AAA не! лани се спасија сите од поклон за мене,во болница се пораѓав на роденден,затоа сега ќе им наплатам хахаха
А ако се роди порано? Ќе рачунаме според датумот кога требало? според мене глупости живи.. Како ви одговара така, а за бадник и јас сум само за фамилијарно бидејќи ми е најубав празник... Мојата е на св. Никола ама работен ден е и опција е после работави тоа би значело 6саат а она од 6ипол почнува да кенка за спиење така што тоа не доаѓа во предвид.. Да си го малтретирам детето за да праам мои мераци или за да се сликаат сите со нејзе, не фала.. Ќе си го поместам за викенд, па здравје следните ќе ги правиме поинаку.. Секако ние ќе си го прославиме дома заедно
Не те разбрав баш,а може и ти мене не ме разбра,... се славело демек точно на денот кога е родена не наназад... Дека понеделник и се паѓа роденденот и тапа ден ми е понеделник за славје,сакав викендот предтоа да славиме,ама не смеело наназад
Според моите не смее ни нанапред,ни наназад само на денот,твоите се за нијанса подобри од моите . А свекрва ми е најсмешна,ептен голем " верник" е и кога ја прашувам зошто не се поместува ми вика : - Е па не се поместува,од кај да знам,така останало од Бога !!!!!
Им останало така од стари дека помен се дава наназад, па затоа. И мене тоа ми го кажаа. Како ти е најубаво тебе, така прави си.
Ние решивме дома да правиме само со најблиските, на денот, 10тина души и плус кумовите ама сумњам дека ќе дојдат пошо се од друг град. Нарачав нешто балони и колаж за сликичките шо ги сликаме секој месец, тема смислив уште да видам за торта. Дополнително не правам ништо.
На моиве деца еден роденден им немам славено точно на денот. И напред и назад сме славеле. Па ништо не фали, еве ги здеав, прави..
Свеќата стаса Јас очекувам да ставите по некоја слика од декорации, торти, како се тоа изгледаше, се она што мислите дека треба да го споделите, а јас со широко отворени очи ќе го разгледам
@Milaаа991 ова е во ресторанот кога одиш накај Пелистер? Сум спиела таму пред 6 години ме бедниса ептен сместување, храната и местото каде се наоѓа. Темата си ја погодила скроз. Ми личи на Јана полн погодок. Тортата со кристалниот шеќер убаво ти ја направиле. Многу ми е декоративен ама многу убаво изгледа со него. Цилиндрите не им ги зема да ми ги пратиш? Ги препекав! А за свеќата, се разбира дека имаме ист кога гњуриме во организција на роденден после 40 дена на бебето Јас уствари не знаев кој ден е али декорациите за роденден ми беа прегледани. Свеќава е од Али експрес малку накриво стои и онака распакувана стаса али ќе ја средам со нож, ќе ја израмнам. Остаток декорации веќе се стасани ова што ставам е смо нешто неодоливо слатко. Заглвив кај подароците за гостите уствари немам време да најдам нешто оргинално и се нервирам многу каснам за тој дел. Поканите веќе се на пат кон мене штом ќе стасаат ќе се испофалам оти се ептен хаце. И фустанот и го порачав се надевам до тогаш ќе и биде точен. Торта имам замислено овде немам најдено некој што може да ми ја направи па купив се што треба за мајка ми да се докаже на дело. Сепак заедно ќе слават со ќерка ми ќе има две торти и нејзината е смислена. Ах уште од сега ме лупа еуфорија како тоа се ќе изгледа. Организација на забава е единственото нешто што ме исполнува со години наназад. На ум сум и да се пробам со некој приватен бизнис кога ќе се вратам у риалити. Се изнапишав али тек сам почела!
Шумски фенери? Омилен ми е. Прекрасно е Мила. И јас дојдов да прашам за цилиндрите. Изнајмени ти се, и ако да од каде? Ми стигнаа пеперутките за на чаши денес, прекраснотии ми се. Брат ми ми се згази од смеење, будала сум била. Хау јес но.
@FreeMind @thinkerbell Ви благодарам од срце. Да во Шумски фенери славевме и мене ми е омилено место, таму ме запроси мм. Цилиндрите беа на таа што ми украсуваше. Се направи онака како што ми беше замислено. Dekoracija za SE е потпишана на фејсбук жената, ако некој е заинтересиран ќе му дадам контакт. Јас сум презадоволна.
Пеперугите ги гледав и јас за на чаша али после порачав маркери за стакло и ми се виде поинтересно ако ги потпишам чашите. После видов дека има и маркери за текстил и во еден момент ми прелетаа сите бодиња и блузи со натписи кои ги порачав досега. Па порачав и еден таков маркер да се најде А у меѓувреме ми стасаа и налепниците за флаши наместо етикетата на вината ќе стои персонална етикета од мене направена со датум со декорација со све и додека ти го пишувам ова ми светна дека уствари тоа може и да ми е поклон за гости флаша вино со налепницава и скроз украсено со панделки.
Секој ден ми прелетуваат идеи, маж ми вика дека сам си се гаѓал со свои куршуми (картицата негова лабаво е кај мене на акаунт ставена). Треба уште 5-6 работи да стигнат, сега си ставив друго во количка и чекам 11.11 да ги нарачам. Позадината сама ќе ја правам, планирам да купам жерсе и да направам од оние големине цветови од хамер, се надевам ќе имам време. На алиекспрес прилично скапи ми излегуваат.