Јас не би менувала ништо, би прашала дали некој од гостите пости за нив да има посно мени, другото би си го терала најнормално. Црквата си крштева најнормално
Мајки ве молам за совет и ваши искуства Прв роденден и крштевка здравје Боже планираме да си правиме баш на денот,а тоа е баш на Лазарова сабота,саботата пред Велигден Ти благодарам
Здраво предлог ресторан или игротека (околу 10 деца, меѓу кои и бебиња) и уште 50тина возрасни за март? Стварно не знам како е подобро, во ресторан може да им е досадно на децата, во игротека не можат сите да дојдат, постари луѓе, храна лимитирана... Некој да сподели совет или искуство?
Ние правевме во Дион Аеродром. Гости околу 40, на маса по две даски месо и две похованицо,салата и фурнаринки. Со пиење не фати околу 36000 денари. Имаш и игротека за децата.
Дали некој правел прв роденден во нест? Имаме 10тина дечиња и 50тина возрасни. Не знам како се организирани со храна, но не сакам скари, бендови...Роденденот ни е на 29.4 а викендот е продолжен со 1ви мај па затоа мислев да прославиме на денот. Или предлог за друг ресторан а да не е дион и бедрум
Во Нест правеше една колешка , супер беше, а ние правевме во Ксантика, најдобро за родендени според мене Ако барате декорација GalaxyGolden Decor, а за фотограф JR Photography
Мајки дали некоја сама си правела торта од хартија? Што се е потребно чисто да пробам дали би можела да се снајдам? И од каде купувате? Благодарам или некоја друга слична идеа?
https://www.instagram.com/reel/CzntOfZMk2gqIW7iopZqIdh45hqhWsUn3TZj1k0/?igsh=MWVneTgyMW1uaW5jZQ== види дали ќе ти е ова од корист. јас вака му правам.
Фала ти но незз зошто на секое кликнување на линкот се различно ми отвора и не е воопшто поврзано со темата на која зборуваме
Женски здраво Ние се спремаме за прв роденден и крштевка,и сум во потрага по торта,па би сакала ваши искуства и совети за добра слаткарница Ќе имаме повеќе гости па на пример доколку имаме 70-80 возрасни може и помалку не сум сигурна баш како би било најдобро на пример за бројка на парчиња да порачам? Како ги сечат? Дали да биде со помалку парчиња? И како се со цени? Од Моцарт дали имате порачувано? Фала на сите однапред и убав ден
Од мене препорака за Делиција, Моцарт или Канела црвената. За цена ид овие три вероватно ќе ти дадат Делиција, пред неколку месеци ја нарачав за мојот роденден симфонија со фстаци преубава беше. Моцарт се препрофесионални чоколадна имам нарачано за еден повод со фигури и прекрасна беше. Црвената канела е класика цел живот моите од таму нарачуваат па со наследство ми е оставена навиката ама во последни време односот секогаш кога ќе побарам понуда за одредена торта им е катастрофа па за секојдневни опции се префрлив скроз на Делиција