Ако не се лажам во Прилеп си. На вујко ми другар има фотокопир,но не сум сигурна дали прават букви Мене ми ги направија лани за од дете крштевката.Најубаво прашај, се најдува зад стара катна гаража до неа има едно мало кафанче. @orhideea
Познавам и јас од Прилеп еден човек, те. маж и жена се, букви прават и декорираат за родендени, крштевки, ама мислам не печатат позадини. Ако сакаш ќе ти дадам контакт.
На синко му се ближи роденденот (ноември) имате ли предлог за ресторан со посебен дел за деца нешто како игротека во Скопје. Ви благодарам
Сакав да порачам некои работи од Али експрес за роденденот на бебо, ама не можам да се снајдам. Не знам зошто не ми излегува тоа што го барам. Ако може да ми помогнете тие со искуство на Али(јас немам порачувано досега)? @emkaemka мислам порачува од таму? Темата ќе биде Сунѓерот Боб, пошто има една плишана играчка со него и од мал најмногу и се радува Како да најдам некои реквизити со Сунѓерот на Али?
Пиши SpongeBob paper и ќе ти даде тоа што бараш, е листај доста и чачкај за да најдеш најдобра понуда, попуст и бесплатен шипинг Едит: за балони место paper додади balloons и ќе ти даде балони.
Прво барав со коли на алиекспрес бидејќи многу ги сака превозниве средства, но немаше мн избор, па за мики маус имаше многу повеќе и така почнав др тема Годинава мама темава ја бора, од година ќе знае повеќе и сам ќе си бира теми.
Јас барам декорација на тема пилиќи,синко најмногу ги сака,на алиекспрес не најдов ништо,освен обични пиленца. Позадина да ми иштампаат каде може и ако знае некој да ми каже вака балоните како на сликава се прават на некаква шипка или на таквите траки од алиекспрес?