Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Првиот роденден на син ми ќе ми е поголема радост од било која друга. Исто како кога се роди. Не можам да споредам со свадба, матура, 18ти роденден...ма со ништо.
    Околу тоа кој како го слави-секој со својот ЏЕБ и секој со својот ВКУС.
    Мене лично шеќерните маси полни со вода и пуканки за 100 еу ми се смешни и џабе фрлени пари, ДОДЕКА ПАК ако шеќерната маса е полна со бонбончиња, мафинчиња, крем бананчиња ми е сосема ок. тоа е веќе вкус.
    Едит-поштуем многу ама стварно многу балони. балон на роденден ми е ко цвеќе за 8ми март.
    Извинете за оф топик, јес да темава е минато свршено време да се раскаже..
     
    На azelea, simonka93, TheSecret и 2 други им се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Абе сега како да ти кажам, секој со својот вкус и џеб. Некој се ке даде за свадба голема, некој за шарен роденден. Јас сум од вторите.
    П.с на роденденот имавме и од 5 ден и од 50 и од 100 ден балони.
     
    На An-na, azelea, TheSecret и 2 други им се допаѓа ова.
  3. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Поканете за свадба 500 гости онака чисто да се покажете,плус трошоци за музика,украсување,торти...а за прв роденден па и не мора торта и онака бебушот не може да јаде,а и нема да памти.
    Свашта.

    Јас за првиот роденден еве признавам претерав.фустани со десет слоја тул,фотосесии,декорации,торта на спратови,подарок и купив кола на акумулатор . Темата на роденденот беше Oliver discovers, тоа мајмунчето од бејби ТВ и се беше испринтано со него. Потрошив околу 100 000 денари,за ништо не жалам,пак би направила исто.
     
    На An-na, Mari*, LBC и 4 други им се допаѓа ова.
  4. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Па ниту свадба сум правила чисто за твое инфо,секаде каде што не морам да фрлам пари како луда не ги фрлам,таков човек сум.

    Се што треба да направам за роденден ќе направам, ама луксуз не ми треба за да ме зборат гостите потоа 1 месец каков роденден сме направиле на синот и колку пари сме потрошиле.Оти реално мојот син појма нема кај се наоѓа,а не што се слави.
    Се знае,убаво комотно облечен не како Бред Пит за доделување на Оскар да го жуља сакото,голема торта шарена за да се знае чиј е роденденот,украси малку од малку не да се сопкаме и да паѓаме од нив,храна се подразбира,пијалоци...И тоа е.
    Сакам само многу дечиња да има,детска атмосфера.Тоа ми беше желбата,а не возрасни.
    Ама немаме за жал.
    Јас и да го носев во Дизниленд ко што сакав,моја желба ќе исполнев не негова.Нема желби уште,кога ќе има ќе му ги исполнувам,ако се поклопуваат со мојот буџет секако.
     
    На JoyJoy и Dust им се допаѓа ова.
  5. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Nadvot od tema, hit ni e oliver momentalno so bego se lazeme za jadenje :D
     
    На Mari*, LBC и augustd им се допаѓа ова.
  6. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    @MamacitaBuena роденденот на некој начин Е и за родителите. Ним празник им е тој ден.
    Некои ќе вложат многу некои помалку, сепак е убав ден за радување и најмалку е битно колку човек потрошил ако тоа од срце го прави.

    @TheSecret Hugry Henry (facepalm)
     
    На JoyJoy, azelea и TheSecret им се допаѓа ова.
  7. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Tocno.
    Haha znaci site bebinja istite crtani gi sakaat ccc. The post train na toa coveveto sto go vozi vozot kolku mu se raduva duri i si guga so nego haha
     
