како си поминавте? Јас лани бев на роденден таму и ми фати око. Сега планираме за нашево да закажеме…
Па и мене ама па другото мени е слична цена како во други ресторани, а ова вака пакетот шветска маса е баш ефтина цена ќе имаме многу гости. Услугата храната добра ли беше? Тоа ми е важно кани бев бремена исто не го видов делот игротека, океј е?
Услуга супер , келнер имаше цело време околу нас , игротека има една мала една голема зависи на кој дел ќе бидете. Храната на шветска маса еднаш ставаат и толку. Пица , сувомеснато , салата , и нешто ситно. Евтини им се пакетите , јас се смеев таман се напив и завршивме
Дали некаде сте виделе од маскотите да има gingerbread cookie маскота и дали знаете колку им се отприлика цените за изнајмување
Здраво мајки во декември треба да правиме роденден и крштевка, ако може да ми препорачате некој кои изработува декорации, сликар, слаткара
Здраво на сите! Јас сум верен читач на фемина, но прв пат пишувам Би сакала да ве замолам за предлог за ресторан за прв роденден на крај на Декември. Ќе имаме ~80 поканети возрасни и ~30 дечиња од различни возрасти (сите најблиски се, голема фамилија сме ). Некако не сме за класична игротека баш зошто имаме толку возрасни, ама сепак има и многу дечиња, па не сакаме ни нив да им биде многу досадно. За сега знам само за киндерпарк, но за зимно време некако терасата не ми е баш пријатна. Ви благодарам однапред ако имате некоја идеја.
За прв роденден каква музика обично има, во ресторан без жива музика доколку треба сами да организирате? Не ми е за ора и како свадба да биде, а не е ни игротека, што би одбрале?
Можеби малку надвор од темата, но дали знаете каде може да наполнам балони со хелиум? Имам купено фолија-балони од temu, прашав на штандот за балони во Сити Мол, но не полнат такви. Или, пак, од каде можам да купам боца со хелиум за самостојно полнење?
Јас за крштевката имав декорации од plamenche.mk на Инстаграм можеш да ги најдеш, сега пак им пишав и за роденденот во декември, сликар geric_photography и торта од Делиција.
Во цвеќарата во трговскиот во автокоманда полнат 150/200/300 денари зависи од големината. Е сега сите балони од Тему не летаат. Ми кажаа во цвеќарата дека ќе биде така ама јас инсистирав да ми ги наполнат и за жал они беа во право, балоните не летаа. Ми рекоа дека скоро сите што им донеле балони за полнење од тему не летаат.