Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    Јас се водам според правилото колку можам и колку сакам.

    За туѓата финансиската способност не би да зборувам бидејќи секој си го знае својот есап и секој знае најдобро за себе и за своето семејство да изврши распределба на финансиите според приоритети.

    Многу битен момент е што сакам и колку сакам.
    Немаме сите иста престава за веселба и славење и тоа е тоа.
    Ниту оној со 5 гости си го сака помалку/повеќе детето, ниту оној со 50 гости. Небулозна ми е било каква паралела или обид да се покаже таков вид на поврзаност.

    Конкретно,првиот роденден ние славевме дома.
    Јас, мм, мајка ми и родителите на сопругот. Направив ручек, купив торта и поднакитив нешто низ дома.

    Би ме радувало и да присуствувам на голема прослава(посебно бидејќи никогаш не сум присуствувала на таква), со мотиви, декорации, професионален сликар...
    Се слави еден посебен момент, посебен ден.
    Насмевката на најмилото е најважна ама мило ќе ми биде и мене како гостин кога ќе видам и среќни родители и колку со ќеиф го прават и организираат сето тоа.
    При интимните прослави само потесната фамилија ја има честа да го слави тој момент, а кај поголемите и пошироката па би ценела што го споделуваат тој настан и со мене и би уживала во секоја секунда и секоја декорација од истиот.
     
    На pile30, stevemila, Mia.milicka и 14 други им се допаѓа ова.
  2. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Точно, темата е јасна, но иритира фактот што се става акцент на мајки кои ги облекуваат децата во туту фустанчиња, па изнајмуваат фотостудио или декоратер како да се прави злостор. Ако нема балони на роденден, не знам ете искрено што би имало за декорација, не знам, просветлете ме. Не секој има можност да слави дома, оти има луѓе кои живеат во помал стан, а имаат широк круг на пријатели и колеги.
    Конкретно кај нас беа пријатели, колеги, многу малку роднини и сите беа млади. Имав 80гости, околу 30деца. Одлучив да има порција секој со мешани салати, пирошки, мешана скара, ордевер. За децата детска порција, мини хамбургери, пици, ќебапчиња. Пиење неограничено. Кифлички и сувомеснати на секоја маса.
    Шеќерната маса имаше торта, лижалчиња, гумени бонбони, мафини, колачи на стапче како ѕвездички, палачинки и на крај за секое дете корнет сладолед. Имав знаменца со мајмунчето на сите колачиња и плус залепени мајмунчиња на салфетите. Посебна маса за подароци. Свиреа детски песни.
    Детето носеше фустан и чевлички кои ги изваде веднаш, па роденденот го помина босо. Траеше 4 часа, од 18до 22.
    Балони имаше, но не премногу.
    Поминавме преубаво, а најбитно е што дете не престана да се смее.
     
    На gjoker4e, azelea, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    ТУка не станува збор дали има некој или нема. Тука веќе е друго. Сум била и на скап и на поскромен роденден и убаво сум си поминала на двете места. Мислам дека малце се дозволи вкусот да доведе до кавга овде.

    @augustd Може да пишеш кај правеше ? ви дозволија детски песнички? баш за тоа размислував искрено кај да најдам такво место..
     
    На irena.1 и TheSecret им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.552
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека и во ваква тема водите есап и се потсмевате на оние кои сакаат и можат да потрошат повеќе од останатите. Се додека се трошат пари за арно и за убаво не ги жалам. Не значи дека ако некој нема иљадници евра да потроши на роденден на свое дете е помалку родител од останатите, но исто така не значи дека они кои имаат треба да се стават на клада зошто трошат па одма да им се карактеризираат децата како распрдени кои утре ке се трескаат од земја на секој излог.

    Вистина, јас не го памтам својот прв роденден ама мајка ми и татко како и сите останати роднини го памтат, И ден денес зборат како сум била облечена, мајка ми и ден денес се присетува како низ цел град трчала да ми најде црвени машни за во коса а јас и ден денес сакам да ги гледам сликите од тој роденден и да ги слушам приказните за истиот од постарите.

    Во ноември ќе полнам 30 години, до сега секоја година мајка и татко ми ми славеле роденден и се радувале за истиот, секоја година ми купувале поклони а ја секоја година му се радувам ко да сум мало дете иако сум стара магарица. И оваа година ќе славам роденден љубилејно со тематска забава Dirty Thirty, родендени се побогу за убаво идат парите на оној свет никој од нас нема да отиде со нив во џеб.

