Сакам да ја видам масата на @anastasijaki како ја опиша низ постовиве веќе сум воодушевена, ама сакам да ја видам за комплетен впечаток ^^продавничкиве ги знам јас, идеи имам еден куп, само да дојде ноември море крштевка е порано па и тогаш ќе се покажеме
Мамичке, со какви бомбони ги полнеше шишенцата или количките? Јас денеска купив, па собирам идеи. Роденденот е во јуни, сигурно ќе биде топло, страв ми е да не се растопат.
Јас за вториот роденден имав купено бомбони како m&m рефус од продавница за јаткасти плодови, гумени бомбони и слично во Бт. За поголема количина поефтино доаѓа, и малку се потврди не се топат лесно. А како што вели @kukla21 и скитлс се добри, тие овошните воопшто нема да се стопат мислам.
Од Европа на мерење тврди бонбони, не се топат и нас ни е на лето роденденот, и така никој не ги јаде тие , други може да ти се стопат. Еве какви се, сега овие стојат скоро година па пожолтеле и се изрониле, инаку се бели, има и други бои.
Ве читав за декорација на маса за роденден, еве ви линк за силиконска форма за правење на тие колачите со стапчиња што се (не знам како точно се викаат ). Златен Алиекспрес, сѐ може да се најде таму.
A tortata na slatkata masa sred leto kako? Nema da se rasipe,stopi? Jas planiram da bide celo vreme na masata ne da mi ja donesat za duvanje samo ama mi e strav zosto leto. Stavi anastasijaki ne veruvam nekoj ke zeme da bara slikite niz fb a mozebi i se znaeme sto ima vrska
Сигурно во најтоплото нема да биде роденденот, верувам да ќе биде по 19ч, па ќе ја замрзнете и под дебела сенка да стои, ако биде надвор ова, ако е внатре може не ни треба да е многу замрзната сепак не ќе да се распушти толку брзо, за 1-1.5ч е моментот
Uste od sega go mislam rodendenot na sinceto. Kade da go proslavime i kako e najpametno. Inaku e roden 08.08, letno bebe pa sakam ds go iskorostam vremeto i slavenjeto da bide nadvor i posle 7 navecer. Mnogu se mislam dali igroteka bidejki imame decinja 10-15 ili kafana bidejki vozrasni bi imale 65 . Dodusa ova listava na gosti me maci. Dali vujkovci tetki da se vikaat na rod ili da ostane samo na prijateli koi najgolem broj se so deca. Dali ako se vikaat potesen krug rodnini koi sepak stiga do brojka od 40 luge da se nosat vo kafana a mladive so deca vo igroteka ili site zaedno vo igroteka ili site vo kafana ili samo ne povekke od 30 mladi so deca vo igroteka a za drugive da nema rodenden..nemam pamet, epten mi e misla od segaa. Ako e igroteka sakam da e nadvoresna (dali postoi vo sk osven delot vo dezavu vo koj ne znam dali se slavat rodendeni?), ako e kafana sakam da e nadvor ubavo i prijatno...pa akko ima deca da ima i delce za deca barem nekolku rekviziti....nekoj iskustvo svoe za prv rodenden???
Истото и јас почнав да го размислувам. Досега што најмногу ми се допаднало - мои пријатели правеа прв роденден за детето во абц. Шведска маса, дел гости на стоење, дел на седење. Ама ова беше пред 6 години. Плус они тогаш не го користеа делот оголу игралната зошто уште во друштво немаше дечиња. Нешто ми спомнаа дека не го давале тој дел, а мене ми е битно да е околу играчки. Друга идеа сега што ми е увртена е Вила Весница исто да се направи шведска маса. Дворот е прекрасен за да трчаат децата, ама нема анимации. Се мислам да изорганизирам игри. И мене ми се добредојдени сите идеи.
Да ви се умешам во муабетот прашај си на време за вила весница зошто нема опција шведска маса туку одат со протоколи.Распрашај си се
@Ano немаш шветска маса во Вила Весница, информација од прва рака, освен ако менувале нешто, ама не верувам, тој им е принципот на работа и во било кој ден/празник имаат мени и само тоа принесуваат, сакаш-нејќеш е работата. А како и што е од затворен тип вилата не знам за какви анимации сакаш да донесеш ама освен кловн, балони не верувам да нешто друго прифатат, пример реквизити, а пак конфети или по се што се остава ѓубре, исто не е опција за таму
@Ano @Igle мене дворот на АТК как тениските во Борис ми е топ местенце. Убаво уредено и има мал дел со реквизити. За летен роденден е одлично.
Јас уште од кога се роди и го планирам роденденот. Си нарачувам полека полека од али. Јас и дарчиња имам...ептен забегав. Може нема да биде кој знае што, зошто не можам баш се што сакам да најдам, ама ќе има доста богата... Имам балони на стапчиња, бројка, круна. Топери за мафини. Кутивчиња со подароци 5x5цм Ќе правам теглички само незз со што да ги полнам(крем бананки и слично) Е така сеа за сеа тоа ми д идеата. За крштевка имам од шишенцата, од али ги нарачав, 12 за околу 3 евра. Сега јуни ќе правиме. А септември роденден. Е сеа ја имам околу 15 дечиња. Од бебиња до 5 одд...и доста возрасни. Кажете каде е соодветно. Значи нешто како ресторанче со игротека. А може и предлог за ресторанче за крштевка.
@Ano @kukla21 да е веќе втор трет роденден нема да ме боли глава, отворен простпр, пред се да е свртена организсцијата на тоа да има забава за деца бидејќи веќе и моето ќе го интересира тоа и готово. Плус ич не сум за големи родендени. Ова нашево веридба излегува...ама многу голема фамилија и пријатели кај кои и без деца сме биле викнати на роденден за нивните... Ано ало смислиш нешто сподели. На абц ми текна ама делот со реквизите им е секогаш достапен и за гости од надвор и без врска ми е така... Кукла фала ти, ќе се распрашам за прпсторот кај Борис.
Фала на инфо. Јас појма немам на кој принцип работат. Лани бев на свадба и ептен ме бендиса. Со време ќе одиме да испиеме кафе и да видиме што нудат. @emkaemka не мислев на конфети и слично. Мислев да организирам игри. Ако не ќе трчаат деца по трева Фала на идеа. Тоа ептен го заборавам, зошто ретко сум одела. Ќе одиме да испитаме и таму терен.
Ко што сум гледала, ставаат маса на која можеш кетеринг да си ставиш - шведска маса. Делот за гости е баш убаво среден, со покриен дел. За повеќе гости верувам и поефтино ќе ти е од кафана опција, а ако имаш дечиња ќе се изнатрчаат. Еве ѕирни фотки https://www.facebook.com/atkfamilyclub/