Зошто мама пати од несоница, уште од сега почна да си игра навечер и да прави украси за роденден кој е за месец дена. Иако домче ќе го славиме, пак да си биде украсено. И од Али експрес нарачав некои работи уште пред 3 месеца, па се прават комбинации. Уште балони да земам. Торта се мислам дали да биде во форма на ракета, единица или кружна/коцкаста со апликации. Тема ни е вселена, ракети, ѕвездички, планети... Инспирација плафоњерче во детска што обожава да го гледа.
@BoaVista преубаво е! Среќен Роденден на бебка, цел живот среќен да е! Инаку ми излегоа на фб сликиве од слаткарницата
@BoaVista многу убаво. Нека му е среќен роденденот на Димитар. Јас да ви кажам уште немам тема смислено и тоа ме кочи да почнам од негде. Само се премислувам. Не сакам да има конкретна тема, т.е омилен лик бидејќи е уште мала и не знам што сака. Првично идејата ми беше да биде розово и со крунички, ама сега не ми се прави ќеф. Се мислам нешто со цветови да биде...појма немам. Дајте идеја.
Јас немав тема, баш од истава причина. Кај мене беше декорирано со снегулчиња, и тортата исто, ама дека ептен јануари, па зима, и единствено тоа ми одеше како за „без тема“. Циклама розево со посветло розево и бело беа балоните (цикламата доминираше), а слатката маса светло розева. Цветови ти се супер опција, нежно ќе изгледа За бои, можеш и праска боја, или шампањ
Јас веќе нарачувам од алиекспрес се со фламингоси и собирам идеи. Фламингоси и ананаси ќе ми биде темата.
Па нешто така да, само со поживи бои. Зелено и жолто да разбие. И ќе праам ражничи од овошје забодени во крошната од ананасот,во тој тврдиот дел.