    Нема родител што не сака да го направи среќно своето дете, нема родител што не се радува за своето дете и нема родител што не сака да ги бележи битните моменти на своето дете без разлика дали се родендени, матури, дипломски итн.

    Не знам зошто толку завист и љубомора има во некои постови, оно као -Види ги овие парајлииве, слават родендени а дете не го научиле дека не треба да копа руда од нос. Ако е некој е спремен да троши на себе и на своите деца не значи дека не ги учи на вредности, дека не поминува време со нив или дека со играчки и пари го купува нивното внимание.
     
    На Sofronko, Seduction, Troi и 12 други им се допаѓа ова.
  5. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Не правев во Скопје мила, но кај нас свиреше микс од Златно Славејче, пуштен од youtube. Би требало да дозволуваат секаде.
     
    На LBC му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Tocno. Se sto e za ubavo ne zalam za nisto. Plus merak e be. Eve na pr koga ke vidam devojcence bebe pogotovo sredeno kako kuklicka so fustancinja tutu so kiki se topam, zdravje boze ako nekogas imam kerka taka ke si ja oblekuvam celo vreme ne samo za rodenden. Plus, za nesto da bide ubavo (sega zavisi do vkus) nekogas i ne trebaat neznam kolku pari dovolna e imaginacijata i kreativnosta. Ponekogas so malku pari a so poveke kliker moze da izleze nesto mnogu ubavo, kako na primer mojata ideja za dekoracijata za rodendenot (koja sega ne ja kazuvam toa koga ke pomine rodendenot :D) Jas odsekogas sum bila mn kreativna i sve nekoi fiks idei imam vo toj pogled, eve mesec unapred si pravam planovi kako se ke bide za rodendenot pa ke vidime.
     
    На ena*sweety, azelea, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ај не претерувајте, секој си го кажува своето мислење, зошто не и зошто да. Свое мислење кажаа и поддржувачите на луксузни забави и оние кои се против тоа. Овде никој никого не навреди а најмалку пак се работи за завист и љубомора. Доаѓате и настапувате у стилу леле каков муабет од членки кои сум ги ценела итн...глупости. Со таквите постови ја расипувате темава и правите дека се случувало којзнае што. А тоа што некој муабетиве си ги сфаќа лично за него е негов проблем. Кој како сака нека си слави родендени, негова работа, он си знае. И не е работата само дали некој имал празен или полн џеб. Може двајца со полн џеб да направат сосема различни прослави, скромна и луксузна и да сметаат дека го имале најубавиот роденден на светот.

    И за крај, кој не сака неговото дете да му е дотерано и среќно, зар имаше некој што не го сака тоа?
     
    На MamacitaBuena, Glasna, НаталиЛили и 4 други им се допаѓа ова.
  8. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.427
    Допаѓања:
    16.991
    Пол:
    Женски
    Дали некој има правено роденден во киндер парк или присуствувал на некој роденден.Мислење ,впечаток?
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    И свадбата и првиот роденден се за родителите. Бар од дискусијава. Зависи само кој на што ставил акцент.

    На прв роденден на детето е најбитно да му го прославите во време кое што е најпогодно за него за да не го малтретирате. Значи времето да се погоди да не биде тогаш кога детето треба да спие или да јаде и слично. Битно е да создадете атмосфера во која на детето ќе му биде пријатно во моментот. Штом вие сте со него и има многу љубов а верувам сите ги сакаат своите деца другото е помалку битно.
     
    На Troi, kikin, Abeja и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Ivo Na

    Ivo Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2016
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    темава е за роденден ко шо глеам не за кавги :D:D:D:D...туку дај фрлете некоја идеја шо може да пишува на поканата :*:*:*:*
     
  11. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Nemam nishto protiv vakvi pompezni proslavi ,megjutoa za moe dete ich ne ni razmisluvam za vakov tip na proslavi pogotovo so ojle dojle,oti Naj realno od tie sto dushi shto ke gi viknam I ne mi se bash najbliski,plus rasfrlanje na tolkava para mi nema smisla.Proslavuva so drugarchinjata od Day Care(slichno na gradinka) vo igroteki,Zoo,Po doma vo dvor i nie so naj bliskite zavisi kade slavi malata..
    Ponatamu zdravje boze koga ke porasne nejzin izbor kako ke si go zamisli rodendenot taka neka si go slavi
     
