1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ne gi spomna cake boutique za loso iskuatvo a sepak gi navede. Zosto? A sto e so lapetit, 511 i slicni ostanati... jas za cake boutique dobiv par mnogu pozitivni mislenja...
     
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.408
    Пол:
    Женски
    Ние го прославивме првиот роденден со торта од Лапетит и можам слободно да ти ги препорачам, одлична беше. Роденденските можеш да си ги бираш со што сакаш да бидат, јас избрав банани и чоколадо. Имаше и доволно парчиња. Всушност мојата беа два споени ролати со шеќерна табла одозгора за декорација. Оние рељефните (кои се поубави) ми беа доста скапи па се одлучив за ваква. Скоро сите гости ми беа возрасни а ќерка ми сеуште не знае да се изјасни каква торта сака :lol:
    Еве ја и тортата
     

    Прикачени фајлови:

    На anabel-a, DeMelo, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Еј кој лик! Rainbow Horse, Браво :) Кажи ми колку парчиња е тортава а колку реално испаднаа (со нормална величина?). Kолку ја плативте? И каде славевте , домче или? :) И има мноооогу убаво име твоето мало сонце!
     
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.408
    Пол:
    Женски
    Ете кој си глеа бејбифрст, си знае!
    Ми рекоа 40тина парчиња и толку и испаднаа и чинеше 1190 ден.
    Дома славевме, ми беше глупаво заради 2-3 деца да ги носам сите возрасни во игротека. Здравје има време и за тоа.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    И ние сме само пар деца и ќе правам дома. Размислував за ресторан ама некако ич не ми е интимно и блиско како за прв роденден. Сакам да има топлина и блискост, а не раштркани маси во ресторан и уште куп други луѓе како редовни гости од ресторанот. Гужва, се плашам и дека ќерками лошо ќе реагира на таква атмосфера. Дома одлучив дека ќе е дефинитивно ама сакам некако да украсам да има роденденски детски драж. Да не се секирам за лапетит? Најповолна цена ми дадоа... Ми мати глава само изработката на кејк бутик, за 48 парчиња заедно со фигурата 2500ден а лапетит за 40 парчиња 1800 со аконтација за пластична фигура која се враќа после тоа. Ова дека користат пластична фигура баш и не ме воодушеви. Затоа баш прашав во кејк бутик дали засебно продаваат фигури. Еве изработка од лапетит за конкретно барање.... слично е на она што барав јас па нема да им е проблем да се сработи. Едино што е пластична фигура...

    [​IMG]

    p.s. гледаме бејбифрст секакоооо, осовено ги сакаме покрај коњчево peekaboo и tillie knock knock.
     
    На flowergarden му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.384
    Пол:
    Женски
    леле Грл1895 јас ја обожавам Мини и планирам да правиме роденден во нејзин стил .
    и јас планирам дома , во ресторан со мало дете не ми иде, повеќе ми е за возрасни некако :^)
    Вака дома ке изнакитам , ќе средам во мој стил :inlove:
    Иначе тората како на сликава ептен ми се свиѓаат , ама проблемот е овде кај ке најдам вакви а и плус којзнае колку скапо ке не фати :?:
    Иначе Божица тортава супер изгледа , сиигурно и многу вкусна била :wasntme:
     
    На Bozica1980 и girl1985 им се допаѓа ова.
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.408
    Пол:
    Женски
    Хмм Грл јас ги гледав нивните албуми со слики и ниту еднаш не приметив дека тоа се всушност кукли, јас мислев дел од тортата е. А сега ми текнува дека им ги видов фигурите во слаткарницата.
    За вкусот да не се секираш гледам луѓе специјално доаѓаат за свадбени и роденденски торти од тука да купуваат.
     
  8. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.156
    Допаѓања:
    138.703
    Грл, Лапетит е проверена работа, ич не му ја мисли. Гарантирам, како безнадежен зависник од благо. Јас како се навлеков, кола палам во ниедно време за до таму кога ми се јаде благо, а не ми е блиску. Не се само тортите, тоа ситните колачи се лудило, ау тие со темно чоколадо и бадемче внатре од 500 ден. кило, мх, мх... е да беше мааалку порано ќе отидев до таму :D

    Ако се со пластични играчки тортите, убаво изгледаат и вкусни се. Имавме ние лани од таму со Мики Маус со голема пластична играчка, супер излезе, ама немам сега слики да ти пратам.

