Јас имам зимано од Анимација и декорација ММ, обичен балон нивни со хелиум 60д, прават и достава до кај сакаш.
Мајкици , дајте идеја за игротека со двор, н отворено да има реквизити. Читав наназад по темава ама изгледа некои игротеки се затворени веќе.
И јас тоа секоја година барам. Реквизити надвор освен Киндер парк и кафичот Дежа ву, нема никој. Како простор убав за седење за возрасни имаат Меџик хаус позади Макпетрол во Ново лисиче. Инаку работев едно време во фирма за балони, и многу зависи какви балони сакаш да надуваш, дали од латекс што се стандардна големина или од целофан. Тие од целофан исто така имаат различен волумен, па има балони кои да ги наполниш кошта 500 денари. Сум прашувала и по други фирми за балони и цените горе-долу се исти, и не е голема разликата во цена дали ќе имаш свој латекс балон или ќе купиш готов. Вака беа цените: -латекс без апликација, 60 ден да трае 24 часа, 80 да траат една недела. -латекс балон со апликација: 80ден да трае 24, 100ден да трае цела недела. Фолиите нема да ги коментирам, има разлика од квалитет до квалитет. Тие што ни ги шиткаат на плоштад и пред зоолошка коштаат 150 но траат 2-3 дена и веројатно се од кинеските, а тие што ќе ги купите 230 или повеќе од специјализирана продавница траат цел месец. Исто така мора да спомнам дека за секој пукнат балон додека се надувува исто така го плаќате хелиумот (со ваши балони), додека ако е од нивните балони и пукне тогаш е нивна загубата. Јас не би купувала латекс од алиекспрес
Ноќеска нарачв од алиекспрес а имам и огромни блони по метро високи и широки , тие гарант ќе коштаат 500 за да се напунат.
Evroset.Nema premnogu rekviziti ama I'ma dovolno.Nie preubavo pominavme decinjata SE kako vo posebno katce ama tuka odma do roditelite da gi gledaat.Imavme svedska masa,I Nasha slatka Masa.Nas Ni e vo juli pa Taman na povisoko e I svezicko ubavo bese.
Тенискиот клуб кај Александар Палас. Нема класична игротека ама има реквизити за играње. Форца исто има надвор реквизити за играње. Класична игротека со реквизити надвор не знам освен Киндер парк. Е сега со оглед што ти треба за прв роденден не ти ни треба игротека. На славениците секако ништо нема да им значи игротека. Секако некој од вас треба да ги занимава. Така што било која опција каде што дел од гостинчињата ќе имаат опција да се истрчаат ќе ти биде добра.
Да во склоп на тенискиот е организираат и родендени за поголеми дечиња да играат тенис.После Систина некои 300/400 м од десна страна има табла пишува Евросет
Среќни родендени на сите што славевте изминатиов период, да ви се здрави и живи малите!!! Сакам да прашам дали знаете колку пари коштаат украсувањата од Дине ( вака се запишани на ФБ пишува од Штип дека се) Сон се. Немам видено поубави роденденски декорации.
Како поточно се на фб да ги најдам? Дали некој нарачувал торта од Баш торта (Bash Torta) ? Преубави торти т.е декорации на торти имаат, оддамна не сум сретнала вакви. Да знам од прилика цени, дали се и на вкус убави како на изглед што се. Со време да разгледувам.
Мајки за крштевката од малава сакам тема пролет. Ако е некоја послободна да ми постира идеи за слатката маса,идеи за торта со буба бари или пеперуги. Ќе ви бидам благодарна
Пиши на Пинтерест Flower bday decoration куп идеи ќе добиеш. Еве нешто Спојлер: Идеи Цветовите од хартија сум правела за свадбата. Баш лесно се прават. Напиши на јутјуб flower paper craft. Има туториали. Ако треба помош тука сум.