Ај кога ја почнав приказната со кокошката да ја довршам до крај. Јас секогаш им нарачувам торти што ни ја одбележале таа година,да објаснам.Син ми имаше папагал со кој што се обожаваа и цела година беа најдобри другари.Се бацуваа,заедно јадеа,на глава му стоеше,си играа и сл.Кога дојде време за роденден од прва знаевме што,папагал.Отидовме и рековме еве го на слика повелете.Рекоа не сме правеле до сега ама ќе се потрудиме.Ок.Стига тортата,мене кокошка ми се гледа.Маж вика не,супер е.Ја вадиме децава да дуваат свеќички и сите извикаа еј торта со кокошка(а нели децата се најискрени). Еве во прилог каков папагал имавме каков добивме.Можда и ја сум имала преголеми очекувања,ама кажи девојче ова неможам да го направам,тури си слика од папагалот.
Нема,нема,гледам и они не ја ставија кај нив на профил,дека многу е убава. @thinkerbell на многу им пречи тој протокол,сеуште така функционираат.Ама внатре и мене ми е преубаво и преубава атмосфера,има камин на средината,и права зимска идила.
Ме насмеа, малку положбава на папагалот е проблем, затоа личи на кокошка да бил вака прав како погоре на сликата ок ќе било.
Смеј се,смеј И јас сега се смеам,ама тогаш сакав да си поплачам. Сега кога ќе размислам подобро,со тие пари ќе му купев 3 папагали на детето
Стварно повеќе личи на кокошка А ако "мора" да е папагал, повеќе би рекла дека личи на какаду неголи на тигрица Волку утка со Аромати не сум имала. За 31виот роденден нарачав торта со кучињата, басети се нели, им пуштив и слики од нив, на Вибер се договаравме, во главите беа оригинал, дури и шарите им ги запазиле, плус женската ја направиле подебела каква што и е За нареден бдеј јас крај одлучив, од Канела ќе си порачам!
Јас морам да ги пофалам моцард. Значи тората беше поубава од тоа што ја замислив. Ептен ме погодија. Имавме и путер колачи и други колачиња на стапче. Се беше совршено. Ги препорачувам. А пак вкусот, мх мх....
Јас вчера ги гледав сликите од секој месец што сум сликала. До 6м топ, натаму како мрднала така е фаната колку да се обележе Е сега и најдов нова финта ја сликам со блиц и штом го виде се смее ама па тешко ја фаќам со отворени очи. И така си правам 5000 слики
Буквите топ.. Чекаме уште слики од целокупната декорација. И јас сум при крај со подготовките, утре е денот Д. Лелеее не мислев дека ќе се замарам толку со роденден на свое дете ам станав лигла... Се сама организирам, спремам изработувам.. А баш се чудев од каде имаат време мајки да се замараат со толку детали околу роденден... Е да ви кажам.. Најдов време и покрај тоа што последнава недела дете ми беше болно, тука влегува и китење на елка, роденден на маж, уради сам декорации и сл... И ете стигнав сѐ да средам. Среќни родендените на сите декемвриски дечиња. Киссес
Женски зошто не можам да прикачам ниту една слика.. Ми вика дека серверот не може да ги прифати, дека се многу големи.. Не ми е телефонот кој знае каков...
Среќен најсреќен на малата. Вчера цел ден те мислев да ти пишам и те изумив. Намали им резолуција ако не можеш на компјутер да ги префрлиш да пробаш, десен клик на сликата едит и лево горе имаш резолуција проценти намали ги на 50. Пробај види.
Среќен роденден на малата и на сите останати што славевте сега брзо родендени. Сите имавте совршени декорации. Многу ми се допаднаа сите слики.