Има многу што продаваат балони со хелиум по ФБ. Јас контактирав едно десет затоа што неможев да најдам таков како што барав да одговара на темата на роденденот. Овие се викааат "baloni"
Jas nekam onakvi baloni so folija kako sto ima vo park, tematski, znaci najobicni baloni zosto ke ima 100 https://www.google.com/search?q=bal..._AUICigB&biw=320&bih=440#imgrc=RfyqAnW_Ps2ljM: vaka nesto
Јас имав и тематски и обични. Обичните им ги однесов јас и ми ги наплатија по 50 ден од балон. Е обичните ми рекоа ми биле крути, па полоши биле, можело полесно да пукнат. Иако не ми пукна ни еден. Требало некои поубави, по меки. Јас искрено ич не се разбирам
Овие многу ги фалат: https://www.facebook.com/balonipaleta7/?fref=pb&hc_location=profile_browser Еве ти уште два линка, Миа балони се тие во Веро центар, штандот помеѓу ескалаторите: https://www.facebook.com/Миа-Балони-Mia-Baloni-585430071618692/?fref=pb&hc_location=profile_browser https://www.facebook.com/Princezi-Klovn-Baloni-1626619517582391/ Ги имаш и Балон Магија во Гтц, ама скапџии се, и не полнат твои балони.
И јас сакам обични балони надувани со хелиум и пуштени нагоре. Не знам дали некој ќе се нафати да дува мои
Се ближи првиот роденден на малата, се уште немаме одбрано место каде да го прославиме. Би сакала на отворено, ќе има повеќе возрасни,ама сепак да има и простор каде дечињата ќе трчкаат. Роденденот е средина на август, локација Скопје. Ваши предлози
Како ви се дава 50 денари за нешто како еден балон За свадба да ми се нема да ги купам,а не за прв роденден Нашиот прв роденден е на крај август и не планирам да правам мини свадба,немаме и многу деца затоа возрасни ќе се собереме во ресторан најблиските и ќе го одбележиме денот.И торта ќе има се разбира.Некоја по лајт што ќе може детето мое да ужива во неа,најверојатно овошна. На годинка уште ништо не разбира а може и нема да прооди,па секој друг трошок ми е вишок.За следните родендени здравје,ќе му ја мислиме забавно да му биде.
Ние за прв роденден се собравме во ресторан кој веќе беше украсен со сијалички бидејќи роденденот ни е измеѓу Нова Година и Божиќ. Бално купивме обични и купивме пумпа за дување балони од Веро со која сами си ги надувме. Ги врзавме по неколку во снопче и ги заврзаме на разни места низ просторот. Истиот ефект беше. Имавме еден балон од Џамбо купен самодувачки за некоја смешна сума кој беше број 1. Гостите донесоа два хелиумски балони кои ги приклучивме на декорацијата. Си купивме гранчиња од бор, ги ставивме во бела украсна саксија и наредивме памук околу и ги украсивме со лампиони од филц (на нив залепивме налепници на кои пишување име и датум на роденденот и среќен роденден) кои децата што дојдоа на роденденот можеа да ги земат и околу тоа наредивме чоколатца. Плус рсфрлавме околу и капчиња и свирчиња и тоа беше тоа. Од дома испринтав и листови за боење и седов боички дрвени, ама не ги искористивме. На децата ептен им се допадна декорацијата, а и на возрасните богами. Имавме малку деца (не дојдоа многу со деца зашто дента истураше снег) и возрасните си земаа од лампионите. Мислам дека и летно време може нешто слично да се изведе нормално со друга тема. Ќе биде поразлично од балони, слатки маси и слично а пак ќе има декорација.
Ахаха секој со своите убедувања и ставови. Јас свадба не сакав и не правев, а за роденденот на син ми баш се потрудив да му организирам. И за првиот и за вториот роденден. А замисли за вториот бев во болница и не присуствував, ама од таму организирав. Пари за балони и декорации дадов куп и не ми е жал. Свадба по мое убедување е глупост и не би дала ни денар. Роденден ми е радост за син ми. Само да знаеш колку беше срекен, како му светкаа очињата.
Tocno irena. Neznam kako moze da se sporeduva svadba so prv rodenden na svoeto dete. Toa ti e isto ko ti da se stavas pred deteto. Nema sansi. Za svadba ne kupuvam ne pa za rodenden prv wtf pa vo toj slucaj voopsto svadba nema da pravam ama rodenden da, posebno ako e prv na prvo dete. Pa cel zivot sum ziveela za toj den i tuku taka da pomine nema sansi. Prv rodenden eeej... Eve nie megjudrugite drangulii ke imame 101 balon, i obicni naduvani i so helium i zakaceni i edinica i vo formi napraveni sekakvi. Sin mi najveke na baloni se raduva obavezno doma imame po nekoj balon i najveke so toa si igra. Temata za rodenden ke ni bide baloni taka da se ke bide sareno, detsko. I da mozebi nema da se sekava na prviot rodenden no vo toj moment ke se raduva a koga ke porasne ke si ja gleda snimkata (ke iznajmime i foto studio sto ke go snima celiot rodenden i krstevka toj den, a den pred toa ke imame rodendenska fotosesija so razni rekviziti vo studio) od prviot rodenden i ke znae kolku mama se potrudila za da se proslavi negoviot rodenden kako sto treba.
Сикрет ако толку е битно детето да биде среќно на првиот роденден однеси го во Дизниленд,пошто нели и Мики Маус знае кој е,шо ќе ти се 101 балон ќе береш ѓубре само не спомени
Знам Џој,јас сакав да одиме ама немам за таму инаку знам што е убаво А мојот син еднаш заврши на 5 бајачи кога му пукна 1 балон меѓу заби,а не 101 да земам
Mene mi e bitno da e sreken ne samo na prv rdenden tuku sekoj den. Biten e momentot a ne dali ke se sekava ili ne, biten mi e sjajot vo ocinjata sekogas koga e sreken i zadovolen. Toa go pravi detstvoto spomenite. Ke dobie se sto saka se razbira vo granici na moznostite, dur e mal ke mu ugoduvam ke go razgaluvam ke mu kupuvam,ke go guskam ke go bacuvam se sto mi dusa saka ke pravam. Moj si e moe pravo. Koga ke porasne i da sakam nema da mozam ke si ima svoe semejstvo togas svoi deca. Pa ke se sekava jas mal koga bev mama se pravese za mene sega jas ke pravam za moite deca. Isto ko sega jas koga imam dete svakam se sto pravela majka mi za mene i brat mi.
Леле зошто таков сарказам и иронија. Ако твоето дете се плаши од балони, ајде сега никој да не купуваме. Син ми ете ги обожава, а му имаат во рака пукнато еден куп и се смее на цел глас. Сама викаш знаеш што е убаво. Зар не е убаво да си го гледам детето срекно,се разбира во рамките на можностите.
Abe i taka ima mnogu sarkazam i ironija tuka ne se zamaraj. Mesto da mu kupam igracka od 2000 (kako sto nekoi kupuvaat a se raspravaat za prv rodenden mnogu se troselo) so tie ke kupam baloni ili pak neznam nesto drugo za rodendenot nekoja dekoracija i sl. Jas si go pisav mojot stav i mojata zamisla za rodendenot na sin mi i taka i ke si go proslavime koj sto saka neka zbori. Vazno srceto ke mi e polno koga ke ja vidam sreknata mala facicka.
На детето не му менува ништо дали балонот ќе биде обичен од 5 денари,или хелиумски од 50.Секако ќе се радува.