    На LBC му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Најголема радост за децата е тие да се заедно со своите родители, баби, дедовци, тетки, стрини, братучеди итн. Ниеден балон не може да ги замени родителските насмевки, грижа и љубов. Не би се потресувала со толку декорации и трошок за еден ден. Подобро тие пари за џинџири минџири ќе ги дадам да им купам облека, да му уредам соба и сл. Тоа ќе му остане а балоните ќе завршат во канта за ѓубре.
    Доволно е гушкање, насмевки и љубов, тоа го прави детето среќно. Џабе се луксузи ако во брзање да се организира нема кој да го гушне бебето или додека мама и тато дуваат и врзуваат балони нема кој да го бакне и си поигра со него или во најлош случај да се организира нешто луксузно за да видат и пукнат комшиите а родителите се караат пред детето и му викаат кога ќе погреши нешто.
    Најчесто убавината е во скромноста. Ако јас немам пари за балони од 50 денари, ако не можам да платам да ми декорираат и организираат роденден или ако не можам да најмам фото студио, не значи дека јас сум лош родител и дека моето дете нема да ме сака поради тоа, напротив, децата треба да ги воспитате и да ги научите да ги ценат нематеријалните вредности а не утре да речат мама и тато не ме сакале и за прв роденден прославиле дома а не во кафана со милион балони или на пр.во Дизниленд. Парите доаѓаат и си одат, а љубовта или ја има или ја нема, но таа останува и е безвременска.

    И уште нешто, некој спомна а нема да цитирам кој, дека толку си го чекал детето и морало да организираш на најубава журка а особено ако ти било ПРВО, тука останав без зборови.

    P. S. Зар ги носите децата на бајачки, ги валкате кај тие безбожни и зли суштества?
     
    На Dream-Girl, gjoker4e, Glasna и 15 други им се допаѓа ова.
  9. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Mene nekes da me citiras? Jas pisav toa i stojam cvrsto zad toa! Merak mi e i ke mu napravam ogromen rodenden, toa ne znaci deka ne si go sakam deteto i nema da go guskam i deka nema da go guskaat babite i dedovcite. Pa toj ke e centar na vnimanie normalno deka site okolu nego ke bidat. Drugite raboti se samo sitnici.
     
    На Mari*, augustd и LBC им се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Можеби беше ти, ме мрзеше да се навраќам, само тоа ми падна во очи, "прв роденден на прво дете", а второто нема ли да биде многу битно, па потенцираш"првото".

    Никој не рече дека ти не си го сакаш детето, што одма скокаш и се нервираш. Очигледно не си ми го разбрала мислењето.
    Цело време пишував општо, не цитирав никого, а за тебе било наменето тоа "прво дете".
    Не напишав дека било кој нема да си го сака детето, туку опфатив нешто многу подлабоко и емотивно. Ако повторно ме прочиташ, можеби ќе ми ја доловиш поентата.
     
    На gjoker4e и Glasna им се допаѓа ова.
  11. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Ќе ви одговорам на сите со ред.
    @MamacitaBuena на една година дете разбира 20до 50зборови, така да ако мислиш дека твоето уште не знае каде се наоѓа имаш проблем со себе.
    @Abeja прво има пумпи за балони да не се мачиме, а друго скап роденден не е за некој да се фали пред комшии оти тоа мене ми е малограѓанштина прво да го помислам, туку затоа што тој ден освен на детето е и наш, прв наш роденден како родители. Нематеријалните работи немаат врска со роденден кој е само еден ден, така да не значи дека ако има убав роденден детето ќе е разгалено.
    Има родители кои мораат да работат и им остануваат 5часа во текот на денот за детето, а за тоа е криво општеството, а не родителот.
     
    На joy1, LBC и TheSecret им се допаѓа ова.
  12. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Ништо тогаш,штом разбираат се на една годинка,потрудете се и за понатаму финансиски да сте стабилни,бидејќи еднаш на дете ако му овозможиш најскапи работи тешко да се одвикне од тоа да добива се што сака и понатаму:)
    Баш вчера видов едно,се трескаше од земја пред излог за играчка,и одма на вас ми текна.Со среќа
     
  13. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Sto poveke da kazam se si e napisano kako sto treba. Potpusuvam od prv do posleden zbor. Nekoi ne ja svakaat sentimentalnosta na prviot rodenden. Pogotovo ako dolgo vreme si cekal da stanes roditel...a i ne vredi da si gubam vreme so vakvi odam da si go gusnam zlatoto.
     
