И јас откажав љубов на Делиција зошто нарачував за родендени со идеја дека се поевтини од другиве. За крштевка ни побараа исто 5.000 за 35 парчиња а црвената канела 3.800 а мене црвената канела ми се највкусни убедливо. Делиција ми се многу на маргарин и декорацијата не ме бендисувала толку споредбено со Канела. Од вкусови од Делиција шварцвалдот ми е најубава. Од Моцарт нарачавме за свадба, преубава беше нема муабет за декорација ама луѓе ми се чини 2 недели претходно ја имаа направено. Не знаете колку беше бајата. Ни остана доста за дома, утрето кога ја пробавме жив срам не изеде. Особено што ја плативме над 500€… Ама тоа е, никад више од таму.
Стварно? Јас па за прв роденден во јуни бев убедена од кај нив да нарачам ради врвните декоратееи што ги имаат ама ако така прават со вкусот џабе
исто мојата најомилена. за последниов роденден прв пат нарачав од делиција, флорида вкус, со кокос е, кој сака кокос ја препорачувам, преубава беше. иначе мене романса ми се најубави на вкус, ама не прават веќе декоративни торти
А нема да ме чуди дека и тортата иста ни е омилена сто работи слични имам со тебе и никот има нешто мн слично поврзано со моето име па не е чудно и исто да се викаме
Е сега и мене ме замисли за Делиција, Перфето ми беа следна опција може и јас од кај нив да порачам. Што вкус е тој Жербо од Перфето знае ли некој?
Да декорација им е врв ама не знам како си дозволија така. И некои гости што ни кажаа отворено дека била бајата ни споделија дека и ним или и на блиски нивни им се случило истото со Моцарт. За тие пари срамота
Романса само за декорации, им нема рамен во Скопјево. И од таму и од таму имам нарачувано, Романса ко од слика да ја вадат истата торта што ќе им ја пуштиш, Моцарт се класа испод, па и за вкус би рекла.
А сакав уште нешто да ве прашам,за прв роденден крштевка дали освен тортата имавте нешто друго,на пр некои колачиња,мафин и сл..Или пак нешто друго за дечиња Ние ќе правиме во ресторан,па незз што друго освен тортата
Спојлер: мафини за слатка маса Освен последните за веридба што ги правев, обично вакви правам за блиски за прв роденден, понекогаш и лолипопс ама во компјутер ми се тие слики, баш и морковчиња за еден роденден со зајко имав правено
Ние го славевме во ресторан првиот роденден и имав само картички со чоколатце за секој гостин, вториот во игротека си правев сама слатка маса, со мафини, грицки, кифлички итн...
Јас во Ноември бев кај нив лично, ми кажаа веќе торти за роденден не изработувале, прашав која е причината, немале мајстори за торти со декорации, и тоа кажа 9 10 месеци пред Ноември, а бев решена од таму да нарачам.
па јас за роденденот во декември дознав, а имам таму блиска шо работи и после нејзе ја прашав, ми кажа дека декоратерката си отишла и најверојатно не ни барале нова, немало веќе да праат такви торти.
И декорацијата веќе им е под знак прашалник. За ова јас не би платила ни четвртина од тоа што го наплаќаат. Спојлер: Торта Аматерски скроз. @Baby warrior
Хмм вистина не е баш нешто убава. Јас таа за свадба што ја порачав беше скроз иста како таа што ја побарав и вистина многу беше убаво изработена ама престара беше. За крштевка што ни остана тортата 5 дена во фрижидер кога ја пробав уште беше посвежа од таа од Моцарт. Не преувеличувам кога велам дека може 2 недели порано ја имаа направено. Ама јас и општо од никогаш не сум била фан на нивните вкусови, сега се тоа е субјективно нели не може да се дискутира ама ми било лошо и тешко од пола парче торта и ги препознавам дека се од таму. Кога и да ми дојде тужно од торта и ќе прашам од Моцарт ли е секогаш е од таму хахаха. Последно пробав ептен убава торта во Ла Крем, во лептокарија. Ептен ми се допадна, не знам како се со цени и декорации, уште не сум се спремала за роденден иако мислам изборот на црвената канела ќе падне.
Тортите им се многу убави на вкус во Ла крем, ама за декорација се слаби, барем од тоа јас што сум видела. Ама кога ги гледам прасенцава и остатокот од декорацијата... па и не се толку слаби