Биле гапева дали ја знаете.ако имате број од неа пиешете на фејзбук не пишува иначе прекрасни слики на фејзбук има од декорации
Морав да видам што толку прават за да нивните торти чинат по 15.000 денари. И да бидам искрена и јас да сум Моцарт би земала по толку. Класичен амерички стил на торти баш како што ми се допаѓа. Да можам и јас би нарачала од таму. Да ми даде контакт од некој што прави вкусни колачиња и има достава до Велес? На вакви колачиња мислам
Пред некој ден бевме на роденден, тортата од Моцарт. Да, на око убава, ама за јадење, заби да искршиш.Смрзната цела, камен. Така изгледа треба, за да држи фонданот, фигурите, не знам... Како и да е, малку се преценуваат. Мое мислење. Првите 3 род, торта нарачував од Аромати. Цена пристојна, изглед, подобра од оригиналот.
Јас се двоумам помеѓу Аромати и Делиција ама има време ќе размислам. Колачиња и бомбици сама ќе си правам,мафини ќе купам од Кам маркет а јас ќе си ги украсам сама. Балони исто така сама ќе надувам мислам пумпа ќе купам,бројка и букви со happy birthday ќе нарачам од Пики струмица. Скромно а мислам ќе биде најубаво за моето момче.
Не мора да нарачуваш, всушност, не знам која ти е замислата. Во Џамбо веќе извесен период имаш бројки, букви, разни фигури на балони од фолија, само дуваш. Е не летаат, стојат како хелиумските. И доста пристојни цени.
Не паметам, нормално, ама и роденден и крштевка ми славеле па препоставувам со ју песни, кифли, руска, колачи и многу алкохол. Торта веројатно -Васина.
Јас поубава торта нема пробано од Моцарт и вкусовите и декорациите според мене им се најдобри. Од другите слаткари ако е добра на вкус катастрофа им била декорацијата или добра на изглед лоша на вкус. Ова е мое искуство
Јас како врвна домаќинка се утепав за мислење за мафините и кога те прочитав дека готови ќе купиш се насмеав. Ела ми да те гушнам! И јас така ќе направам. Веројатно ни твоите не паметат како поминале на роденденот од многу ју и руска ( се зезам) Конзумеризмот си го прави своето. Од една страна секако ќе пораснат и ако и ставам кифли и руска на маса со Шабан Шаулич се тоа добро натопено. Али пак си велам тоа така за мој би си славела што знае мала кој е Шабан. Ниту балони ништо не ми треба само ракија и руска за најубав помин. Али веќе кога и славам неа додека ми дозволува јас да организирам ќе и славам како на кралица. Сепак она е моја кралица. А кога ќе разбира слободно што сака и како сака така ќе правам. Јас вака размислувам иако се слагам дека претеруваме и на бебе тоа не му е потребно али ете нешто во себе ми вели купи ги акрилните цилиндри од 250 евра еден да ја ставиш само тортата на нив за деко.
Вака нешто и јас имам замисла, поскромно, за цел роденден планирам 10000 порачав од Али балони со мики маус и кеси за пуканки, мафини ќе купам и со шлаг јас ќе ги направам дома, планирам и теглиња да правам со налепница Среќен роденден и внатре со бони топ и чоко стоби флипс, вакави имам направено за бебе од другарка, многу беа убави торта кај истата жена во моето градче Секој си знае колку си има во ќесето, јас неможам да си дозволам торта од 10000 кога плата ми е макс 14000, тоа не се дискутира нели? Секој сака најдобро и најубаво за чедото и кој како мисли нека си прави кој колку можи, битно со љубов е направено Ми стигнаа балоните мн се убави
Ние закажавме роденден за бебо во игротека со ресторан, еден објект е тоа, има простор за возрасните и игротеката е посебно со девојчиња кои ги занимаваат децата. Е сега, скапо ќе не фати ама имаме околу 60 возрасни и 20 дечиња. Другите игротеки се мали и нема да не соберат. Не сакав волку голем роденден, ама ајде, прв е и затоа така. Од догодина здравје ќе викаме само мајки со дечиња и баби/дедовци/тетка/вујко. Сега на списокот сме домашните мои и на мм, вујко ми со првите братучеди, тетка му на мм со братучетките негови, колешките и на двајцата од работа со децата, мои другарки и негови другари, кумови, старосвати и девер. Игротеката за 3 саати е 3000ден, плус храна и пиење за сите од ресторанот, тортата околу 3500ден за 80 парчиња. За украсување на детската маса ми побараа 3000ден, се мислам дали да прифатам или сама да спремам. Не знам дали ќе имам време да одам во игротеката и да местам/украсувам пред роденденот. Немам на кој друг да ја оставам таа обврска. А ќе сакам и јас да се спремам нормално. Отприлика ќе не фати околу 600еур како што сметавме грубо. И плус облеката за тројцата што ќе се подновиме. Според мене е многу ова, ама немаше како поинаку.
