Ова до сликањето за мој вкус е многу нападно и напорно ме потсетува на свадба каде мораш да се сликаш со парот. Не би ги малтретирала луѓето да се сликаат со бебето на сила. Пример јас не би сакала да се сликам со бебе на нечиј роденден и ти ме ставаш во фото бомбер и ме ставаш во клинч ситуација иако сме другарки да речеме. И згора на се да ми ја наплатиш фотографијата Јас би оставила на слободен избор ако некој сака бујрум ако изрази желба. Мое видување на нештата. Некој да даде идеја за поклончиња на гостите? Овие папир торти изгледаат слатко, веќе рековте дека децата ги сакаат. Нешто друго оргинално? @monik55 ти како ќе го решиш поклонот?
И јас размислувам исто како тебе. Ама обично овдека кај и да одиме на роденден така е и мм така сака. Барем нешто по негово да било.
Мене искрено папир тортите не ме бендисуваат некако ми се кич ама може ете само мене. Јас мислам колачиња со неговото име убаво спакувани или ако не ме мрзи може теглиња да направам па внатре бонбони да ставам.
Еве јас овие ги правев за другарка, ќе ги правам и за синко, папир торта несакам и јас можи потака за в градинка.
Јас имав путер колаче пред секој гост на чинивчето. Со тема од бдејот и име на славеникот. Никаде неможам да најдам слика да ти пратам. Зависи ти што имаш замислено, тоа ставај. Иначе и јас не би сликање со секој гост. Не е свадба. Кој се сликна на тортата , толку. Што фати друго фотографот, од бебе фотосесија и доволно. Давање слики не доаѓаше во предвид. Тоа и на свадби не го сакам.
Јас ова го сакам али некако ми е многу не-детски. Додуша само едно дете ќе има и се мислам дали да го нарачам и на детенцето да му направам едно детско поклонче https://de.aliexpress.com/item/32648919264.html?spm=a2g0o.cart.0.0.447f3c00c84B4h&mp=1
И ја се мислев за некои вакви кутивчиња, ама не најдов ништо што ми одговараше. Прави како мислиш, убави се, ви се поклопуваат со темата. Ако е само едно детенце, може за него нешто плус, да се радува.
Се е порачано за првиот роденден на синко,се надевам за 2 месеци ќе стигне Имам една дилема,синко е роден на 6 јануари, ем е посно,ем таков е денот за во домашна атмосфера штознам. Јас сум за да го прославиме роденденот на 7,а мм и останати ме убедуваат не требало да го поместувам првиот роденден,а зошто,немаат објаснување. Може и ќе се договориме некако со мм,ама баш ме интересира зошто не се менува! Бабини деветки се пак во прашање или нешто друго???? Како би постапиле вие?
На малата во петок и падна роденденот,пошто лично јас,моите,едната тетка,постиме во Петок,роденденот го славевме во саботата. Жално ми беше на толку храна дел од гостите да не пробаат ништо. Ако славевме во Петок ќе одев со посна храна.
Јас не сум верник така да јас би славела на 6ти. И тоа ударно со руска салата. Но исто така не гледам зошто не би поместила ако веруваш дека треба да постиш. На пример ако е работен ден исто така се поместува ако гостите ти се од друг град. Сигурно се бабини деветини. Кај малава петок се паѓа првиот така да од 16ч ќе биде забавата како афтер ворк коктел. А она втора дремка има од 17ч кој знае како се тоа ќе биде.
Правете како ви одговара. Ич не се оптеретувај со посно, мрсно, празник. Барем јас сум од тие. Ние не го правевме на денот, туку 2 дена унапред. Најблиските преку неделата некогаш не ми се тука , па нон сенс ми беше без нив да славам, за по секоја цена на денот да биде.
Јас не сум некој верник, уствари и не сум, ама па ги почитувам најголемите христијански празници. За тој ден ми важи паролата "каде и да си за Бадник дома да си! " Мрсен роденден на Бадник не би правела, просто шубе би ми било. Уствари јас ниту бдеј на Бадник не би правела, тој ден ми е ден за "моето семејство" јас, мм и бебе, па да кршиме лепче со париче и да вечераме. А ако на бебе му се паднало на Бадник да се раѓа, таман би направила една посна торта и би дувале свеќичка Не знам од кој крај си, но тука во Скопје или јас со тие што се дружам си седат дома за овој празник и си кршат лепче, вечераат, така да на многу би им кршела ден, а некои не би ни дошле.. Во пости е сосема друг муабет, тогаш би правела без ич да помислам. Исто како што би правела и во петок, само мајка би ја омрсила, она знае само посен грав да јаде у петок
И кај нас за Бадник се седи дома. И јас не сум некој верник,ама на најголем празник,посебно на Бадник,да лупнам мрсна трпеза,нема шанси. Ако славиме на 6ти,сигурно јадењето ќе е посно. Инаку, кога би се паѓал роденденот онака во пости и јас би си славела нормално. Ви благодарам за мислењата,ќе преговараме За доаѓање на гости на Бадник,знам дека би дошле,би ги викале истите кои беа лани кога се породив,а мм славешее на Бадник
Не ми текна одма дека на 6ти е Бадник, и кај нас е Кај и да си дома да си, јас исто како @emkaemka би те советувала, сами дома, 3цата едно свеќиче нека си дувни бебушко роденден на 7ми правете, не е ништо за 1 ден ако се закасни. Баш тежок пост е тој ден, не мрсно и јас не би дала на Бадник.
Ние го прославивме порано. Во ист ден правевме и крштевка, а роденденот исто и паѓа во посно. Тогаш ќе го прославиме пак најблиските дома во интимна атмосфера.
ми викаат точно на ден се славело роденден,пример ако сакам ден предтоа небило убаво,сварно ли ? мене ми е на 22ри декември роденден на беба и е на 23ти декември...22ри се паѓа недела и супер ќе беше да можеше тогаш а не понеделнички,ама дома ми викаат не е убаво пред... едвај чекам заедно да си славимееее
А прашај ги зошто не е убаво нема да знаат да ти кажат Иста ситуација,не се менувало,кога е роден тој ден требало да е роденден,ама на добар пат сум да го поместиме.Битно ми е со мм да се договорам,за останатите ич гајле не ми е,за мое дете како и кога сакам тогаш ќе славам.
Домашниве се нај крш со набивање чувство на вина, прв пат слушам за ова и убедена сум дека немаат одговор на она "зошто не е убаво" . Мајка ми е полна со идеи, ама ваква глупост уште не истресла Прави како си сакаш! Колку убаво, двете ќе си славите роденден Едит: сега ми текна, абе не сакаат поклон и тебе да ти купат, затоа не е убаво