    На Abeja, kikin и MamacitaBuena им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.070
    Пол:
    Женски
    ние годинава дома ништо нема да правиме.Ке идеме во Вруток најблиските(неговите,девер ми,ние и сестра ми) на ручек и торта и толку.После секој дома.Немам намера дома да правам хаос .Не оди во градинка така да нема другарчиња од таму.А за пријатели собирање некоја наредна година кога и она ке разбира повеќе
     
    На stevemila, kikin, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.987
    Пол:
    Женски
    Majki dajte mi iskustva so slavenje na prv rodenden ama na posen den I toa strog post veliki petok.
    Znam rano e no gledav na kalendar za narednata godina I vidov deka ni se paga bas togas I sakam da znam sto I kako slavat.
    Kakva torta I spremanje.
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.070
    Пол:
    Женски
    немора да го славите баш на денот.Можеш и ден подоцна или ден порано за да имаш поширок избоз за спремање
     
    На LiliBoz и LanaDelR им се допаѓа ова.
  15. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    И посно мени имаш разновидно, само зависи од гостите кој и дали јаде риба (пример). Еве ние правевме венчавка и крштевка на 27ми август (ден пред св.Богородица), во пости, во рибен ресторант, и на крај на една цела фамилија дека не јаделе риба им нарачавме порција ќебапи.
    Е сега и за мрсно ти е зафркнато, баш пред велигден повеќето постат...
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Кај правевте покани за прв роденден?
    ( Скопје)
     
  17. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Еве дел од украсеното за роденденот :)
    П.с се декориравме ние сами со золва ми :)
    Освен тортата :!:

    image-0-02-04-f3cf558bfefaabe306b8e94fbb8b3103a59ce56c340911a48033c2300d9056c9-V.jpg image-0-02-04-a078a6a21c011ff85e338874d959eb27ad8e449727a949c8d642cb08e54eab02-V.jpg IMAG1119.jpg IMAG1124.jpg IMAG1122.jpg
     
    На Feminka22, stevemila, Lolipop23 и 22 други им се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Првиот роденден го правевме во кафана, со фамилијата, кумови и старосватови, и другарите и другарки. Имавме некаде околу 50 души . Си направив посебна маса декорација со балони и сите останати работи. Бевме ускалдени само со боите и двете бело со златно а различни фустани не исти. Си викнавме човек за да не сликаат и после секој си вадеше слики по желба.
    Тоа ми беше желба сите на куп за првиот роденден, а сега веќе за 2 роденден само игротека и готово.
     
    На kukla21 и kikin им се допаѓа ова.
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.013
    Пол:
    Женски
    За големата првиот роденден го прославивме во игротека со најблиските, 5,6 дечиња и родителите. Дома немам простор ни за плус две деца. За малиот не славевме прв роденден зошто баш тогаш заврши со стомачен вирус во болница и после тоа требаше уште цел месец да биде изолиран од деца. Страшни коментари и паметувања добив од блиски луѓе. Требало покасно да му прославам на детето голем роденден зошто бил прв, греота било детето и ред други работи кои ни најмалку не ги очекував. А сите знаеја во каква ситуација се наоѓам, плус и финансиите ми ги знаеја сите тие кои се направија паметни. Требало да се задолжам со кредит, роденден морало да има, не било фер ни за блиските кои сакале да му дојдат. Па што ќе речеле луѓето. Ама баш и не ми е гајле што ќе речат луѓето, зошто не живеам со и за нив.
    Јас искрена да бидам, не славам големи родендени на децата, славам само со најблиските зошто сметам дека со нив треба мојата најголема радост да ја споделам. Немам финансии за големи, раскошни родендени, меѓутоа и да имам не би правела со луѓе со кои едвај два пати годишно се гледам. Моите деца се среќни и со скромен роденден, торта и свеќички и сите што ги сакаат да се околу нив на број.
    Секој како сака нека си слави за децата, коментари од типот зошто толку пари сте потрошиле, немало потреба или зошто не му славиш на детето, греота е, се далеку од потребни.
    А, ниту тие што прават раскошни родендени, ниту па тие како мене што слават скромни родендени се поголеми мајки. Сите си ги сакаме бескрајно многу децата, начинот на славење не го докажува спротивното.
     
    На Dream-Girl, Kitten, CurlyBlossomGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Мамички, од каде купивте материјал за декорациите?