Ние уште незнаеме како ќе чекаме дали сите заедно или посебно со мали, а за сите в кафана повеќе ќе кошта сиг до 30000 ко ништо, дека прв, здравје до година само деца со мајки. 10000 само мајки и деца
Убаво ќе сматиш шлагот и ќе мешаш со бои по твоја желба. Бомбиците ќе ги правам оние како рафаело што само глазурата одозгора да видам како се прави. Колачињата ќе ги правам со калапче во вид на мече и ѕвезди исто како запчињата што ги правев. За тортата планирам до 3.000 кафана до 20.000 дрангулии до 2 000 плус облека за сите тројца ете ти се собирааат. Во помалите градови е поефтино кај нас му доаѓа како свадбено мени. Вукендот бевме во Св Николе во пуже и баш прашав за 20 души нема да фати повеќе од 15.000 и плус -15%на пијачките. А повкусна храна и похованици немам пробано,имаше еден куп крштевки и родендени.
Повеќе жени ми побараа толку пари за декорација на маса за 15-20 дечиња. Букви и бројки нема да има од нив, тие си ги нарачав кај братучед ми, бесплатно ќе ми ги направат. Значи жената само да стави налепници со среќен роденден на шишињата вода, тегличките со благи нешта (јас ќе ги наполнам тегличките), капи, мафините да ги намести, кутии за поклончиња да направи, позадина со балони да има. За Кавадарци зборувам, не сум од Скопје
12600 платив јас за торта на два спрата за 50 парчиња и плус една помала торта за 20 парчиња, и колачињата беа во таа цена, а што колку беше поединечно, не се сеќавам. Имаше некој колачиња по 180 денари парче, некој по 120 денари, оние како бисквити беа поефтини и одеа на кило. Мене и за декорација и за вкус ми се врв Моцарт. Посебно влашка торта. Никогаш не ми се случило да ми пратат замрзната торта, а сум нарачувала доста. За секој битен повод само од таму нарачувам, зашто знам дека нема утка. Последно нарачав од Зафир, старосватица бев, невестинската торта од таму беше па заради полесна достава во друг град нарачав и јас од таму, ама се разочарав, ни изглед ни вкус тортата не беше принесена до тортите на Моцарт.
Исто е и кај нас Мониче. Не се далеку со цените од Ск иако не те ограничуваат со мени. И нас роденденот не кошташе многу. Ама истеравме како сакаме. Јас реков прв роденден по наш терк. Од следните има избор да слави како сака. Ние немавме мени, храна одбравме ние, плус ако некој сакаше можеше уште нешто да нарача иако опфативме се од храна. Пак не кошташе по околу 14е од човек. Кога ја плативме крајната сума за околу 70 гости. Правете како сте замислиле и колку ви дозволува џебот. Кај нас игротеките се крш и немам никаква идеја за втор. Дома не доаѓа во превид. Немам место за толку гости иако ќе го намалиме бројот.
Мајки сакам да прашам дали ќе имате/имавте сликање со гостите и дали им се даваат слики после? И дали има некои интересни тие што се ставаат сликите во нив? (Да ме убиеш не ми текнува како се викаат). Не сакам класични оние на една страна слика од славеникот а од друга сите заедно сликани со гостите. Сакам само една да е, таа сите заедно што ќе сме сликани. На овие мислам.