Фала на сите @FreeMind ние правевме во истиот ресторан каде што правевме крштевка. Имаше мешана скара, салати, кикиритки и од дома носевме кифли, пициња...месени работи, мајка ми и свекрва ми месеа и фала на комплиментот @monik55 те чекаме тука со слики убаво да си помините
@happygir Среќни родендените, да се живи и здрави. Моник, Хепи и Лаки ми се генерација по трудноќа и еве и јас сама веќе на големо се спремам за првиот роденден. Ќе ставам слики.
Фала женски @FreeMind ние славевме во ресторан заедно со игротека. За возрасните имаше шопска и грчка салата, поховани даски, пици и пастрмајлии, и торта нормално Ништо не спремав дома, нели како најнедомaќинка јас
Многу убаво, нежно, интересно искочило, прозорчињата од зади се прав шмек на цел впечаток Најсреќен мал дечко со големо име
Многу убав син си имала @simona_baby што го криеше до сега? Кослето немој случајно да му го кратите ептен е сладок. Дома ти е ова украсено? Си земала и диско кугла баш убаво дошло. И јас како Емка прозорите назад ги забележав и навистина тоа е фино осмислено. Среќен нека му е на Војдан првиот роденден @monik55 ајде уште ти ја чекаме фризурата да ја ставиш
Оваа мајка само убави деца раѓа Ова не е дома него каде што славевме,така им се декорирани прозорците,ресторанчево е осмислено во стилот на зимска колиба и се се совпадна.Фала ти
И да ви кажам дека тука расчистив со Аромати,доста им беше.За вкус немам замерка,ама околу изгледот на тортата секогаш имаме некој проблем,мислиш барам некоја научна фантастика.Немале повеќе видови на снегулки само две,ајде ок.Боите не ги погодија.Капак на се пак замрзната торта Во сред декември.Испод 3000 ден не ми била торта.Од наредна година ќе нарачувам обична со сликичка. Го барав ова Со мали измени да се изостават снешкото децата горе..А го добив ова @elcezelce @duffi фала ви