1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Ајде мамички хелп,за месец дена славиме прв роденден.
    После толку бунтувања пред време им најавив на стариве дека ќе славиме во дворче а не во ресторан.
    Е сега според планов ќе се собереме околу 35-40 души со 10 деца од по 3 години.
    Кој има искуство со кетеринг нека пише,незнам дали сама да спрем, што да спремам, само ладни даски и салата или и скара.
    За кетеринг е полесно но незнам колку е доволно се некако малку ми се гледа а како што си знам јас ,а додуша и јадачи си имаме нема евтино да поминам,ама ако е некој задоволен нека даде предлог.
    И мислев да ставам швецка маса,само старите да бидат на посебна маса седнати.
    Дајте предлог што да се припреми ,како попрактично да биде ,и некоја анимација за децава да пишете.
     
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Морам да ти пишам препорака за кетеринг, за свадбата имав викнато кетеринг еден познат скопски, и можам да кажам само АЛАЛ ДА ИМ Е! Пред некој ден бев на роденден детски, и истите по моја препорака беа ангажирани, неможам да ти објаснам какви фигурички имаа, и што се не. Не се екстремно скапи, има и многу поскапи од нив. А за тоа што го добиваш, верувај дека се без пари. Јас си ангажирав и келнер преку нив, многу сум задоволна од професионалноста. Кој е заинтересиран можам преку ЛП да ви пишам за која фирма се работи. Утре ќе ви прикачам слика од мојата маса како беше поставена и декорирана, 70 души бевме кај мене, сите јадеа и пиеја и неможеа да дојадат. Само пиењето сами си го купивме, ефтино ви е тоа по дисконти. Ќе ви пишам ако сакате и други кетеринзи кои ги имам пробано, бидејки природата на мојата работа е таква, јадачка! :rofl:
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Мојата замисла е следнава.
    Роденденот ќе го прославиме во родниот град на сопругот.
    Тортата ќе биде со Hello Kitty или оваа на другата слика, сеуште не знам каде да ја порачам се мислам помеѓу Лапетит, Канела црвена, и романса. или пак Станислава.
    Фустанче бендисав едно од ЛокоКроко и деновиве ќе го купиме само да до разгледам , но најверојатно
    ќе биде тоа.
    Обувки сеуште не знам видов дека Ипанема имаат многу голем избор , ама ќе видиме за тоа кога ќе го купиме фустанчето.
    Еве слика од тортата и фустанчето.




    Оваа со Hello Kitty првата, многу ми е натрупана , не би додала ништо само би одземала неколку елементи.

    Би сакала да има и некој што ќе не слика , ја контактирав Ljubam доколку не е слободна , ќе разгледам други.
    Музиче ке има онака колку да има, да не биде тишина. Не планирам свадба да правам ќе ни свири еден штолски другар на сопругот комбинација со тие од свадбата. :)
     

    Прикачени фајлови:

  4. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Мамички советувајте каков вкус на торта да избереме за првиот роденден(чоколадна,егзотик...?) и од која слаткара сте задоволни.Јас би сакала торта слична на претходно постираните но на 1 кат па ако знаете и цени би било супер.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Јуник, мене првата без ништо да се одзема многу ми се допаѓа, шарена, интересна, со чудесии, мислам дека на малата ќе и привлече внимание и ќе се радува.

    За нашиот прв роденден сакав да биде на розово, шарено... Од играчки со кои си игра има две кукли мини маус и премногу ги сака , а и две розови кукли(они од Џамбо) една поголема ,една помала, ги гушка, не ги пушта.
    Знаев дека посилни ,повпечатливи бои би ја заеинтересирале, затоа такви и одбравме.
    Немаме посебен лик по кој се водиме, мислам дека е мала за тоа и не разбира , затоа гледав да е шарено...се ни е на розево, бело, циклама, љиљаково, зелено... искрено едвај чекам да го видам конечниот резултати, како ќе излезе се :)
     
  6. blagica9

    blagica9 Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ми треба торта без печење кажете некоја? Итноооо
     
  7. sonjicka86

    sonjicka86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Прв роденден на детето

    Мајки кажите кај да славам прв роденден на дете?
    Избрав да славам во ресторан затоа што немам нити едно мало дете што треба да дојде. Затоа фајте некоја идеја да не биде класика седење на маса со плескавица пред тебе него нешто по штосно
     
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Прв роденден на детето

    Па, тоа „нешто поштосно“ е тематска забава. Друго не ми текнува.
     
  9. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    мајки дај препорачајте некоја кафана за прв роденден,ама негде поефтинко,ние имаме накај 50 -60 гости најблиски,за дома ке треба 2 дена да славиме затоа вака подобро во кафана бар така мислам,ајде предложете нешто??
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Нас темата ќе ни биде smurff, веќе купивме чинии салфетки, фигури за торта, капи и свеќичка....за др.од типот балони последната недела ќе видам, а поканите сама ќе си ги средам исто како за крштевката.
    Инаку врти сучи 20 деца и 35 возрасни.
     
  11. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Јас се мислам за темата на роденденот. На синко омилен цртан му е Фиксики ( руски е ), и не можам да ви опишам како се смее кога ќе му ги пуштам. Од друга страна, ниедно дете нема да знае што се тие фигурички од декорацијата и тортата. Или да одам со нешто што сите го знаат, како Мики маус.
     
  12. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Направи го тоа на кое се радува детето. А фиксиси ги има на минимакс (на кабловската) така да ке ги знаат и другите деца, тоа ти гарантирам. :)
     
    На Mama25, joy1 и nene88 им се допаѓа ова.
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Темата за 1 роденден- мини и мики
    2- сунѓерот боб
    3- карс
    4 здравје спсјдермен.

    За ќерка ми оти нема многу да разбира на првиот ќе смислам нешто- фрозен може да биде. Се разбира и фустанчето ќе биде прилагодено на темата.
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    @nene88 и ние ги знаеме Фиксики (умните)...на Minimax ги гледаме
     
  15. ssiillaa

    ssiillaa Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    дали некоја од вас може да ми каже колкави се парчињата од тортите?дали се задоволителни..или скрос танки?..јас порачав за 30 парчиња..ама не знам дали ќе стигни..да не се сосема танки?..
     
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Тоа зависи колкави ќе ги сечете...Од торта предвидена за 30 парчиња можат да излезат и повеќе ако се ептен тенко сечени, а и помалце ако дебели ги сечете. Тоа исто зависи и од обликот на тортата.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Закажавме во игротеката Робин Худ,,,некој со искуство?
     
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Ако ти ги сечеш како по дома кога сечеме, научени нормално да изгледаат макс.25 ќе извадиш. Ако ти сечат во игротека и 40 ќе извадат:)
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    од тие 40, 10 за нив :lol:
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Ve molam predlozi za torta od kade da naracam . Se mislam megu Perfeto, Kuvertira, Romansa imam probano od site.
    Izvinete lat. od mob. pisuvam