе и славам родендени кога ќе е свесна за фактот дека и е роденден, вака да викнам 50 души... ми е... од што се мора, не од што сакам. Доволни се само оние кои ми беа на венчавка.
I jas nesto slicno ko @Cka so toa sto spojuvam so krstevkata. Planiram najveke 30 dusi vo kafana so edna torta i to je to. Za tulovi jbg kumata i kupila takvo fustance, mada mene ne mi e loso, moeto sto ke i go oblakam za pred krstenje e suknja i bluza po obicno t.e. ne mnogu sljocavo. I jas ke bidam vo nesto ednostavno pretpostavuvam zosto seuste ne sum kupila nisto. Znaci kafance so tivka muzika edna torta i lapacka. Planiram zborno mesto da e crkvata, ok e taka? Ne planiram da gi zbiram doma gostite pa u crkva site. Tuku da prasam podarocite na kumovite koga im gi podadovte? U kafana, u crkva koga? Mnogu mi e glupo toa ppdavanje na podaroci, moze drug den da se dadat?
Dragi mamicki Nas vecerva ni bese po 18 ti pat prv rodenden. Od denes pa natamu vo kukava ima trojca vozdrasni so podednnakvi prava i obvski. Koga moeto dete bese malo pravevme golemi rodendeni, so ubavi fustancinja, kafani pienki i igranja. Se sekavam kako denes i sekogas pak istite emocii me obzemaat kako denes da e prv rodenden. Koga potporasna pravevme rodendeni po bazeni (ludnica 7 deca poluplivaci i neplivaci, samo kaj mi bese umot), vo kino, vo prodavnica za glineni proizvodi, pravea solji za mlekce, na rock climbing, vo prodavnica za nakit pravea lancinja, na skianje,na klizanje...... Jas i mm sekogas bevme prisutni, rastrcani so picite i tortata. Denes za prv pat sme sami. Sedam i mislam sto li pravat, kade se, pie li, kolku ispile. Deteto si bese super vozbudeno, vozbudeno zosto denes prv pat vo zivot ke vleze vo bar i ke ima pravo da naraca alkhohol. Nema nekoj doterafki, nema sminka, stikli, nema pompeznosti, se e taka obicno. Go isprakam i velam "znaes", ona veli "znam ti nikogas vo zivot ne si se napila go znam toa" . Go isprakam so pogled i sonuvam pak da go vidam moeto malo devojce so belo cipkano fustance i crveni kondurcinja. Mamicki slavetego sekoj moment. Neka ima radost, vreva, muzika, fustani, sminki, ukrasi, trakatanci... Toa ostanuva za sekogas. Decata brzo porasnuvaat. Koga se mali Vie ste tie koj go slavite rodendenot onaka kako Vie sakate, koga ke porasnat Tie sami ke odlucuvaat. Se vo svoe vreme.
@slobodka подароците по повод крштевањето се, јас два пати им ги дадов дома, дојдоа пред крштевањето па одевме накај црква заедно а за третиот пат се чекавме во црква и после чинот им ги дадовме. Охх @toogood ме расплака . Така е
Мајка ми и ден денес си ги врти сликите од мојот прв роденден во албум и се разнежнува кога ги гледа. Често и роднините кои биле на тој роденден знаат да искоментираат како сум била облечена, колку слатко бебе сум била со тие црвени машни во косата поголеми од моето лице. Мајка ми и денес раскажува како низ цел град со ентузијазам барала црвени машни зошто имала таква замисла за мене да ме дотера на тој роденден. Вака кога ги гледам блиските иако ја не го памтам, ми се топли срцето ним какви убави спомени им буди тоа. Вистина тоа е прослава за старите а не за детето и тоа ми е во ред. Сега на постари години сама си ги организирам родендените, сама одлучувам кој ќе дојде, сама одлучувам кај ке го славам, сама одлучувам што ќе носам на тој ден па сфќам дека на мајка ми само тој период кога сум била мала имала одврзани раце да ми организира прослава. Мене тие родендени ми будат убави спомени коа гледам фотографии. Се смееме какви сме биле ние, како не облекувале, каква торта сме имале. Убави ми се и родендените од детството со цел клас дома убави ми се и сега родендените со одбрано друштво на пијачка во некој кафич или ресторан. Како старееме се се менува па дури и прославите. @toogood скроз те разбирам како се осеќаш сега кога твоето дете е веќе полнолетно е ќе почне само да носи одлуки за се па дури и за тоа каде и со кого сака да ги слави своите родендени. Јас мојот 18ти роденден го славев 3 дена, се смеевме Ивкова слава дека е. Дај Боже луѓето секогаш да се собираат за такви убави настани и моменти зошто како иде времево со ближните и роднините почнуваме да се гледаме само за родендени, слави, дипломски и свадби.