    Инаку ни јас не сум за кафани, некако не ми се за роденден на деца, што знам. И ние дома го славевме, и не само првиот, всушност прв пат во игротека мислам дека беше четвртиот, а може и петтиот роденден, а до тогаш се дома. Немаше деца претходно, чекавме да се родат, да има кворум за игротека :D. Дома викнав гости, дувавме свеќички, ја легнав да спие, и после ние со гостите лумпувавме :D
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.456
    Пол:
    Женски
    Ангел не се согласувам дека немаат испорака ,ама дека утињаат нарачките нема збор.
    Јас лани нарачав торта од таму (трета година по ред нарачувам пошо им се вкусни па за воља на вистината) ама формата ко за инает ми ја утнаа скроз.По телефон им нагласив дека сакам да биде во форма на срце во розова боја и БЕЗ свадбарските цветови што вообичаено ги ставаат на тој вид торта.Они ми ја направија БЕЛА СО РОЗЕВИ СВАДБАРСКИ ЦВЕТОВИ. Еве уште после една година се нервирам ради таа торта бидејки за мене е многу битен дел од роденденот.Ете мене ми е наредна недела роденден иако не први :D и јас се мислам од каде да нарачам бидејки од овие пак не ми се нарачува.Налет убав вкус кога скроз ке ми го скршат филмот како што ми направија лани.

    П.с се извинувам за оф топикот.
     
  11. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Ова беше тортата за нашиот прв роденден кој си го прославивме дома затоа што заедно имаме и именден .
     

    Прикачени фајлови:

    • 78.jpg
      78.jpg
      Големина на фајлот:
      47,6 KB
      Прегледи:
      613
    На bubic.k му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Потврдувам за ЛаПетит гирл, ич не му ја мисли :wasntme:
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена наоѓање на кеси во торта апсолутно не ми држи вода,затоа што во ниедна слаткарница процесот на правење торти не е автоматизиран па туку така да може да остане нешто такво незабележано.Ако кесата била во тестото,таа на печење ќе се стопела ,а ако била во филот тешко дека при филување некој нема да ја примети.Па во ниедна торта нема фил од 5цм! Туку злобници има насекаде,па така и филмувани приказни!!! Што се однесува до лушпи од ореви,бадеми,лешници и на мене ми се има случено во домашно направено да ми залута некоја.
    Ние првиот роденден на син ми го прославивме во двор ,но беше лето и тоа беше изводливо.Имавме направено типично детска атмосвера со многу балони и тањирчиња со детски шари.Ги извадивме сите можни реквизити,љуљашки,лизгали,точачиња и беше многу интересно,а богами и гужва :) Приборот беше за една употреба ,па така да за половина час и се средивме.
    Бидејќи и на мојата малечка и се ближи роденденот со мм одлучивме со најбислото семејство да појдеме на ручек во некоја кафана и така да го прославиме.Секако дека ќе купиме и торта,а јас до тогаш ќе ја вежбам малата како да дувне свеќичка.Во план ни беше игротека ,но ќе беа 30 возрасни наспроти 5 деца,што ни немаше баш логика,а за правење дома да бидам искрена толку многу луѓе не ми се пречекуваат.
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    A што мислите да нарачам од Романса?
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    АИТ, значи втор пат ме контрираш, без да имаш аргументи овој пат. Никој нема да збори само за да наруши некому име, големо чудо од еден збор, не, не е заради тоа, се десило навистина и девојката која го видела и осетила богами си знае најубаво. Како се десило не ми е битно, нејзе сигурно и е битно и си го средила тоа со слаткарницата. Од еден муабет никој нема да се фати здраво за готово. Инаку не планирам никому да нудам, бидејќи и мене ми нуделе па сум се зезнала со неквалитет, ко на пример со тортата од Карамела.
    Гирл1985, Романса се закон, не знам дали прават форми ама многу се убави на вкус, сум јадела од нив торта и како права домашна торта да е, ептен ми се свиѓаше. А искрено најмногу од се ми се свиѓаат тортите на Зафир, некако многу ми се слатки, ама па они не знам дали воопшто прават такви торти како овие. Јас бев против такво купување на торти, за крштевката направивме многу убава торта и појма немам дали има слика, баш ќе побарам за да ви покажам, ама многу беше вкусна. Е изгледот, сепак се работи за домашни услови и колку беше ефектна не можам да кажам, ќе излезе сама си се фалам. Инаку направивме обична торта, со бел фондан покриена и на неа шарени карминчиња, сенки, мали штиклиња, апостолки, ташничка, мало чајниче, филџанчиња и чоколадни лажичиња од Елит продавницата за чоколади, направивме и букви во истиот стил, како Холивуд знакот беа наредени, именцето на внука ми беше, се од локум измесен со шеќер во прав, абе се убив од месење :rofl: , па додавав и бои. Многу ми е мака што не можам да најдам слика да ви покажам, баш дома ќе се распрашам.
     
