Мене бр.1 ми се романса. Меѓутоа за роденденот на синко се на годишен одмор па изборот падна на Канела. Ти ги препорачувам,вкус одличен , тортата како што ја замислував
@Lejlaah ние стандард од Аромати, задоволна од изглед, вкус, цена. Сите торти ни беа со фигури, направени беа оригинално. Последниот роденден од Делициа, имајќи предвид дека синко сакаше слика/принт негова со дополнителни елементи, всушност, пресликана фотомонтажа. Солиден вкус и цена. П.С.Прелистај ја темава, повеќе пати е пишувано за торти.
Прашав и во друга тема, ама вие мајките сте ми најажурни Ми треба препорака од каде да нарачам похованици за роденден, од типот пилешки прсти, зденки, тиквички... Исто така сакам и тортиља ролс. ???
Ти ги препорачувам РЕНДЕ. најди ги на фб, се може да се договориш, е сеа за тортиља ролс, прашај, тоа не знам.
Сакаш да биде кетеринг или може од било кое место? Јас би ти го препорачала Soul Kitchen Bar, на кеј. Супер вкусни им се похованиците, само што најверојатно ќе треба сами да си ги земете.
Ја похованици сум во план од Чептер да нарачам,сум јадела топли даски топ им се,со тоа што ќе треба од таму да си ги земам спремни. Давајте предлог за балони од каде,не ми требаат со хелиум обични сакам.
Сестра ми ми кажа дека имало во ГТЦ видела,деновиве ќе праша за цени како се па ќе ми каже. Мене ме интересира мафини од каде да нарачам? Ми треба околу 10 мафини и 10 колачиња.
Путер колачиња ако сакаш,ја нарачував од Kara cookies,супер беа,а мафини пред три го зимав од канела,со фондан и торта состав,не класични мафини,исто супер беа.
Путер да,и класични мафини ќе поминам утре ќе прашам во близина мие. Тортата кумата ја нарачала од Зафир исто со фондан. Нема да имаме дечиња,затоа 10 тина колку за мерак доста се.
Го разгледав сега, кетерингот им е ептен бабски, крајно демоде. Али ако се вкусни у реду да си нарачаш за по дома и сама @Kitten да си декорираш. Ти требаат неколку вида на пластични чаши и салфети Мене ми е во глава за на малата роденденот здравје да се готви на лице место. Има еден млад дечко кукинг вит Бранко го имате на инста и на фб и на една маса со сите продукти на лице место кој што сака ќе добие. Да нема ни шведска маса ни бутур. Во позадина бенд со џез да си џуска и јас сама да си украсам.
Фала на предлозите, ќе прашам прво за цени пред да одлучам. Ми текна дека имам јадено вкусни поховани даски во ресторан Доместика и баш е евтинко. @FreeMind не планирам ништо јас да декорирам, ќе изнакупувам сѐ за ордевери и даски, крем салати, кифли, пити, и сето тоа ќе си нареди игротеката со нивен прибор. Искрено преморена сум за било што да правам сама, а и немам време, роденденот се паѓа во четврток. Бабите се нафаќаат да ги направат крем салатите зашто купечките се г'з! Сѐ останато ќе биде купено.
Zdravo majki Da ve prasam sto mislite dali doma ili nekade nadvor za prviot rodenden kaj mene e rano ama ete sakam da mi kazete vasi preporaki
Зависи од финансиите и од тоа колку луѓе мислиш да каниш. Некои прават во ресторант со слатка маса, музика и со јадење ( порции) некои во игротека - ако имаш повеќе деца за канење. Ако сте само најблиските можеш и дома.
Од овде порачував за baby shower party и е нешто најубаво што имам видено за декор: https://www.babybellyparty.ch/1.-geburtstag/ Имате и за родендени цели сетови ама најпрекрасни се. Дел од тоа како изгледаше кај мене: Спојлер
Доцна ми е за Али , а по маркети барав, ама немаше. Најдов во Џамбо нешто слично на тоа што барав. Фала .
Штета што не си порачала со време од Али. Тинекс гледав скоро имаше и во Веро исто, небитно, си нашла