Е јас овој роденден баш бев разочарана од аромати.Бидејки славиме во јули баш им нагласив и бев на лице место да се договориме дека не сакам замрзната.Си ја донесоа во игротека ама џабе таа скроз смрзната ви се верува ли дека до утре дента ја одмрзнувавме.Девојчињата во игротеката раце искршија да ја исечат вкусот никаков зошто нели скроз смрзната.Декорацијата скроз ја утнаа место папагал личеше на кокошка.И искрено толку ми го скршија ќејфот што не ми се ни расправаше после тоа,касно е.А тортата ни мање ни више цели 2900 ден.
Не дека не ти верувам, ама Симонче у јули кога правевте бдејот колку степени беше? Да не сака у сред лето да се одмрзне ми е баш чудно, та колку и да е мрзла, не знам.. Ова со слаткариве кој како ќе начека, блиска ептен се фали од Мон шери, мене од кога ми продадоа торта со стар, умирисан пандишпан, нејќам да ја видам! Ла креме мислам беа со стари, умирисани ореви ми се падна еден пат и од тоагаш и таму НЕ! Јас за ,,онака,, кога ми треба без декорација секогаш нарачувам од плавата Канела кај Католичка, но за жал за декорација ми се очајни
Можеби немаше доволно време да се одмрзне во 6 ја донесоа во 7 почна роденденот.Игротека нели два часа си таму.Ајде таму што не се одмрзна ми се јави сестра ми вечерта во 11 вика лелелѓе тортава сеуште не е одмрзната.Е утре дента си беше прекрасна на вкус за тоа немам коментар.Првиот роденден исто си ја донесоа ама незамрзната и сите ја испофалија.Инаку ни се погоди ептен врнежлив ден не беше посебно топло,ама па и која топлина кога во игротеката свежичко климата пуштена
Јас од романса порачав торта. Најстабилни ми се на вкус. Него се мислам малку парчиња да не ми се. Од една страна не сакам огромна торта и после дома да ја мотам по фрижидери и на крај во канта, ама не сакам ни да нема доволно. Колкави торти нарачувате?
Зависи и колку гости ќе имате за првиот роденден земавме со 60 парчиња вториот 50 и двата родендени ни остана ама кај нас торта не се мрзне не пропаѓа се тоа се јаде во рок од два три дена.Инаку и мене многу ми ја фалат романса ама на малиот кога му е роденден они баш тогаш се на одмори и никако да пробам од кај нив.
Јас вака си направив. Си нарачав торта на два спрата(околу 40 парчиња) и плус си порачав една паста торта(ролат) со истиот вкус и таа си седеше во фрижидер во ресторанот. Не беше ниту украсена со фондан , си беше најобична со шлаг(пошто не се гледаше) Им реков на келнерите ако не стигниод роденденската, да продолжат од ролатот. Ама стигна дури и остана. Ролатот си го зедовме дома.
Имав 37,8 гости, тортата беше со 55 парчиња, на 2 ката. Се изеде цела ( им кажав малку подебели парчиња да сечат де ) нејќев ни ја дома по фрижидер да се мота. А и Канела врв ја погодија,вкус маркиза @simona_baby и на малово кога се на одмор му е роденден. Инаку на вкус, најдобри Нова ми е фејворит
И јас имав од романса. И торта и декорација одлични. Неа ја нарачав за 50 парчиња и уште една ненакитена со истиот вкус за ако фали. Таа се изеде, а друагат остана, ама и го најдовме чарето после
И мојата замислена бајка за мојата бебушка Анџела излезе успешна, мама е презадоволна, ...Моето ангелче денес наполни 1 годинка, сонце мајкино...Сликите не се мн чисти, сликани се со телефон, кога ќе земам од сликар слики ќе постирам поубави
Ептен убаво @Melinda85 ! Голема да расте Анџела!! Туку кажете ми девојки од каде ги купувате рамките Мај фрст јеар? Како да гледав некаде ама никако да се сетам.
Јас од My store на фб ^^да те предупредам само, дека едвај ќе наместиш сликички, едвај ќе избереш кои би пасувале, 4×4см е димензијата, налет Ако можам да приметам Мелинда на некои оставила пола главче да фали на бебе, јас инсистирав такво кратење да нема. Инаку интересно дојде, во секој месец пикнав што било ,,актуелно,, од Нова, до Велигден, прва каша, па одмор, прво запче.. баш се се погоди месец зад месец, секако крајниот резултат е супер. Ама има место на рамчето и можеле поголеми слики да стават
Никад не сум се лигавела на розев тул и тракатанци. Морам да признаам, повеќе сум по машките деца.. ама вака кога гледам ме фаќа иштав едно девојче да си родам, па принцеза да си го правам, па балет да ја запишам... Преубаво направено. Среќен роденден на малата, жива здрава и голема да расте.
Биидејќи се сврте муабетот околу тортите, препорачајте ми вкусови од Романса плиз До сега само една торта сум пробала од Романса и поубава торта немам јадено! На фејсбук неможам да добијам информации за тортите за да можам да одлучам. Далеку сме од родендени, сакам да нарачам за една друга пригода. @emkaemka баш е захтевна рамкава Првата ја добив на подарок од золва ми со веќе наредени сликички, но гледам и она се намачила, одбрала и 2 малце матни само за да пасуваат @Melinda85 преубаво е! Сама средуваше или..? Среќен Роденден на малата
Јас ја имам купено од Бебехоум, околу 1500 денари беше. Не пишува Мај фрст иар, ама има дел за ставање отисоци. Големината на сликите е 6,5*6,5