@Dodo1 како поминавте за роденденот? Ме интересира делот кај возрасните колку имаше? Дали беше добра услугата?
Презадоволни. И за децата многу просторно за играње, и за возрасните е просторно. Ако имаш над 40 возрасни ставаат и коњопои, ние имавме околу 60 возрасни и таман младите беа на коњопои како забава. И персоналот е одличен, и сликите што ни ги направија беа топ
Одлично фала најмногу на инфо, па не верувам може околу 38 ми се возрасни и деца околу 13-14 ако дојдат сите здравје. Најблизок круг.
Предлог ресторан за прв роденден за прва недела април? Не знам дали ми е рано ама почнав да размислувам како би славеле да не закаснам па се да е букирано. Ќе правиме и крштевка така да не е пресудно ама ако има црква во близина уште подобро. Би сакала на отворено ама април е непредвидлив така да најмногу ми одговара да има и затворен и отворен дел.
Некој слична торта што нарчувал со име и декорации на два спрата, да ми препорача од која слаткара да земеме , првпат нарчуваме вакви за првиот роденден
Не знам од каде си, јас за раѓањето имав ваква слична торта на два спрата, издржа и возење од час ипол. Ја порачав од Де ла роса од Охрид.
Od Skopje, samo za Veligden ni se paga prviot rodenden, se nadevam ke ima nekade da se naraca za den prethodno
Мислам ќе треба порано да ја договорите, можеби има и жени кои прават дома. Имате време да истражите.
Od kade im kupivte fustancinja tie sto imate kerki za rodendenot nie sme vo potraga po fustan za prviot rodenden
Мајки предлози за ресторани со музика? Прашав во балкан и ксантика нема музика, нешто во тој стил ми се допаѓа. Или некој пристапен бенд
Женски ги има некој менијата од Бис да ми ги прати? И некои предлози за ресторани за мала прослава кон крај на февруари (околу 25-30 возрасни и 7-8 деца), идеално Карпош, Влае, Ѓорче?
Мајки ве молам за совет и ваши искуства Прв роденден и крштевка здравје Боже планираме да си правиме баш на денот,а тоа е баш на Лазарова сабота, точно на една недела пред Велигден Дали некој правел крштевка за време на пости и дали на пример после за време на ручек во ресторан менито за сите е посно?? Торта посна нарачавте? Сепак е пвр роденден и не сакам ниту порано ниту покасно и да се паднеше сред недела немаше да поместам само дека е пост па тоа ме става на мисла
И ние планираме крштевка тој период пред Велигден. Јас прашував во црква ми рекоа дека нема врска пост, крштевање може секој ден.