    На augustd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Ако Аугустд му направила роденден баш каков таа замислила и посакала не значи дека ќерка и ќе се треска во маркет од земја. Тоа може и со твоето и со моето да се случи. Убаво што ти текнало на нас, но мислам дека тоа што индиректно пробуваш да го направиш нема потреба, секој си прави како што си сака, без разлика на моето или твоето мислење.
     
    На stevemila, augustd и TheSecret им се допаѓа ова.
  15. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Haha lugje nemojte da im pravite rodendeni na decata na edna zena od femina toa ne i se svigja! Haha gluposti be.
     
    На stevemila, augustd и LBC им се допаѓа ова.
  16. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Ни на одмор не идете, мали се не разбираат.
    Не купувајте ни скапи колички, не разбираат.
    На некои луѓе провокаторството им е во крвта, но не секогаш наседнуваат другите на провокации.
    А со млад човек што влечи деца по бајачи не можам да дискутирам, сметам не сме на исто ниво и не можам да трошам зборови, оти мене зборовите ми носат пари, па мора да ги штедам.

    @LBC, @TheSecret слики утре во мода за клинци и клинцези, а и една пред врата, ма и на тераса ќе закачам и комшијата да позавиди. :rofl:
     
    На BoaVista, irena.1, Elenche87 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    I na fb ne zaboravaj ]:)
     
    На augustd и LBC им се допаѓа ова.
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    28.512
    И од убава тема сте направиле пазар и тоа феминки кои обожавам да ги читам и ги почитувам доста! Малце ме разочаравте!
    Еве го мојот став во врска со првите родендени!
    Направивме роденден со 70 гости, потрошивме 1000евра, со фотографер, со торти големи, со шарени декорации, многу јадење и пиење, многу балони! И сето ова беше за наш кејф, имав право да се радувам и да славам и да частам и да им направам убав амбиент на гостите, затоа што денот за мене беше голем - малата моја полнеше една годинка! За мене беше настан, за сопругот исто, детето од 1 година може не разбира многу но се радува на балончиња, на шарена торта, свирки, на насмејани дадички и батковци кои му пејат роденденска песна! Да не чував анонимност ќе обајвев слики од роденденот и ќе видевте насмејана фацка која си го ужива денот!
    И не се каам, здравје и за вторто дете би славела таков роденден, затоа што можам да си дозволам, сакам да почастам, сакам да биде се убаво и атмосферата да биде пријатна и роденденска, сакам малото да радува и да имам спомени од тие убави моменти!

    И за крај, кој каков роденден сака нека си слави, за некој повеќе вреди патување, за друг веселба со најблиските, за трет декорација -боли глава, за некого пак доволно е и една скормна торта... Сите сме различни, важно е да имаме кому да славиме родендени и нека не не боли устата ако кажеме ,,супер беше, фала на поканата, имавте прекрасен роденден,, па макар и да не е по наш вкус!
     
    На Mari*, НаталиЛили, NanaMia и 8 други им се допаѓа ова.
  19. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Bravo za kazanovo, no za zal malkumina svakaat sto sakas da kazes :clap::bow:
     
    На snegulkata и LBC им се допаѓа ова.
  20. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Значи, се е убаво ако го правиш за убаво. Меѓутоа, да се разбериме, не секој има 100.000 денари за славење на роденден. Сите мислења од погоре ги почитувам и сметам дека секој треба да си слави според свој вкус и свое убедување. Можеби некој убаво ќе си помине во кафана, друг дома. Затоа не правете од темава место за кавга, прашањето е како го прославивте роденденот, за некој да добие идеа плус. Тоа што мене ме прави среќна, на другиот му е здодевно. Не е најубаво секој да си слави по свој вкус и во согласност со сцојот џеб а вие да не коментирате дали е тоа ок или не. А? Што мислите? :*
     
    На НаталиЛили, NanaMia, BirMelek и 5 други им се допаѓа ова.