Нема ништо од Али. Се правев сама, помогнаа принтерот, Џамбо, Рамстор, пазар, секако балоните се нарачани
@emkaemka Најсреќен роденден на дечкото Декорацијава е преубава. Сега баш се убедувам со мм сами да декорираме (ме мрази веќе кога ќе му го спомнам тоа ) и ти дефинитивно ме убеди. Кажувај “чаршафот” од каде? и тоа тул ли е доле? И ѕвездите
Чаршавот е материјал од Женски пазар 250ден метро, тул и маркизет е тоа долу (го имав па комбинирав, не е купено сега), ѕвезди Џамбо ^^ако сакаш баш се исто такво можам и да ти ги позајмам стварите, не е фрка Фала ви на сите за убавите зборови, само со убаво да се враќа
Многу убаво @emkaemka . Голем да расте баткото!! И мене ми е на ум темава одамна ама ако зачести ќе мислам нешто друго.
Имам едно прашање мајка , тортата многу ми се допаѓа , сега за еден месец сме кумови кај детенце и темата е иста twinkle twinkle , па ако не ти е проблем да ми кажеш од каде е ? Мислев од канела да порачувам , ама некако ме предомислија. Однапред благодарам. Инаку се е прекрасно.
@emkaemka мајка да е жив и здрав дечкото. Вечно да ве прави вака среќни и горди И само пофални зборови за организацијата. Одлично изведено.
Како си задоволна? Со изглед немаат утка, ама 2 пати имам земено од кај нив и беше премногу замрзната... заби им смрзнаа на гостите
Супер, никогаш не ми дале замрзната, сега од ресторанот рекоа дека ја донеле подзамрзната и им кажале, но они кога ја донесоа, сечеа беше топ. Тоа е и твоја утка, таму каде сте славеле можеби, чим си видела/они виделе дека е замрзната, фино би било да се почека да се подотпушти, па се сече, верувам ради фигури/топло време ја мрзнеле. Уствари за крштевката на +30степени беше замрзната и кажаа, напоменаа кога се зимаше, ама и ние ја чувавме во замрзнувач до сечење, каде би и на такво време, пред сечење ја извадивме се подотпушти и келнерот ја сечеше Туку ми текна, од ресторанчево каде славевме ме прашаа да не сакам сама да ја сечам абе ај, јас ни на свадба не се замарав со тоа, не па сега ќе се шлакам А они пак за ,,подобра декорација,, ја сечеле со се фондан
Ми кажувале каде да ја ставам они... сум ја зимала и одма сум ја носела на род, не сум ја чувала дома.. а во игротеки во обичен фрижидер ја ставаат. До душа од зимање на тортата по еден час, час било сечењето (прослави во игротека), па може затоа не била пуштена... два пати род во Април, два пати мн замрзната и затоа се премислив овој пат за малата и имав порачано од Делиција..