Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.987
    Допаѓања:
    133.705
    Калабалак во парк. Требаше на др место ама ни откажаа.
     
    На tarantula му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    652
    Мами што правеле дома прв роденден споделете искуства колку е извидливо сама се да спремам со оглед дека немам помош од никој. Дур е време да одлучам дали да се нафатам или да барам друга варијанта за славење од околу дваесетмина луѓе.

    Што мезиња спремавте, декорации па може и некоја слика за идеја :)
    Ја читам @AngelOfArh деновиве и баш би сакала да сподели искуство околу спремањето и како се поминало :)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    Јас имам спремно поховани зденки, кашкавал, пирошки и пилешки прсти. Ќе имам 4-5 врсти крем салати, кифлички, пинерлија, проја мафини, стапчиња со готови кори, урда и млад кромид, стапчиња од тесто, мининкрофнички благи, сувомеснато, скара и свежи салати. Похованиците ми се готови, мајка ми ќе ги донесе месените работи смрзнати и тие, скара ќе нарачаме, на мене ќе остане да се направат крофничките и проичките, стапчињата, ама се тоа утре ќе направам дел, дел во понеделник. Во недела вечерта ќе ги направам корите за тортата и едните филови, во понеделник другите филови и ќе ја исфилувам и смрзнам, вечерта ќе ја одмрзнам малку, ќе ја исечам, ќе ја украсам и на страна, да може да спласне убаво, да видам ако не ја бива да си нарачам од слаткара. Мада уверена сум дека ќе биде најубава на свет.
     
    На mac.mac и majdaa им се допаѓа ова.
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ние правевме во двор. Јас од храна ништо не спремав. Нарачав скара на кило, нарачав торта, имавме кетеринг од топли и ладни даски (т.е ордевери и похованици со некој салати и сосови), мајка ми направи крем салати и кифлички имавме. Украсувањето на дворот го направив јас. Имав балони со хелиум, обични балони многу, натпис, некои стварчиња за украсување, посебна масичка за децата на кој се дуваше тортара, маички за децата кој сака. Тоа се поврзано со темата.
     
    На slobodka, Cka, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.
  5. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    По колку пари ги плаќате топерчињата за мафини, поканите, жиците со име (отприлика)? Ми спомна другарка и рекле покана 40 и буква за име 70 ден.?! :o И ако може предлог на страни од фб (ги знам само Естима и ЈК креатив дизајн). Нон стоп ми излегуваа сега кога ми требаат ги нема :)
     
  6. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Иако е рано,јас си закажав кафана уште од сега. Ке бидеме околу 70-80луѓе.
    Торта закажав на два ката со ликовите од baby tv. Друго се од кафана.
    Фустани уште разгледувам, но ќе шиеме иста боја, различен модел, моделот чекам дизајнерката да ми исцрта и предложи.
    За малата уште сега порачавме стартки на converse.
    Слатката маса ќе ја декорира жена што соработува со кафаната.
    Закажав и фотосесија.
    Јас само ќе набавам балони од aliexpress.
    Си ја фатив работата со време и се надевам се ќе биде по план.
     
  7. kelebeim***

    kelebeim*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Балони со хелиум од кај да земам? Освен на трети во Сити мол друго место знаете?
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.987
    Допаѓања:
    133.705
    Jaс од таму земав. Скапи се. И нељубезни. Ама немав поблиску. Ќерка ми ги обожаваше.
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јас земав од тие во парк пред дрвениот мост кој води накај луна паркот. Имаат и фб профил,така ги најдов. Се разбира претходно се договоривме и дента спремни ме чекаа,само поминав ги земав. Ако ти треба фб контактит утре ке го побарам. Јас бев задоволна од нив. Балоните со хелиум им беа по 100 ден. А јас им однесов и обични балони по 50 ден ме кошташе балон.
    Може немаше од таму да купам,ама суперхеројот што го барав само кај нив го најдов.
     
