Zdravo da ve prasam dali kanela ili romansa ? Posto do sega od kanela sum naracala zadovolna sum a romansa ne znam ?
Меѓу овие две, Романса е далеку над Канела, по квалитет, а богами и по изработки. Е не се баш евтини, ама вредат за парите.
Обично изборот ми е Романса. Но, за роденденот беа на одмор. Канела топ ја направија (иако бев скептик) , презадоволна од изглед и вкус
Јас сакав да му го славам во Киндер Парк но не ми се доапаѓа што ме условуваат да платам за 15 деца кога имам се на се 4 деца.. И се одлучив за Дежа ву Парк во Капитол . Преубаво е,премногу ми се допадна а и имаме 15% попуст на цела сметка така да ми се чини подобра опција од Киндер Парк. Доколку некој славел таму роденден ве молам дека сподели искуство
@mssuniquee И јас планирав во Киндер Парк догодина за прв роденден ама слушам доста критики и се предомислувам исто
Ми треба еден совет. Наредната недела ќе го славиме вториот роденден, се одлучивме за кафана со игротека, ќе имам 24 возрасни и 8 мали дечиња од 2 до 4 години плус 5 дадички од 11 до 17 години. Проблем ми е што незнам каде да ги сместам девојките, дали на масата со дечињата или со возрасните??? За возрасните ќе има поховани даски, салати, месо... а за дечињата грицки и пици. Повеќе ми одговара да бидат со дечињата, таму им се братчињата/сестричките ќе ги припазуваат, а и ако ги сметам со возрасните ќе треба да додавам плус маса, зашто 12ки ги прават масите, а јас имам точно толку возрасни, за 2 маси. Од друга страна не сакам да се чувствуваат неубаво и да ги повредам. Ај помош како би постапиле вие.
Јас би ги ставила кај возрасните поготово тие што се по 17 години.Не дека ќе им биде забавно со постариве ама па со малите ич не оди . Ќе почнат да дуваат и превртуваат со очи
Едната е само 17 години, другите не знам точно, ама некаде 3то, 5то и 6то одделение. И мене ми е затоа да не се надуваат, ама па од друга страна и со возрасните може ќе им е досадно. Ни ваму ни таму...
А бе и да им е досадно ќе си најдат они чаре. Не може на сите да им се погоди. Направи тебе како ти одговара и готово .
Стави ги со децата, може само као на одделно масиче, па ќе се дружат, до родители да ги ставиш ќе се чувствуваат мислам по крш. А каде и да ги ставиш ќе превртуваат очи, а може па и не, тоа е таа возраст, ни ваму ни таму, они може уште и од дома ќе се увреџени што идат во игротека кај двегодишно
@emkaemka Ме изнесмеа, ама баш е така. Тоа се тие години. @Lolipop23 И јас мислам кај децата ама на посебно масиче. Освен девојката од 17години. Внука ми е толкава и не можам да замислам да е седната со деца. Она може да ги игра, да, ама да седи таму како дете ноу, ноу. Ете ја вчера ни раскажуваше колку е заљубена, за дечкото... Јас ја планирам да ми помогне за декорациите, чување бебе и слични “возрасни работи”
Го прславивме првиот роденден.Кере беша пресреќна, а јас уште повеќе затоашто успеав замисленото за тема да го реализираме заедно со татко и
Ni se nablizuva prviot rodenden mnogu sme srekni, kako I sekoi roditeli. Spodelete iskustva okolu dekoracija so balonite I slatka masa od koi Ste zadovolni? Fala vi
Да се живи и здрави сите, ние не сме биле ни дома уште тогаш. Боже какви мади сте направиле јас демоде мама. Птекрасно..
@mariz само да ти кажам дека ти ја украдов идејата за тортата Бебето мое на 3.01 ќе прави 1 годинка . Закажавме во Канцона, а крштевка во Св. Јован ќе правиме. Слики ќе следат