На сите мајки им е секој ден како роденден,со своето дете. И на денот кога ги родиле нивните деца не ги сакаат повеќе од другите денови. Секој нека си слави на начин како мисли дека треба. Тој ден нема да ми биде пообичен или како другите. Зависи како ке ми налагаат условите,пред се здравје нели,ама ако се мој стил туловите има за тој ден да го одберам најубавит. Ова се дур јас бирам,кога ке одбира тој,јас само ке ги исполнам неговите желби. Затоа живеам.
Ние ќе славиме само прв роденден, и не планирам фестивали, теми и кловнови. Не сакам кафана, бидејќи сега кога го крштеваа бидна. Игротека не, мали се децава. Планирам 20тина возрасни и 5 6 дечиња. Нешто light, што мислите за Every Day на Кеј? Имаа порано дел и за играње, ако постои уште арно. Дај споделете искуства како вие си поминавте и на што да обрнам внимание.
Ние направивме прв роденден и крштевка заедно. Прво во црква па потоа во кафана да се почастиме. Имав околу 35 луѓе со тоа што деца и бебиња други немаше ( таквов ми е составот на луѓе, не дека им викав без деца). Немаше ништо специјално од типот кловнови и слатки маси туку чиста класика. Е се изнервирав со тортата. За малку ќе беше шоу програм. На тортата го пишале моето име наместо на ќерка ми ?!!! А толку се надевав на оние АРОМАТИ ЧОКОЛАТЕРИЈА демек најдобри !! како не бе !! Среќа кога се подигаше тортата татко и на малава го приметил и одма го смениле инаку ќе требаше да се мрднам од нервоза. Сума сумарум јас си бев задоволна од денот како го поминавме.
Kade pravevte i sto pravea malive deca? Se brkaa niz masi ili ... Sekade gledam trcaat niz masi po kafanive/kaficive kade sto se slavi, a majkive cool si se. Ne deka mene mi smeta, ako neka igraat i trcaat nego na drugive gosti da ne smetaat. Ne sakam taka. A za torta i jas se mislam megu Aromati. Kolku te fati i tortata pisi mi ako moze Fala
Здравје како за првиот роденден класика во игротека и торта, без шеќерни маси и слично нека поголемкиве деца се израдуваат, рипаат, трчаат....зошто и онака малово ништо нема да разбира! Поголема радост ќе е за бато него ли за него.
Јас бев на роденден во Евридеј и многу ми се допадна па дури и размислувам и ние да го правиме таму. Имаат дел за децата за играње а и понудата не им е скапа за родендени.
Кажете ми предлог подарок за прв роденден? Што вас најмногу ви се допаднало од она што сте добиле за вашите малечки
Пари.Облека би однела ако ориентационо кажат што им треба/сакаат.За играчки,не сум. Евентуално ако сте блиски па нешто во стилот точак,тротинет за понатаму...
Направивме роденден, поминавме одлично, малата весела, посбно оти ја погодивме тортата и балоните, се изнарадува. Едно време ми задрема, па си поседовме башка ние две, после пак се журкавме. Во кафаната бевме сами на спратот, има и игротека таму, имавме келнери за нас, ни дозволија ракија од дома... за 20 возрасни и 2 деца, не чинеше околу 10 000. Вечера секој што ке си порача, за пиење кој што сака, на крајј донесоа тортата, па дувавме, па имаше за сите и дома да им пратиме торта оти голема порачавме Имаше и опција за музика, чалгија бесплатна, ама не сакавме, така внимнието нив ќе им беше свртено не на бебето. Си доби бебе подароци куп, се радуваше ноќта до касно одвикувавме подароци...Се на се, одлично. За втор роденден здравје