Се наоѓа на ул. Орце Николов, одма спроти ДМ кафанчето. ДМ кафаната е, па на 50 метра е Романса, па на 50 метра е главниот салон на Вардар мебел. ДМ и Вардар мебел се од една страна , а Романса е спроти нив. До неа одма има Хедис маркет, нема шанси да ја утнеш. Најлесно, ако неможеш да се снајдеш и за овие места, тогаш од Центар за странски јазици само право терај во правец накај Центар.
Сакам да и го честитам првиот роденден на милата ќеркичка на AIT. Среќен роденден мило Сонце! Нека те прати само здравје и среќа во животот, да бидеш најголема гордост на мама и тато! Се надевам убаво си поминувате, па чекаме впечатоци од се!
Прво ви благодарам за честитките и ви посакувам многу здравје,љубов и среќа на вас и вашите најмили. После многу размислување за тоа дали кафана,игротека ,класично славење со канење ,се одлучивме да го направиме како ручек само со моите и неговите.Така се собравме 10тина луѓе,порачавме скара,направивме салати ,купивме торта ,украсивме по дома и супер си поминавме Малечката јуначки издржа еден час ,но потоа и дојде многу гужва па почна да се растревожува и да плаче,место да не ја држи,па по некој половина повторно се смири.По сево ова со мм заклучивме дека паметна ни беше одлуката ,се разбира познавајќи ја нашата малечка ,за тоа да не правиме голем роденден,затоа што вознемирувањето нејзино од поголеми гужви сигурно ќе беше многу поголемо.Здравје во пролет или лето ќе организираме некоја забава во двор ,во нејзина чест ,но тогаш ќе биде малку поголема и веројатно поиздржлива
Честитки од мене за роденденот АИТ, жива и здрава да е, голема да расне! И да ви кажам, најпаметно сте направиле... детето нема да го малтретирате, ниту вие се малтретирате. Па ќе има кога да слави родендени. Ние инаку првиот роденден го прославивме во кафана, со плачки наравно ама 50 души се најавија дека сакаат да дојдат, дома кај ќе ми ги собере и затоа кафаната падна како опција, бидејќи за игротека мал беше син ми. Ама ум, за второто дете не правам општонародни веселби
Среќен роденден и од мене AIT нека ве прати многу здравје,среќа и љубов. Ми се допадна идејата како интимно сте го прославиле првиот роденден,има време за игротеки кога ќе потпорасне
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН и од мене ! Нека и зиа и здрава и секогас весела И ние слаевевме дома интимно и преубаво си поминавме... Има време за игротеки
за десет дена ќерками ќе пуни 1 година не знаеме кај да го славиме јас не сакам дома имаме многу деца во семејството и кога ќе се состават сите не ќе можеме муабет да си направиме ние големите од нивната игра и бука не знам кај е нај добро има ли некој идеја за помали деца има и бебиња каде најдобро? па најдобро тортата да е со омилениот лик од цртан филм кој вашите деца највеќе го сакаат на пример ќерками го сака monkey see monkey doo ќе се обидеме да го најдеме мајмунчето ако нема ќе го нацртаме
Прв роденден? Ме интересираат ваши искуства за прослава на прв роденден. Дали сте го славеле или сте биле на прослава во кафана или во игротека? Предложете конктретни кафани, каде тоа изгледало убаво... Идеја за торта, организирање на музика и друга забава за гостите. Во колку часот обично се слави и дали вашите славеници ја издржале целата прослава или имавте маки?
Прв роденден? Првиот роденден на син ми го славевме дома. Истиот ден му правевме и крштевка. Освен кумата, на роденденот беа и старосватовите, моите, неговите и другар на маж ми. Игротеката ја препорачувам за оние коишто ќе имаат многу деца за роденденот. Инаку, не се исплати славење на роденден во игротека за 5-6 деца. Не сум била на роденден во игротека, ама ги препорачувам игротеките Тиквичка и Чекорчиња. Многу ги фалат. Во игротеките најчесто слават роденден попладне и роденденот трае 2 часа. Така ми имаат кажано. Тортата за роденденот на син ми ја нарачавме од слаткарница Кувертира. Тортата беше чоколадна и со апликација со Мики и Мини Маус. Многу беше вкусна.
Прв роденден? Ние првиот роденден на ќерка ми го славевме дома, немавме др гости освен моите родители и свекор ми и свекрва ми. И направив торта-воз , кифлички , месо на скара и тоа беше, баш убаво си поминавме. Јас мислам дека најубаво е детето кога ќе разбира,да се радува и кога ке има другарчиња (од градинка , училиште итн..) тогаш е убаво да се слави во игротека , ресторан.
Прв роденден? За роденденот на син ми, гостите ги послуживме со кифлички, сувомеснато, салати, кикирики, сокови и пиво.
Прв роденден? еве нас пополека ни се ближи роденденот.. планирам дома со најблиските да го чекаме(крштевка направивме на 2 месеци) сакам ручек посвечен да има и + сувомеснато. тортата ќе ја правиме јас свеки и мајками(здружени) купив мали играчина со winnie pu мислам дека ќе испадни добро. ќе бидат поканети мајками, сестрами кумовите деверот и домашните што сме (така и крштевката ја правевме) за облека го спремивме му купив кошулче и фармерчиња од зара. одвај чекам
Ние првиот роденден го правевме во една пицерија ама имавме мени и како во кафанче беше....имавме околу 60гости..тортата ни беше мики маус ама имав јас посебна маса направено со колачи во форма на мики маус, гумени бонбони, знаменца, капи, свирки се во форма на мики маус...имавме околу 10тина деца и сите се забавуваа...Убаво си поминавме!