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Angel јас си давам мое мислење околу муабетот што се се наоѓало во тортите ,со образложение зошто не верувам во истото и не гледам што според тебе е проблематично :^)
    Грл мене во Романса ми се допаѓаат тортите на вкус ,но не сум видела некоја украсена.
    Канела се добри на вкус и кај нив може да се порача торта со слика на нив .ја носиш на УСБ и они ја пресликуваат .Значи правоаголна или квадратна со слика на нејзе.Мене најубава ми е чоколадната.
    Од Карамела ми се допаѓаат тортите особено онаа со вишни,но тука тортите се прават само со фондан во разни форми.Од она јас што сум го видела на слики,мене ми се допаѓаат,но секако мора да се има во предвид дека сите тие торти се рачно моделирани и нормално е дека не може да бидат исти како на слика и оттука на некого може и да не му се допаѓаат.
    Мене на вкус ми се допаѓаат и тортите на Перфето и на Пастел,но не сум видела украсени за роденден.
    Ако си перфекционист според мене најдобро е да порачаш од тортите со пластична играчка,со кои сигурно нема да имаш утка.
     
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Маааллку сум си цепидлакичка мора да признаам, ама некако не ми прави ќеиф пластична фигура. Инаку бев во романса и ми побараа вака, 2000 за 40 парчиња, 2350 за 60 и мислам околу 2700 рекоа за 70. Многу пристапно наспрема останатите, а знам дека и те како имаат вкусни торти. Околу изработката ни јас не знаев дека прават вакви украсени торти. На друг форум видов членка што одприлика им побарала и каква испаднала, еве...

    [​IMG]

    [​IMG]

    Башка знам дека ќе јадам торта торта...

    Сакам да појдам за секој случај лично до кејк бутик да видам што како ќе ми кажат.
     
    На bubic.k и AIT им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Грл супер цена ти дале, а и тортава не е далеку од онаа на сликите да ти кажам право, баш е убава, малтене иста е, само во големината е различна, оваа првава најверојатно е со повеќе парчиња. Инаку на вкус Романса се феноменални ко што ти кажав, јас неколку пати сум јадела од кај нив и морам да кажам дека биле за 5ка, ма за 10ка, а никогаш не сум сретнала страни тела во тортата :D
     
  19. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Кажете ми каде точно се наоѓаат Романсса и кејк бутик??
     
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Бидејќи нели правиме во стилот на мини, барам и црвено фустанче па ако не најдам нешто по дуќаниве наши случајно налетав на едно од Зара на нет, па ако не најдам нешто складно ќе го барам ова. Јес да не е баш многу ефтино ама мерак ми е.

    [​IMG]

    [​IMG]

    плус складна трака за коса ми е во план да нарачам,

    [​IMG] само побарав машната да е црвена основа со бели помали точки.
     
    На НаталиЛили, meU и Mishela им се допаѓа ова.