Јас ставив животинско царство, крем бананче, лижавче, балонче и од оние пуцкетавци што пуцка на јазик кога ќе ставиш од прашокот. Зависи и колкави дечиња ќе има.
Сега бевме на роденден први на другарка малиот имаше ставено како во кутичиња украсни - шмукалче од дм, животинско царство, мала водичка и неколку бисквитки хип
сега сакав да ти пишам за Моцарт подоле, правилен избор си направила нема утка ќе видиш.. и декорациите им се врв.Најубаво да си поминете.
Здраво на сите би сакала да ми дадете предлог идеја за во градинка од каде би порачала хартиена торта и слатка маса со убава декорација за прославата.
Ние имавме такво, па можам да ти кажам само за онакво пано со балони големо за сликање со напред масички за торта. Во sky high тие опции што им ги праќав на слики, беа меѓу 150 и 200 евра. Немам искуство со други.
Позадина со две паноа со натпис со балони + масичка за торта плус имав и додатно кутии one полни со балони - 7.500ден balloon event jm / ја препорачувам, одлична е и со прифатливи цени
Ако имаш време и нерви порачај си од тему и сама украси си. Јас така планирам, сите украси што ги гледав вкупно ни 1000 денари не ме чинат, за таква декорација над 150 евра земаат
Ќе може да ми предложите ресторан за прв роденден за околу 40 гости во Скопје во септември? Ќе има и околу 10тина деца и бебиња.