И јас ја купив истата свеќа како не фрее во маркет случајно ја видов и ја зедов. Па ќе видиме дали ќе ја искористам. Кај што ја порачав тората ќе ми стават бројка 1 ама незнам како точно ќе биде па нека има резерва. И јас изнајмив цилиндри. @FreeMind морам да ти кажам дека за изнајмувањето за 3 цилиндри за славењето ми побараа 2.000 ден. Немаш некој да ти ги донесе?
Јас на мојата сум закачена и плус по продавници само декор дотурам и веќе газам на една црвена линија каде во секој момент очекувам да отвори “војна”. И синоќа само споменав дека алишта треба да разгледа со таа и таа боја, бидејќи нали јас веќе за мене си нарачав и добив еден таков поглед г6 и ја завршив темата. И сега се мислам дали јас да му нарачам па да му ги спакувам за Божиќ у поклон (и оп уштедувам уште некое евро на него). Многу ми е смешен секој ден од работа ми носи нешто минијатурно спакувано од сандаче доле и уште од врата вика кинезите ти стасале и денес Сакав и јас сама да правам али нема да имам време ги порачав сите тие висечки. За позадина имам од оние диско реси висечки и ќе играм со балони во разни бои и големини, а сите балони ќе тргаат од шампањ балон како меурчиња ( се надевам добро доловив). Од меурите ќе се пушташ снегулки надоле. Цел стан на таван ќе биде со светлечки ѕвезди и висечки снегулки, а од доле мали рефлектори ќе осветлуваат нагоре. Има и ротирачки снегулки со прожектор плус елката. На тв ќе пуштам паѓање на снег неколку часовно. Над шанкот каде ќе биде шведската маса ќе пуштам кугли висечки со свеќички да осветлуваат. Имам земено и диско ленти за осветлување по рабови тие ќе светат на сино и роза да ја доловат магијата. Вратата надворешна ќе ја украсам со панделка и ленти и пред врата ќе ставам и табла валкинг ин винтер вонедерланд и Дин Мартин може да се превртува у гроб )
Значи цркнав од радости готово. Вакво чувство не сум имала до сега ми иде на ајфелова кула да се качам и на микрофон да се дерам: Стасааа поканите и фустанот!!!!! Ова бебево тежок пофалигаз ме направи, тежок! Ама што да правам трпете
Фаците ни се паднати вклучувајќи и го Ози али она е хепи. Многу јако испадна и мене ми е најдраг тој дел првите две страни се за да бидеме фини и “нормални”
Има и големи еднобојни, имам начекувано во Веро и во Жито маркет, баш поголеми од стандардните и еднобојни. Исто и во некоја продавничка во Козле тетка моја видела убави големи, ке ја прашам баш во која.