Абе сега бевме на еден роденден тортава беше скроз безвезе излобличени фигури ми остана во памет а знам другарка ми ми праќаше слики што сака ама не и искоментирав ништо викам ај да не ја нервирам … мислам ми рече од перфето баш денес ќе и се јавам
Јас мислам најсигурна опција е секогаш Делициа. Не дека сум барала некои екстра тешки декорации, ама секогаш ми ги погодувале тортите, дури и поубави од тие што сум ги праќала (некогаш ќе им кажам тоа и тоа ми е битно, нешто и на нив сум оставала).
Да и јас сум презадоволна од нив, сега пред еден месец за на маж ми роденденот малце составот на тортата ми беше безвезе малина некоја одбрав а внатре имаше едно тенко линииче малина фил не се ни осеќаше … ама ја ја утнав изгледа. Симфонија ми е пренајубава од кај нив … сакам да ги пробам и шварцвалд и ѕвездена по состав мн богато ми стојат
Шварцвалд јас ја сакам најмногу, ама дека има овошје никој не ми ја сака, па не ја земам. Ѕвездена е премногу јака за мој вкус, грчка е убава така лесна кремаста. Исто и флорида сум земала, со кокос, убава е. Имаат мали парченца во слаткарниците како колачи, не знам баш дали од сите вкусови ама можеби да. Исто ролатчиња мали за проба ако сакаш по 10тина парчиња во секое време може да се купат.
Јас споделив неодамна, супеер искуство имавме со Делиција. Ѕвездена мене ептен ми се допадна и гостите многу ни ја пофалија. Сега нарачав сахара за на мм роденденов па се надевам и таа ќе биде добра
кремаста ептен да, стварно превкусна ама не знам за летна колку ќе оди знам ти рече во лето и е роденденот можеби ќе е тешка за на жешко
За мене па лесни торти не се торти закам чоколадо крем ораси тесто се за мене маркиза од канела е највкусната торта на свет и симфонија од делиција ама баш ќе одам да пробам колаче кога ќе нарачувам
и јас сум со тој став но ете има и некои како членката горе кои сакаат полесни торти, особено па во лето
Сличен вкус за торти имаме ѕвездена е баш богата, убава, јас за неколку поводи ја имам нарачувано, ама имам добиено коментари од луѓе кои не преферираат многу благи торти, дека е претешка, така што дефинитивно не е стандарден летен избор, ама ако сакаш блага, богата, со тестo полно со ореви - go for it А за перфето, мене на вкус ми се преубави (особено жербо), ама за декорација, на другарка пред скоро многу и ја имаа утнато тортата. Фигурите беа некако изобличени, со чудни очи.
Моцарт ми дадоа ок цена, се мислам меѓу нив и Делиција со тоа што во Моцарт би била и повисока 10цм. Некој скоро со искуство од кај нив јас немам јадено нивна торта 2години
Девојки препорака за фото студио да почнам да разгледувам од некаде за роденденот.. Повеќето што ги прашав само сликаат и на меил ги праќаат сликите. Сакам да можам и да си ги извадам во истото фото, некој пакет да си одберам. Ве читам за околу слаткарите, години наназад за скеој роденден за мене и за мм земаме од Делиција. Немам збор, сите вкусови сум ги пробала, супер ми се. Со декорацијата исто така, до најмал детал ги прават.. никогаш ми немаат утнато. За свадба, за најбитниот ден на една девојка, јас со сиот паммет ја послушав свеки од Ве-Микс да нарачам. Преку пријателка ова она хахах ме убеди и секако исходот го претпоставувате. Значи ај што крајно не сериозно за вкусот што врска немаше со тоа што избравме него и декорацијата не беше ни блиску до тоа што сакав. Неможам да си простам за тој момент
Делиција на вкус се ок, а за декорации врв. Моцарт на вкус не ми се допаѓаат, декорација одлична. Њу Јорк и вкус и декорација се добри. Перфето на вкус ми се најдобри посебно жарбо и лешник, ама се многу нељубезни, декорација така, плус на нас ни ја згрешија бројката.
Ние од таму мислам купивме за свадбата бова со хелиум за дување баш, пиши на google да си купиш сама да си надуваш.. а можеш и да одиш секако да прашаш сигурно ќе ти надуваат ако ти е за два три балона
сум заборавила што се става во кутивчињата по родендени , се мислам дали кутивче или пак ќесе украсно за децата ...
За 1 годинка стварно не знам и јас се мислам дали воопшто да праќам и што. Инаку за поголемото ставаме лижавче ,карамела ,оние малите чоколада на свислион или малите чокобисквити некои ставаат балончиња. И така