И ние сме со сличен број на гости и баш се мислев колкава торта да нарачувам. Си мислев на горна граница за гости да нарачам па и да остане, може да се замрзне па ќе се изеде пак. Јас за Делиција одлучив, ми рекоа недела дена пред роденденот најубаво да нарачам ама уште се двоумам за кој конкретен вкус.
На тема торта за роденден бидејќи и се ближи на ќерка ми, јас планирам со торта да направам исто како за крштевката. Една кружна украсена за дување свеќичка и една плус што ќе стои во кујната од ресторанот па ќе сечат плус од неа. За роденденот планираме околу 50 гости. За крштевката имавме повеќе гости и исто имав една кружна, а другите ремени, прво сечеа од ремените, а кружната речиси цела ми остана за дома па имав и за гости кои ми дојдоа дома си ја замрзнав и си вадев по потреба.
Ти благодарам многу,се мислам за Моцарт знам дека се и поскапи,највеќе и за убава да биде декорацијата а може и Делиција да биде,таа ми е привремена за вкус и цена се супер
Можеби и јас ќе решам за Делиција,таму имам порачувано,баш ќе одам да видам или ќе им пратам слика за цена да ми дадат За Моцарт не сум порачувала до сега па затоа моментално истражувам
За детска торта немам порачувано сега прв пат,имам за нас порачувано и се многу убави,имам пробано и од колачите,од еклери се до сега било преубаво,на роденден детски имам пробано торта многу убава,незз која била,ама јас не сум порачала за дете сега ќе биде прв пат ( прво па машко)
Нема утка со Делиција за декорација. Јас секоја година земам од кај нив, само поскапи се од други слаткари за 1000-1800 ден (освен од Моцарт). За родендените на малата сум земала Киндер, дека за деца
Од Моцарт ни беше за првиот роденден, за втор од Делиција. Моцарт се скапички ама дека беше прв роденден сакав да е и на изглед убава, беше на 2 спрата. Ја направија исто како од слика што им пратив и беше вкусна, нешто чоколадо малина така беше. Делиција исто, за декорација немам збор, исто како од слика, цена ниту евтини ниту скапи, некоја средина, малку беше по блага од што очекував ама се на се, супер си беше. Која слаткарница и да ја одбереш од овие две, нема да згрешиш.
Јас нарачав од делиција за роденден.Задоволна сум и декорацијата супер ја направија.Цената е ок.И ние цело време од канела црвената ама ми дадоа цена за торта што мислам дека нема потреба да се дава толку. Овој модел ни беше иста ја направија
Преубава торта Јас очекував дека Делиција се поефтини од Моцарт но за истата тортата поскапа понуда добив од Делиција инаку дека се превкусни нема збор за тоа А да ми предложите вкус на торта која е убава , чоколадната од Делиција ми е пробана, некој друг вкус? Или од Моцарт
Јас Ѕвездана ја нарачав за мој вкус блага малце ама на другите им се допадна.Исто Перфето се добри и ок со цени ,и имаат добри вкусови само нема достава мора сами да си ја подигнете тортата.
Даа на нив не ми текна,ќе им пишам и нив да видам понуда Ти благодарам најмногу Па јас би сакала некоја полесна да не премногу блага
Јас порано секогаш од Делиција сум нарачувала, ама за вториот роденден на мали ми дадоа понуда 5200 ден за торта од 30-35 парчиња, додека од другите добив од цени 3000-3500 ден. И така им откажав љубов на Делиција, се префрлив на Перфето. За втор и трет роденден нарачав, декорацијата супер испадна, вкус одличен. Лешник нарачувам јас, мене ми е преубава. И Жербо исто така им е многу убава.
Баш сега ми искочи перфето ставиле нов ценивник, они се ептен транспарентни со цените тоа ми се свиѓа не сум нарачувала со илустрации/форми торта ама сум пробала жербо преубава
Егзотикот од црвената Канела ми е преубава, Порано работев на свадбени во црвената Канела и отсекогаш се безвезе претеризам со цените За беба имав земено баш од перфето, овошна, ама само со шлаг, си ја украсував сама
Па до сега Перфето ми пратија најприфатлива понуда и има разлика во цена со Моцарт, делиција и ла крем Се мислам доколку решам за перфето за кој вкус, читам Жербо (ако така беше називот) дека многу ја фалат Искрено се изненадив за цената во Делиција истата торта таму најскапа,затоа треба да се разгледа убаво
Мене од канела маркиза таа ја имав и за свадба и за сите можни поводи, мајка ми вика досадна сум била па затоа преминав на делиција