Па бааги ми ја препорачаа, еве и ти викаш дека се добри, а и пристојна цена ни дадоа така што....се надевам ќе биде ок
Devojki vashe iskustva so kolores karpos, razmisluvame tamu da go slavime prviot rodenden na malata I bi imale okolu 50 luge I ni nidat palet so Ketering torta I pienje. Pa me I intetesira dali nekoj slavel tamu I kako Ste zadovolni dali hranata e dovolno?
Здраво ајде некој предлога за славење роденден на тинејџериве освен Дискотека ВУлкан оти вејке скоро сите децава таму слават па не било интересно едно те исто.
Ние сме задоволни од Канцона, храната убава, чисто, фино, келнерите се супер. Се што се договоривме така излезе. За цена ќе одиш таму и според број на луѓе ти кажуваат колку порции треба. Кај нас скратија многу и пак остана храна а гостите ни се баш јадачи и пијачи . Се на се задоволни сме, немав големи замерки освен што многу касно почнаа да ја сечат тортата, пола гости ми отидоа без торта
Zenski da ne znaete kade mozam da gi najdam ovie cucli- teglicki? I kako da napravam vakvi baloni? Ne mi se davaat golemi sumi za ukrasuvanje sama sakam,dajte pomognete mi
Цуцли има на Бит пазар карши полицијата, до Атлантик. Продавницата е за вештачко цвеќе и кутивчиња за свадби/ крштевки... Можеш да привериш и две продавници подолу од неа. За балоните, не верувам дека сама можеш да направиш ваква декорација, затоа што ти треба сталак. А инаку, во продавницата што ти ја спомнав погоре каде што има шишенца има и различни балони.
Од каде нарачувате букви од стиропор? И која цена се движат? Прочитав низ темава, ама не запаметив кој имаше пишано. Ако може да ми пратите линк или контакт. Само да не е од Али зашто нема да имам време. Еве ќе ја означам @mariz на нејзината слатка маса видов име од стиропор.
Исто и јас од таму нарачав. +100ден за сребрено или златно име се доплаќа и цената зависи и од висината, големината на буквите, печатно, ракописно исто има разлика во цена. Пиши ке ти кажат точна цена и колку плус треба за карго. Јас 140 платив за карго.
До скоро ми се вртеше фан страна на фб која изработува ќесички/кутии за слатки маси. Беа еднобојни, последно видов на нив пишуваше Среќна крштевка и некое име во розе боја. Ама објаснив... Сега кога ми треба не можам да ги најдам. Ми се врти дека беа по некоја цена од 40ден. Ама не сум сигурна. Ако некој ме разбра што зборувам нека ми пише. И уште ова од кај да нарачам колачиња? Кара кукис, Медена? Некоја друга?
За кутивчиња не знам, не знам за што збориш. Но за колачи морам да ти ја предложам : https://www.facebook.com/maryscookiesohrid/ Од Охрид е женава ама за колачи и нема рамна . За секоја прослава поготово за син ми , секогаш нарачувам од кај нејзе.
Е ја гледав и женава, ме потсети, може да се договорам со неа. Се надевам ќе стигнат до кај мене читави, на другиот крај на Мк.
Ги пакува мнг убаво нема шанси да се скршат.Пишува на пакетот дека е кршливо. Тие од карго читаат иако се мнг безобразни понекогаш. Какви сакаш такви ќе ти направи . Секогаш се воодушевувам за што и да направи. Уметност