Ауууу остај овие што не личат,оваа пак арна си е,да видиш ти за 2 риот роденден кога место папагал ни направија кокошка Тогаш чадев од нервоза па маж ми проба на шала да ја сврти работата.Бевме тазе преселени на село и ми вика еве на сите да им докажеме дека ни прија живот на село со коковчиња
@simona_baby не личат ама е убава тортава, се е супер вклопено Јас да ги пофалам Мариели кејкс од Битола како што му реков така ја направија. 2600 ден платив за тортава и плус имав 1 паста/ролат, двете ми беа за 60 парчиња.
@simona_baby Многу убаво а дечкото уште поубав. Мене ич не ми се допадна тортата како ми ја направија а може и моја вина што ја нарачав од Мон шери ама ете се во брзање. Барем на вкус беше многу убава. Едноставно но за нас убаво
Се договорите да бидат сите спратови исти или? Ако да, веднаш си требала да знаеш дека нема да личи на оригиналот, плус ти кажале и за снегулките, шанса нема да личи! Јас само замерка имам за боите, особено на третиот спрат, бивало да ја зашараат и да и стават шеќер да светка Дај ја кокошката да ја видиме
А јас си викам да не ја буцкам работава али живо ме интересира како личи кокошката. Симона пуцај слика!
@lackygirl твојата подобра е од оргиналот @simona_baby не е иста ама ми се свиѓа како што е ептен нежна.
Сум пишувала за Аромати ама дефинитивно "им се скарав" со тортата за smash cake. Тече фотосесија и на крај вадиме тортата, дете насмеано брца во тортата и почнува да плаче. Ние како интересно да му биде му брцаме прсти, раце внатре ама никако да се смири. На крај мм пробува да го насмее го крена и демек со нозе да ја смачка ама тортата не мрда а дете пишти. Погодувате нели, замрзната . За роденденот нарачав од Моцарт и бев задоволна. Од Делиција мм ми имаше порачано за мојот роденден. Сите освен јас ептен ја бендисаа на вкус . Од Мон Шери порачав за роденденот на мм. Никој не се нафаќаше да направи пошто беше за ден, два и ај си реков од таму. Се частевме во ресторан и срам ми беше да ја вадиме . Требаше силуети да бидат од нас. Беа, ама пресмешни, поутнати не можеле. Инаку преубаво украсено кај сите, браво. Нека им е среќен роденденот на сите мили дечиња
Абе Емке ај снегулките знаев ама па боите да не ги погодат..Кокошката ја барам со нови телефони сме ми ги нема сликите,ама до крај на денот ќе ја ставам @BabyT* @monik55 арно си е скромно ама за вас најубаво
После еден месец од роденденот,ова ни беше тортата: А ваква декорацијата: Ми фалеа повеќе балони и други ситни декорации,ама тоа е.За следниот ќе си знам.
Ништо не ти фали, бајка, многу убаво нежно Најсреќна нека е лепотицата @simona_baby чекам Сигурно ептен е убава кокошката штом ни на фб не ја најдов Ти мањачев и профил и ја нема и нема
Јас пак за сталаците. Од каде, колку? Или некој ти декорираше, па од таму? Прекрасно е, среќен роденден на Ана. И @happygirl, @lackygirl исто и кај вас е прекрасно (се заборавам да ви пишам). Одлично украсено, џабе се жалите дека немате време И @simona_baby многу е убаво и орогинално. Секогаш вила весница сум ја заобиколувала заради тие протоколи, ама изненадува колку е фино.
Благодарам Ми декорираше една девојка.Сите работи се од неа.Мислам дека од такви што декорираат можеш да си изнајмиш сталаци,ама не знам цена и дали ќе ти се исплати. Фала @emkaemka само убавини да ве следат.
@babydust среќен нека и е на Ана роденденот тортата ти е многу многу убава! Фино ти декорирале. Ах сталаците нема да ги преболам.
Доволно е се и балони и се др, прекрасно Јас искрено не сакам многу се наџиџано што се вели уште од попот шапката да фали