Ние ќе правиме роденден првата недела од септември и уште не сум почнала со подготовки. Крштевката ја спремив за една недела: и ресторан, и торта, и декорација и фотограф. Роденденов од следната недела ќе го организирам. Најтешко ми е да се одлучам за ресторан. Мајки, може некој предлог?
Класичен ресторан на пр. Ореов Лад е убаво, или кетеринг и пијачка?Leaf кај Балканика е мн убаво место
Ореов лад и други мајки го предлагаат погоре. Далеку ми е некако, а Leaf убаво изгледа на слики (го најдов на интернет) и ќе одам да го видам во живо. Фала за предлогот.
Мајки ве молам за совет и предлози за прв роденден и крштевка во октомври, околу 35 луѓе би имаче и малку деца, 5 најверојатно не знам во кој ресторан дали отворено или затворено и дали да има дел игротека, Секој предлог ќе ми значи И исто мислење дајте ми дали од црква дирек во ресторан или да ги одделам, ми е страв бебе да не ми се премори
Дали може да ми предложите добар ресторан за прв роденден со игротека за декември ми треба? Исто ме интересира искуство за Kinder Park?
Немам прослава правено рандом седнавме. Нафората со 3 различни лебчиња ,помфритот камен ладен ,услугата онака.. Имав чувство како да собирале од по маси остатоци да ни дале... Можеби за прослава е потазе нели со бројка се не знам ама веќе таму не сме отишле ова беше негде пред 2 г
Среќен да е роденденот ,се надевам убаво ќе си поминете сепак многу време е ооминато од тогаш,може се смениле