На темава летни родендени, временски во колку саат ги закажувате од прилика, со оглед на тоа што е топло? Мојов во 7ипол, 8 заспива, па не знам кога е најпогодно за да не е во најтоплото, а и он да не се премори. Едит: @Baby warrior јас скроз си го имав замислено првиот роденден во АТК, ама терминот е зафатен освен набројаниве ги гледав и Киндерпарк, Форца, Ксантика и Симпл.
Исто и мојата 7ипол/8 е кома. Јас си викам 17:30да го закажам на средина на јуни сме ние ама и ја барам совет зошто не знам како ќе прогресира заспивањево до годинка пошто менуваат. Мојата последниве 6месеци покасно од 8:30 никогаш не легнала преморена е и околу 7ипол е веќе во пижами и спремна
Сега кога сме кај спремањево, сакам со ќерка ми да бидеме облечени во ист материјал ама различен модел фустанчиња. Имате сретнато некој кројачки салон да прави и детски убави и за возрасни? Нејзиниот ми е смислен скроз за мојот нешто едноставно сакам ама пак ист материјал.
И јас планирав во 5 часот, таман до кај 8 да сме завршени, јас ќе си одам со бебе, кој сака нека продолжи. Исто сакав на отворено ама ми е страв да не се расипе времето, свадба правев на отворено и за влакно се спасивме.
Јас имам доолга лична историја на дожд за важни настани и заради тоа за свадбата се одлучив за затворено и на крај беше прекрасен сончев ден, буквално само ноќта, 10тина минути пред крај на свадбата заврна, иако прогнозата беше цел ден дожд. Така што за роденденов решив да ризикувам Дали може да ми кажете од прилика како се движат цените по студијава за декорација и дали имате некоја препорака?
Ние пред некој ден правевме роденден, и ги препорачувам sky.high. Јас прво ги изгњавив на инстаграм со предлози дали може, не може, колку би чинело итн. така да слободно можеш да им пишеш и да ти кажат. Декорацијата излезе прекрасна, нашата чинеше 9000 денари.
И јас ги гледам нив, ги фалеа тука и други ама си викам прво местото да го фиксирам па да им пишам да договориме. Примаат нарачки по слика за поспецифични теми или имаат они опции одбрани само?
Можеш да им пратиш каква сакаш слика/тема и они ќе ти кажат што можат/не можат да направат и колку ќе чини. Можеш да им пишеш со време за датум ако знаеш чисто за да те рачунаат, па ќе им кажеш и локација кога ќе дојде време.
Феминки, планирам сама да си украсувам за роденден. Имам балони од Тему. Хелиум немам. Пратете некој линк како да направам база од балони, како да стојат повисоко а да не ги лепам на ѕид. Било каков совет е добродојден.
Некое искуство од Биен - Аеродром? Пред неколку години сме биле на прв роденден ама зимски беше, за летниот дел терасата ме интересира и општо храна/услуга/услови
Има некој искуство дали балониве од тему се ок и која цена ги полнат низ ск со хелиум? За дома ми требаат неколку, па се мислам дали да нарачувам или да одам готови да си купам комплет
Имаше со хелиум? Прашањето ми беше дали да си купам готови надувани од ск или да нарачам од тему па да ги носам на полнење
Не, затоа што цело беше на постолје и не ми требаа со хелиум. Иначе не знам вака по Фемина што читам не знам дали има негде кај што полнат, распрашај се прво тоа
Да ги прашаш овие во парк и зоолошка услуга дали ќе ти направат, инаку тешка работа, период наназад пишуваат членки дека премногу пари бараат тие во Џамбо. Најубаво да си земеш готови и да не се замараш, најискрено.
Едно време околу свадбата кај полициската на битпазар во еден дуќан по скалички носев да ми полнат со хелиум амааааа ова пред 7-8год, некој знае дали уште постојат?
Во Веро Џамбо пред некое време прашував за полнење на еден голем балон (од големите бројки) и ми побараа 350 ден.
За роденденскава торта добив нај ок понуда со цена/состав од Њујорк, Делиција и Канела — чекам од Перфето. Од Њујорк и Перфето како сте задоволни од декоратерите? Мн ми е битно да биде како примерот