    На kelebeim*** му/ѝ се допаѓа ова.
  10. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    За дување на мои балони(од алиекспрес) со хелиум колку би ми земале од балон?

     
  11. ^angel^

    ^angel^ Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    A za 6m dali nekoj naracuval torta i nekoja interesna ideja ako imate sakame so najbliskite da odbelezime?
     
  12. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    И кај нас помина првиот роденден
    Дома го прославивме (сега и никогаш повеќе,барем не со толку многу луѓе)
    Имаше скара,мајонезна салата,некоја салата со ореви и кифлички
    Тортата ја направи мајками,идејата за украсување беше на bubale (ја сморив неколку дена :* :*:*) и јас ја декорирав :angel:
    DSC_0679.JPG
    Како за прв пат излезе одлична
     
    На Trxmx, mac.mac, azelea и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Milla989

    Milla989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Како оди понудата во кафаните за прв роденден? Дали сите се со порција за човек или има некои што нудат мешани слатаи и ордевер на маса? На 20ти јуни правиме роденден, имаме 50 и нешто гости, дома да го славам- кој ке спрема, кој ќе чисти, треба цела вечер да бидеш келнер, ќе заседнат до ниедно време, во кафана од толку до толку ама па поскапо излегува. А прв роденден, прво дете, баш сакам да биде како што треба. Искуство, совет со некоја евтина кафана?

    Како е со цени во Калабалак? :)
     
    Последна измена од модератор: 5 мај 2017
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.987
    Допаѓања:
    133.705
    За 15 луѓе секој што сакаше порача што сакаше пиеше и имаше предјадење салати сосови и скара по избор плус кафиња на крај 10 000 денари. Јас сум мн задоволна. Не чистев не служев не пазев не раскревав :) плус се што остана спакував дадов на гости. За торта ми помогнаа. Ми ставија маса за подароци, маса за торта а имаше и игротека на истиот спрат за децата и дел поинтимен за доење.
    Јас не сум за претходно ставање на мени некако не ми беше ок јас да кажувам кој што да јаде. Секако беа најблиските па немаше да ми смета и поскапо.
     
    На Milla989 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Nas tema baloni ke ni bide. Obozava baloni mali, pisebno onie so helium skoka celo vreme po niv. Planiram 101 balon kako dekoracija, nekoi so helium, nekoj obicno naduvani nesto na stapce. Znaci najobicni baloni. Tuku prasanjeto mi bese kaj da najdam helium i kolku ide od balon najobicen da ti go naduvaat so helium?
     
    На mac.mac му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    И ние сме во план исто така на отворено, во двор. Колку те чинеше кетерингот? :)
     
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Хелиумска боца е прилично скапо, очекувај околу 100 евра или повеќе.
    Најевтините еднобојни хелиумски балони се 50-60 ден парче.
     
  18. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Prasav kade duvaat so helium, kade da se obratam, kaj lugeto vo park sto prodavaat baloni li ili vo cvekara ili na dr mesto, ne deka ke kupuvam cela boca so helium sto ke mi e.
     
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Искрено неможам да ти одговорам. Прво беше пред година дена. А второ имавме некој голем попуст. Затоа неможам да ти кажам точен податок.

    Пишав погоре, јас купив готови надувани од кај нив по 100 ден парче, и плус им однесов мои обични балони да ми ги надуваат со хелиум по 50 ден од балон ми наплатија. Едни од тие што продаваат кај зоолошка, пред дрвениот мост што води во луна парк. Јас ги најдов на фб (незнаев дека таму продаваат) одбрав кој балони од кај нив и им однесов мои балони претходно. На денот на роденденот само поминав да ги подигнам готови надувани. Они ми препорачаа така, зошто најубаво било дента кога ти требаат, тогаш да се надувани.
     
    Последна измена од модератор: 16 мај 2017
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Epa ajde ke pobaram na fb valjda ke najdam