Jas odma si zamisliv ringispil so konjcinja, si vikam toa e za zenski Ama moze da se iskombinira nesto, fala.
Дома ако е топло и има можност за надвор. Кафана ако нема мали дечиња. Игротека ако има повеќе дечиња.
И јас сега ќе го шарам со салветки, само да успијам бебе. Кога ќе биде готово нормално ќе се пофалам.
А што поклон им купувате за прв роденден? Кога бев мала имаше едно коњче кое се клатеше кој знае дали го има уште да се продава, дали е тоа за едногодишно или за постаро?
За коњ, не сум сигурна дали мислиме на ист модел, доле дрвено за да се ниша? Доколку има потпирач позади, да. Поголемите, без потпирач, се за поголеми дечиња. Regenbogenwippe, wobbelboard, Grimms Regenbogen би било мојот предлог.
Доле дрвено да без потпирач. Немаше порано некој избор ова беше доживљај Ќе ѕирнам фала ти. Едит: Види колку напред отишол светов на играчки. Никад не би помислила дека вакво нешто постои. Фала уште еднаш.
Јас имам едно малечко, дрвено, со потпирач и удобно седеше на година . Е ова другото што го имаме е дупло повисоко и без потпирач, обложено е со мек материјал, уво кога ќе притисне испушта звуци. Тоа некаде за од две години самостојно да си седне и нишка.
Во игротека, со круг блиски пријатели, со дечиња, торта во облик на даљинско, пици и класичен ордевер. Си беше дотерана, имавме и розев балон единица надуван и наместен кај тортата, се' помина во најдобар ред. Се пееше и играше, немаше плачки, најбитно
Мами на малиот му се ближи 1 роденден сакаме да правиме во некое кафанче па ве молам да ми дадете предлог за кафана во околината од Центар до Ѓорче, исто така ако може да споделите слики од вашите слатки маси и украсувањето или да предложите некој што ги изработува и како се движат цените? Фаала ви многу
Од каде порачувате фигури од стиропор и позадини? Има едни на ФБ букви и фигури од стиропор ама не ми враќаат на пораки. Има ли и некој други?